Авторски права за музика на свадба?

W

Werther

Гостин
Јебига, за мене се тапа доста ,,метал,, бендови кои ги сака нашиот народ. Ако им се убави нека ги слушаат.
Јас сакам музика да ме релаксира, а не да ме наведува на длабоки мисли ;)
Па да де Пуме затоа реков јас субјективно е,ти според мене патиш од лош вкус,но џабе ќе се расправаме.
Така ли е Пуме или не?

:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јебига, за мене се тапа доста ,,метал,, бендови кои ги сака нашиот народ. Ако им се убави нека ги слушаат.
Јас сакам музика да ме релаксира, а не да ме наведува на длабоки мисли ;)
Loreena Mckennit онак Пумице ;)

de gustibus not disputandum
--- надополнето: 14 декември 2012 во 18:46 ---
Look see.

Па да де Пуме затоа реков јас субјективно е,ти според мене патиш од лош вкус,но џабе ќе се расправаме.
Така ли е Пуме или не?

:)
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
44
Поени од реакции
5
Morav da pisam na temava!
Mnogu raboti se mesaat,a ne se znaat!
Glavniot problem e nastanat,pred nekoja godina,od zdruzenija na hoteli i na televizii,na koi ne im se dava ni denar za nikakva obvrska!
Zakonot bese da plakaat hotelite i televiziite kako kraen korisnik,koj zarabotuva od muzikata!
Znaci na svadbite plakaa hotelite,zatoa sto tie go imaat najgolemiot kar!
Pametnite hotelieri izvrsija pritisok vrz vladini institucii,da go izbegnat Zamp,i mu go natovarija na narodot,da si go plaka nivniot dolg!
Sega si ja plaka organizatorot na svadbata!
Istoto sega go pravat i televiziite,za da go izbegnat Zamp,sirat trista nevistini,spekulacii! Verojatno za da ne se ljutat Televiziite sega. Ke ni go nacukaat vo tv pretplata so uste nekoe poskapuvanje,za radio difuzija!
Ravenkata e ednostavna,gazdite na televiziite,i na hoteli,veke se setaat,i so sopstveni avioni,zatoa sto izbegnuvaat so godini sekakvi davacki,a za razlika od niv nabrojte mi kolku ima bogati peaci i avtori koi egzistiraat samo od muzika?
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
http://www.vecer.mk/?ItemID=3ED63E8876045A4587FAAE68822BBD3C

Министерството за култура ја заврши најавената анализа на работата на ММИ (Македонска музичка индустрија). Според ММИ семкарници, свадби, џамии и таксисти сите требаше да плаќаат надомест за слушање музика онолку колку што самите од ММИ определиле дека треба да се плати. Анализата покажа низа неправилности во намерите и работата на ММИ, а министерката Елизабета Канческа - Милевска најави и промени во Законот за авторски права

Министерството за култура целосно го респектира законското право авторите и изведувачите и носителите на правата да остваруваат свои приходи. Но, исто така го уважува и фактот дека ако корисниците на нивните услуги не се согласуваат со начинот на наплата, условите за наплата и тарифникот, тогаш членовите на ММИ ги немаат исполнето основните предуслови за остварување на нивната дејност и права. Затоа, цени дека и донесувањето на тарифата треба да биде од заемен интерес на носителите на правата, корисниците и пошироката општествената заедница". Ова стои во заклучокот на Министерството за култура на РМ, коешто изврши увид во актите на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи ММИ" - Скопје, по бројните поплаки од граѓаните и фирмите кои сметаат дека со тарифникот што тие го одредија дирекно се удира по џебот на сите.
Според сегашниот правилник и тарифник, цркви, семкарници, ресторани, фонтани, зоолошки, скијачки центри, автобуси, фризерници..., сите на ММИ би требало да и плаќаат од 30 до 100 евра месечно. Ќе се наплаќа и музика на телефонски услуги, концерти на плејбек и манифестации, како и музиката на фонтаната Воин на коњ.

Министерството не се сложува со висината на тарифата утврдена од ММИ, наплатата за користењето на општите добра (фонтани, плоштади и слично) како и со класификацијата на просторот за кој тие сакаат да соберат арач.
Од Министерството велат дека за нив како надлежен орган за авторското право и сродните права, е неприфатлива висината на надоместоците утврдени со актуелната тарифа на организацијата ММИ, а како причина се наведуваат општите економски состојби во државата и лимитираниот опсег на примена на тарифата само на домашните носители на правата.
"Во тарифата, особено во деловите каде што како основ за утврдување на паушалниот износ за наплата е земена квадратурата на просторот, препорачуваме просторот во рамките на една група да се класифицира во повеќе подгрупи. Со ваквата градација на големината на просторот ќе се води сметка и за социјалната положба на корисниците", препорачуваат од Министерството.
Исто така, се поставува и прашањето од неопходноста од наплата на надоместок, доколку се работи за ствари кои според законската регулатива се во општа употреба.

"Сакаме да ја информираме јавноста дека тарифата согласно законот, се применува интервентно и одложено, само во случај кога не се склучени договори меѓу ММИ и корисниците, па во таа насока Министерството за култура апелира до организацијата ММИ и до корисниците да преговараат, односно договорно да ги регулираат меѓусебните права и обврски", заклучуваат од Министерството.
Оттаму исто така информираат дека Министерството започна со постапка за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во насока на подобрување и допрецизирање на постојните законски решенија за колективно управување со авторското право и сродните права.
Интегрално соопштение од Министерството за култура:Согласно законските надлежности од овластени лица на Министерството за култура извршен е непосреден увид во општите акти на ММИ.
Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи "ММИ" Скопје, (во натамошниот текст: ММИ) работи согласно Законот за здруженија и фондации ("Службен весник на РМ" бр. 52/10) и согласно Законот за авторското право и сродните права ("Службен весник на РМ" бр.115/2010 и 51/2011) (во натамошниот текст: ЗАПСП) во рамките на Дозволата за колективно управување, издадена со Решение бр. 54 5231/2 од 10.5. 2012 г., на заменик- министерот за култура, објавено на 16.5.2012 г. во "Службен весник на Република Македонија" бр. 60/12.
Согласно Дозволата за колективно управување Организацијата "ММИ" управува со следните права:
- Право на единствен надоместок на произведувачите на фонограми и уметници музички изведувачи од јавно соопштување (јавно пренесување, радиодифузно емитување, радиодифузно реемитување и кабелско реемитување) фонограми со изведби издадени за комерцијална цел (член 131 точка 6 од Законот за авторското право и сродните права);
- Право на надоместок на уметниците музички изведувачи од радиодифузно емитување и од друго јавно соопштување (јавно пренесување, радиодифузно реемитување и кабелско реемитување) на своите изведби, што сами по себе се радиодифузни или се направени од снимка (член 131 точка 5 од Законот за авторското право и сродните права);
- Право на надоместок на уметниците музички изведувачи од изнајмување фонограми и видеограми (член 131 точка 4 од Законот за авторското право и сродните права).
Според Актот за основање бр. 02/1 од 21.3.2012 г., основачи на Организацијата "ММИ" се 29 членови.
Според Регистарот на членови на ММИ од редот на произведувачите на фонограми бр.10/1 од 21.3.2012 и бр. 10/2 од 21.3.2012, Организацијата "ММИ" има 24 членови.
Согласно Регистарот на членови од редот на уметниците музички изведувачи, бр. 11/1 од 21.3.2012 и бр. 11/2 од 21.3.2012, Организацијата "ММИ" има 76 членови.

II
Министерството за култура изврши увид во актите на ММИ и тоа:
- Статутот бр. 03/1 од 21.3.2012 г.,
- Правилникот за надоместоци за користење на фонограми и изведби ("Службен весник на РМ" бр. 1 42/2012),
- Правилникот за распределба на надоместоци ("Службен весник на РМ" бр.142/2012), и
-Тарифата за фонограми и изведби ("Службен весник на РМ" бр.142/2012) на Организацијата ММИ.

1. Во однос на Статутот на Организацијата ММИ, Министерството за култура на Организацијата ММИ" и препорачува:
- Во Статутот на Организацијата "ММИ", соодветно да се вгради членот 144 став 3 од ЗАПСП, односно таксативно да се разграничат случаите кога Организацијата "ММИ" за покривање на трошоците за работа на Организацијата може да користи средства до 20 % од прибраните надоместоци, од случаите за кои ММИ за покривање на трошоците за работа на Организацијата може да користи средства во износ не повеќе од 30 %. Имено, во Статутот на Организацијата ММИ, не е направено вакво разграничување што ја доведува во прашање законитоста на идната распределба на средствата.
- Статутот на Организацијата "ММИ" не содржи прецизни одредби во однос на надлежноста на Собранието на ММИ за донесувањето на општите акти на ММИ, а особено во однос на донесувањето на Тарифата за фонограми и изведби и оттука се препорачува во делот на Статутот каде се регулира надлежноста на Собранието на ММИ, таксативно да наведат општите акти кои ги донесува Собранието на ММИ.
Како последица на недефинирање на надлежноста на Собранието на ММИ во Статутот, за донесување на општите акти, во преамбулата на Правилникот за распределба на надоместоци ("Службен весник на РМ" бр.142/2012) и Правилникот за надоместоци за користење на фонограми и изведби ("Службен весник на РМ" бр.142/2012) погрешно се цитирани членовите од Статутот на Организацијата ММИ, како основа за донесување на актите (а законските одредби како основ за донесување на истите, не се воопшто наведени), а во Тарифата за фонограми и изведби ("Службен весник на РМ" бр.142/2012) не е содржан ниту правниот основ за донесување на истата, ниту надлежниот орган кој ја донел.
Во членот 20 став 2 од Статутот на ММИ, дадена е можност Собранието на ММИ да одлучува доколку на седницата присуствуваат најмалку три члена од редот на произведувачите на фонограми и три члена од редот на музичките уметници изведувачи, што не е во прилог на транспарентното работење на Организацијата. Оттука, се препорачува одредбите на членот 20 да се подобрат со цел да се овозможи поголем број на членови на Собранието да учествуваат во донесувањето на одлуките. Истото се однесува и на членот 26 од Статутот, каде е предвидено дека Управниот одбор може да одлучува со четири члена.

2. Во однос на Правилникот за распределба на надоместоци, Министерството за култура на Организацијата ММИ" и препорачува:
Во Правилникот за распределба на надоместоци во согласност со Римската конвенција, со оглед на тоа што во дадениот момент Организацијата ММИ" нема основ да собира средства за странските носители на права, се до создавањето на правни услови со склучување на билатерални договори со соодветни странски здруженија или врз основ на фактички реципроцитет, се препорачува ова право одложно да се применува.
Истата препорака се однесува и на правото на надоместок на произведувачите на фонограми и музичките изведувачи од умножување на фонограм за приватно користење, за кое ММИ нема добиено дозвола од Министерството за култура.

3. Во однос на Тарифата за фонограми и изведби, Министерството за култура ја известува јавноста за следново:
- Тарифата за фонограми и изведби ("Службен весник на РМ" бр.142/2012), е донесена во постапката пропишана со ЗАПСП (побарано мислење од корисниците, односно соодветните здруженија на корисници, односно нивните комори, вкупно до 26, објавен е и јавен повик на 18.7.2012 во весникот "Дневник" и на веб локацијата на ММИ (www.mmi.mk). каде корисниците на овој вид сродни права биле повикани да дадат свое мислење).

Мислења со забелешки по Тарифата во законски утврдениот рок од 30 дена доставиле само 12 корисници.
Надлежната комисија за посредување во авторското право и сродните права, на Барање на ММИ бр. 72-02 од 07.9.2012 година, во законски утврдениот рок и согласно своите законски надлежности има дадено стручно мислење во однос на мислењата и забелешките на корисниците по Тарифата.

