Автокамп "АС"

Член од
22 јули 2009
Мислења
107
Поени од реакции
32
Ве молам, доколку некој има слики од Автокампот АС нека постира на форумов. Во овој камп го поминав детството. Фамилијарно идевме уште од мојата прва година. Но веќе 15 години немам отидено таму, а постојано идам во Охрид, но никогаш не ме однесол патот натака, па би сакал да видам некоја понова слика од тоа место.
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Пред 2 години бев во еуротелот па решив да наминам да видам каков е...се разочарав, толку.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Леле стварно за никаде е:nesvest:
Скоро секое лето одев на кампување во АС и никогаш не било толку запустено како што е на сликиве :nesum:Иначе најдобро место за одмор според мене:toe:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Одев АС само да се фрлам во длабокото од тоа бетонскиот "мост"
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Леле носталгија ме фака кога го гледам местово. Секоја година со моите сме оделе, тука научив да пливам, го пребродив стравот и почнав да скокам главечка од мостот, се запознав со не знам колку деца и тоа малечка бев, тука се лулав и на мојата омилена лулашка по мин 3-4 саата дневно итн...Уф бе оти е вака запустено, порано се секавам колку народ имаше беше најполната плажа на охридско, а сега... :( Не сум била едно 10 год тука, ама мора да отидам барем на еден ден...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Во АС бев ова лето на одмор. Стварно е запустено местото со оглед на тоа дека секоја година одам тој дел (најчесто Езерски Лозја). Ама мора да кажам дека тој одмор од годинава ќе биде незаборавен, дефинитивно најдобар досега.
Ама општо кампот е многу запустен. Многу кампови се извадени, тие што стојат се испокршени, ресторанот не работи, продавничето едвај има производи во него.
Еден од најубавите кампови во Македонија, треба да инвестира некој во него, да го среди малку и ќе биде фантазија тоа таму, нешто како што беше пред едно 6-7 години. Тогаш работеше и ресторантот, трафиката, тоа за скара што е, продавницата вриеше од произвиоди, едноставно се беше на највисоко ниво:):toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom