Авторски права?

Член од
24 август 2011
Мислења
65
Поени од реакции
23
Ме интересира колку си ги вреднувате авторските права?

А да, и колку плативте за вашето фотографско образование и каде го здобивте?

Благодарам на одговорите.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
616
Поени од реакции
766
Гледам дека некои ставаат watermark, но ми делува грозно на сликата...најдобар начин да се заштитиш, е да ставаш тагови, во самиот exif, тоа го има во лајтрум....така секогаш ќе се знае од кој е.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
616
Поени од реакции
766
Моја слика употребена за статија, без да ме прашаат...инаку немам против доколку под сликата стои линкот од кај е земена...така и треба, но да се копира без извор, не е убаво :)

Дали наоѓате ваши “позајмени слики“, без да бидете прашани? По некоја логика, штом ставиш нешто на нет, тоа е јавно и секој може да го копира, но културно е со линк до авторот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Моја слика употребена за статија, без да ме прашаат...инаку немам против доколку под сликата стои линкот од кај е земена...така и треба, но да се копира без извор, не е убаво :)

Дали наоѓате ваши “позајмени слики“, без да бидете прашани? По некоја логика, штом ставиш нешто на нет, тоа е јавно и секој може да го копира, но културно е со линк до авторот.
Имам јас цел фолдер користени мои фотки, спуштав ко ќе видов или ако некој ќе ми пратеше линк, од кавер фотки до постери, плакати, вести, каталози а една дури и во Јапонија ја користеа од една нивна музичка група.
Има закон за авторски права, се крши навелико, и мене не ми пречи да користат мои фотки ако стои мое име таму, али не се притресвам веќе многу
 
Член од
11 август 2014
Мислења
38
Поени од реакции
6
Да претпоставиме дека сме многу креативни и ни доѓа некоја “страшна инспирација” за некоја реклама за некоја компанија Пр. Компанијата се вика “ПРИМЕР” и ние ја креираме таа наша идеја , креираме некој рекламен материјал нешто како постер но не е објавен никаков конкурс за тоа дека таа компанија бара постер .И им го праќаме постерот во која се содржи името на таа компанија и едноставно ако им се допаде дали можат да го искоритат постерот (без да добиеме некоја награда) бидејќи немаме © copyright на постерот

, а ако ставиме © copyright дали може компанијата да не тужи бидејќи на постерот се наоѓа нивното име,лого и.т.н.
 

Attachments

Член од
22 јули 2014
Мислења
616
Поени од реакции
766
Ако на Лет3 некој му е позајмил фотка да ја стави на албум и да печали пари со таа цел, значи сите правила се рушат....Имам видено неколку сајтови по нет со мои фотки ама секаде стои изворот, што значи дека тоа не е кршење на права....
Одредени блогови и страни кои се многу популарни ставаат вотермарк или копирајт знак на сликите кои ги постираат....ама кога ставиш вотермарк делува грозно сликата, може е најдобро да биде што помал и ставен во агол....Кога се конкурира со некоја предлог идеја за дизајн на постер или реклама, би требало да стои поголем копирајт, зошто сепак е вложено труд и не треба да биде злоупотребен....обично големите компании ангажираат веќе докажани фотографи или графички дизајнери каде нема место за грешки...Ако е експериментално е друго....тука е веќе етика во прашање, а секоја голема компанија мора да ја има....
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
87
Постојано ми земаат слики и си ги објавуваат по портали, мада најчесто откако ќе им пишам додаваат извор и за мене е ок тоа. Имаше една случка со МИА, им пратив порака на фб дали може да ја користам сликата од содржината (моја слика) ми одговорија: „Може ама задолжително да напишете од каде е превземена“. :D
 
На врв Bottom