З а к л у ч о к
Министерството за култура целосно го респектира законското право носителите на правата од користењето на својот труд и сопственост да остваруваат свои приходи, но исто така го уважува и фактот дека поддршката на корисниците, е основен предуслов за остварување на нивната дејност и права, заради што цени дека и донесувањето на Тарифата треба да биде од заемен интерес на носителите на правата, корисниците и пошироката општествената заедница.
Оттука, за Министерството за култура, како надлежен орган за авторското право и сродните права, неприфатлива е висината на надоместоците утврдени со актуелната Тарифа на Организацијата на ММИ, имајќи ги предвид општите економски состојби во државата и лимитираниот опсег на примена на Тарифата само на домашните носители на правата.
Во Тарифата, особено во деловите каде што како основ за утврдување на паушалниот износ за наплата е земена квадратурата на просторот, препорачуваме просторот во рамките на една група да се класифицира во повеќе подгрупи. Со ваквата градација на големината на просторот ќе се води сметка, и за социјалната положба на корисниците. Во однос на надоместокот во Тарифниот број 29 се поставува прашањето од неопходноста од наплата на надоместок, со оглед на тоа што се работи за ствари кои според законската регулатива се ствари во општа употреба.
Сакаме да ја информираме јавноста дека Тарифата согласно Законот, се применува интервентно и одложено, само во случај кога не се склучени Договори меѓу ММИ и корисниците, па во таа насока Министерството за култура апелира до Организацијата ММИ и до корисниците да преговараат односно, договорно да ги регулираат меѓусебните права и обврски.
Министерството за култура ја информира јавноста дека започна со постапка за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во насока на подобрување и допрецизирање на постојните законски решенија за колективно управување со авторското право и сродните права.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Кратко и јасно.
Немаме држава т.е. имаме арамиска држава.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
http://www.mkd.mk/89086/zabava/moratorium-za-emituvanje-na-domasna-muzika/

Сител, Канал 5 и Алсат прогласија мораториум за емитување на домашна музика!
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 18:49 ---
еве еден предлог ... секој автор јавно да објави колку треба да му се плати ако јавно се пушти негова музика ... ако е скапо не го пуштам, а ако вреди ќе го пуштам ... а не вака ...
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
http://www.mkd.mk/89086/zabava/moratorium-za-emituvanje-na-domasna-muzika/

Сител, Канал 5 и Алсат прогласија мораториум за емитување на домашна музика!
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 18:49 ---
еве еден предлог ... секој автор јавно да објави колку треба да му се плати ако јавно се пушти негова музика ... ако е скапо не го пуштам, а ако вреди ќе го пуштам ... а не вака ...
Така и треба, одлично. Прееска наслушнав за ова ама не до крај.
На крај краева не биле сите овци во државава.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Morav da pisam na temava!
Mnogu raboti se mesaat,a ne se znaat!
Glavniot problem e nastanat,pred nekoja godina,od zdruzenija na hoteli i na televizii,na koi ne im se dava ni denar za nikakva obvrska!
Zakonot bese da plakaat hotelite i televiziite kako kraen korisnik,koj zarabotuva od muzikata!
Znaci na svadbite plakaa hotelite,zatoa sto tie go imaat najgolemiot kar!
Pametnite hotelieri izvrsija pritisok vrz vladini institucii,da go izbegnat Zamp,i mu go natovarija na narodot,da si go plaka nivniot dolg!
Sega si ja plaka organizatorot na svadbata!
Istoto sega go pravat i televiziite,za da go izbegnat Zamp,sirat trista nevistini,spekulacii! Verojatno za da ne se ljutat Televiziite sega. Ke ni go nacukaat vo tv pretplata so uste nekoe poskapuvanje,za radio difuzija!
Ravenkata e ednostavna,gazdite na televiziite,i na hoteli,veke se setaat,i so sopstveni avioni,zatoa sto izbegnuvaat so godini sekakvi davacki,a za razlika od niv nabrojte mi kolku ima bogati peaci i avtori koi egzistiraat samo od muzika?
А зошто баш ММИ е должен да го наплаќа то? Зошто парите не би оделе директно кај авторите? И како е основано да ММИ управува и наплаќа емитување на изведби од странски автори?
И како тоа е дозволео ова да пројде?

Како фонограм издаден за комерцијална цел се смета фонограм ставен на располагање на јавноста.
Добро зошто никој не се буни за ова?
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 21:39 ---
За фонограм, согласно Законот за авторското право
и сродните права (во понатамошниот текст: ЗАПСП) и
овој Правилник, се смета снимка на звуци од изведба,
или други звуци или звучни појави, освен на снимка
вградена во аудиовизуелно дело.
Тарифен број 34
Ако со посебен договор не е поинаку утврдено за
користење на фонограми преку ринг тонови месечниот
надоместок изнесува 4% од приходот оставарен од тие
услуги према бројот на корисници, но не помалку од
минималниот апсолутен износ кој изнесува 20 бода.

Aј некој ова нека го објасни....
 
F

FARANG

Гостин
Авторски права треба да плаќаат ЈАВНИТЕ гласила кој прават пари од музиката. Кафичи во кој се слуша радио нема што да плаќаат оти станицата платитла тоа. Ако се пушта музика од ЦД нема што да се наплаќа оти платено е при купивањето да ЦД-то. Најголема глупост е наплата на свадба. Бев еден од ретките што купува оригинал дискови за да ја подржам мак музикчката сцена ама не повеќе. Нека се замислат добро и авторите и изведувачите оти вака само прават револт кон нас обичните слушатели.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Авторски права треба да плаќаат ЈАВНИТЕ гласила кој прават пари од музиката. Кафичи во кој се слуша радио нема што да плаќаат оти станицата платитла тоа. Ако се пушта музика од ЦД нема што да се наплаќа оти платено е при купивањето да ЦД-то. Најголема глупост е наплата на свадба. Бев еден од ретките што купува оригинал дискови за да ја подржам мак музикчката сцена ама не повеќе. Нека се замислат добро и авторите и изведувачите оти вака само прават револт кон нас обичните слушатели.
Што се подразбира под ринг тонови? Кој прави пари од ринг тонови?
 
F

FARANG

Гостин
Што се подразбира под ринг тонови? Кој прави пари од ринг тонови?
Тој дел треба да се регулира како што се купува песна на нет. Ако си го купиш ринг тонот/песната тогаш треба авторот да заработи. Веб страната што е овластена и ти го продава тој тон треба да го исплати авторот. Ако сам си купил ЦД и си ја симнал песната како ринг тон тогаш нема што да плаќаш си платил за ЦДто.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Тој дел треба да се регулира како што се купува песна на нет. Ако си го купиш ринг тонот/песната тогаш треба авторот да заработи. Веб страната што е овластена и ти го продава тој тон треба да го исплати авторот. Ако сам си купил ЦД и си ја симнал песната како ринг тон тогаш нема што да плаќаш си платил за ЦДто.
Али тоа е сосем друг аспект. Тарифникот зборува за користење и изведба на песните, не за начинот на кој се аквизираат.
 
F

FARANG

Гостин
Али тоа е сосем друг аспект. Тарифникот зборува за користење и изведба на песните, не за начинот на кој се аквизираат.
Искрајно мислам дека тарифникот треба у г* да си начукаат. 2 мил народ сме, сеуште глава од српска, па и бугарска музика неможеме да кренеме. Додај на тоа и странска и за ова домашното да пркне потребна ти е секоја можна опција да биде слушано. Вака само ги налутија радијата, станците па и нас луѓето. Некој да ми дојде и да ми наплаќа за на свадба или веселба па незнам никад повеќе МКД музика не би слушал
 

Kajgana Shop

На врв Bottom