Автошколи

Член од
11 мај 2015
Мислења
17
Поени од реакции
2
Ја отварам темава со цел да споделите некои случки при возење со автошколата и инструкторот и која автошкола е најдобра по вас? Другарка сака и она да полага али поради некои причини не сакам да и ја препорачам автошколата кај што јас учев да возам па ако знаете вие да и препорачате некоја. Вие кога полагавте кај бевте и како беже секојдневното возење со инструкторите? :)
 
Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
АМСМ или пак сега по ново Мобилити. Јас бев кај инструкторот Vlado Petrushev.
Програмата, возилата и инструкторите им се ВРВ. Јас иако полагав во Центар возев низ цело Скопје.

Првиот ден кога искочив во град, инструкторот ме возеше на таков пат така што не правев никакви вртења само право цепав цело време и пак искочив од каде што почнав, колку да ми помине стравот.
После тоа останатите часови возев во строг центар во најголемите гужви.
Исто така возев и на Водно на места каде што мора да се застане и да се тргне со рачна кочница, угорници.
Па возев и на автопат малце за научам 4та и 5та брзина.
Исто така ми кажуваше многу финтици за престојување, како да се се процени кога жолто ќе се отвори, при нагло кочење како возилото да не се стресува (ситуацијата внатре во возилото ја прави по контролирана и удобно), што пазат комисијата и многу останати ствари.
И на крај ја вежбав рутата која требаше да ја полагам. Иако не ја возев таа рута коа полагав, бидејќи тргнав од полигон.

На крај кога ѓи завршив сите 36 часа бев спремен бидејќи возев секаде на секаков пат и на секакви ситуации и на ист ден положив полигон и градска од прва, возев скоро 50 минути на полагањето Полигон - Автокоманда - Центар - Карпош - Золошка - Дебар Мало - Назад на Золошка. За 3 месеци земав возачка.

До сега сите што полагале во АМСМ се скроз задоволни, и сите положиле од прва и денеска немаат никакви проблеми со возење. А исто така знам луге кои полагале во обични автошколи. Повеќето од тие автошколи вртат само кругови со 20km/h низ аеродром и јане сандаски каде што е премногу лесно и на крај сите паѓаат барем по 4-5 пати.

Јас би ти препорачал да си уплатиш во АМСМ, малце е поскапо но се исплати премногу.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
И јас се сложувам со @DonaldTrumpUSA, АМСМ се дефинитивно најдобри (инструктори и коли).
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 2663.jpg . Picture 2662.jpg . Picture 2664.jpg
D..treba li so zborovi da prodolzam
so ova cudo se vrsi obuka za visoki kategorii
a jas so B kategorija sum vozel i podolga prikolka od ovaa.
Ej..Evropo daleku si ti od Nas...mariovo ni e poblizu.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
До сега сите што полагале во АМСМ се скроз задоволни, и сите положиле од прва и денеска немаат никакви проблеми со возење. А исто така знам луге кои полагале во обични автошколи. Повеќето од тие автошколи вртат само кругови со 20km/h низ аеродром и јане сандаски каде што е премногу лесно и на крај сите паѓаат барем по 4-5 пати.

Јас би ти препорачал да си уплатиш во АМСМ, малце е поскапо но се исплати премногу.
Не би рекол баш дека е така, в ред може твоето искуство е такво.
АМСМ има супер инструктори, стварно ок се, доброто е едино што даваат на 6 рати да се плаќа а иначе дека заради тоа што кандидатот е од кај нив положува од прва тоа не е така од едноставна причина што АМСМ автошколата и инспитниот центар се две различни работи.
Јас сега во август ќе полагам трет пат градска (во погорната тема имам објаснето зашто е тоа така) иако тествои и полигон од прва си ги положив. Познавам уште 3 души што идевме на теоретска и они полагаат по повеќе пати.
Комисијата е катастрофа невидена, поголеми гнаси и арогантни створења неам видено.
Јас би ви препорачал друга автошкола, или посебен сам инструктор ем повеќе ќе се заложи за вас ем нема гајле и да им мрчи на комисијата пошо не е вработен во амсм а и поефтино е така.
Затоа дечки АМСМ, мој совет - не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom