Автобуска несреќа во Бугарија

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Се е ова резултат на балканскиот ултрамега мачо комплекс. “Остај ме, можам” муабет. Не бе батка, не можеш, и не смееш! Неможе и несмее управителот да пројде со некоја смешна прекршочна реда ради. Фала му на бога што немаме национален авиопревозник менаџиран од наши кадри.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
45мкд била нафта на турска граница... ама тубата не би требало до парното да ја става никако...
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Последна инфорамција - Загинатите са главно албанци. Туристи вр'шташти се от Истанбул. Собственици на автобусната фирма са граждани на Македонија от албански произход.
Коментарот ти е сосема непотребен. Тоа нема да ја намали болката ниту големината на оваа несреќа.
Граѓани на Македонија биле, без разлика на етничка припадност или религија.
Судејќи според презимињата кои ги објави Алсат сигурно имало и многу Македонци Муслимани.
А имало и дечиња...
Бог да ги прости...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
После трите големи трагедии последниве неколку години (Дурмо Турс, Тетовска Болница и Беса Транс) одма се јавува некој како ти, кој веројатно со најдобра намера сака да смири ситуација ама напротив прави уште поголема беља со тоа што несвесно ги заштитува вистинските кривци случајот се заташкува бидејќи нели, не треба да се делиме по национална основа.

Кога ДУИ, како владетел на Република Македонија, назначува свои членови симпатезери, јебига кои се албанци на клучни позиции во Минстерство за Здравство, Транспорт, Општина итн кои апсолутно немаат никакво образование ниту разбирање за задачите што треба да ги извршуваат и кога се случува трагедија која во најголем број случаеви можела да биде избегната - а неее, сега да не ги обвинуваме албанците, не се тие криви.

Не дека македонците не се корумпирани, ама силувањето на државниот апарат кој ДУИ го практикува е буквално научна фантастика. Намерно и за инат се ставаат кадри од планини кои претходно живееле на бачила да им бидат надредени на вистински работници само за да покажат кој е кој во оваа држава.

И после, во период од 3 години, имаш 3 големи несреќи во два различни сектори, кои на локално и државно ниво ги раководат кадри од ДУИ...

Ама не можеме да ги обвиниме албанците од ДУИ...
Во право си, ама скроз погрешно си ми го сфатил мислењето. Не би сакал да дискутирам околу овој синдром, ама ќе пробам со одбрани зборови да доловам на што алудирав со моето мислење. За жал имаме луѓе - нелуѓе кај нас (од сите националности), кои после ваква трагедија прво прашуваат “А наши биле или ш..“, или изјавуваат “Абе батали тоа, Ш биле“, еве и тука по форуми можеш да прочиташ ретардирани ставови од типот “Ако 50 луѓе помалце, нека се намалуваат само“ итн итн итн. Сакав само да доловам дека мајчини солзи подеднакво болат за изгубено дете и дека болката не знае за националност и вера. Ова го пишав пред да видам список, не ме интересираше националноста на починатите, ниту сакам некого да го интересира. А за тоа што си пишал, се сложувам во потполност, мислам дека го сфати тоа од делот “не се случило досега“ на крајот на мојата објава, за жал и ова ќе се заборави после некоја недела, одговорност нема никаква да има, кучињата лаат караванот си врви, до некоја нова трагедија. Доаѓаат избори, едните гласачи ќе заборават на трагедијата и ќе простат заташкување и несносување одговорност од ничива страна, другите ќе собираат политички поени од трагедијата, фамилиите во црнило ќе се вечно, жртвите никој нема да ги врати, жал ми е што вака пишувам, искрено од срце посакувам да грешам.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.520
Еве го местото каде што се случи несреќата:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Компанијава Беса, имала 4 кривични пријави за непочитување на ковид-протоколите во 2021. Делата се третирале за кривични затоа што во екот на пандемијата се барало строго почитување на протоколите против Ковид-19, но во автобусите секогаш била затекнувана прекубројност на патници над она што било дозволено, односно пропишано во моментот.

Во време на мерки на пандемија, во автобус имаш 50 и кусур патници, дистанца и сл, непознат поим.

Тоа се тие двојни стандарди. Доколку компанијата имала 4 кривични пријави, како било дозволено да продолжи да превезува патници. Зошто на излез од државава не се контролира колку патници имаш во автобусот. Дали се запазуваат мерките за заштита?
Се додека не се почитуваат правилата од страна на сите, се дотогаш ќе ни горат живи луѓе и по болници, и по автобуси и ќе гледаме вакви трагедии.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Дали некој има вперено прст и кон повеќето шофери на автобуси? Лично кога и да возам по автопат, наидувам на автобус што се движи околу 120kmh, иако е означено дека не смее да се вози повеќе од 80/100.

Од друга страна, кога купуваме гуми, посебно зимските се означени дека не смее да се пречекори препишаната брзина (пример за мојата автомобилска зимска гума пишува до 130кмх дека е безбедно да се вози). Дали воопшто го почитуваат препишаниот притисок на гумите? Возење со понизок притисок е еднакво на играње руски рулет.

Токму поради овие причини избегнувам јавен превоз. Да не навлегувам и во сомнителните технички прегледи.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.660
После трите големи трагедии последниве неколку години (Дурмо Турс, Тетовска Болница и Беса Транс) одма се јавува некој како ти, кој веројатно со најдобра намера сака да смири ситуација ама напротив прави уште поголема беља со тоа што несвесно ги заштитува вистинските кривци случајот се заташкува бидејќи нели, не треба да се делиме по национална основа.

Кога ДУИ, како владетел на Република Македонија, назначува свои членови симпатезери, јебига кои се албанци на клучни позиции во Минстерство за Здравство, Транспорт, Општина итн кои апсолутно немаат никакво образование ниту разбирање за задачите што треба да ги извршуваат и кога се случува трагедија која во најголем број случаеви можела да биде избегната - а неее, сега да не ги обвинуваме албанците, не се тие криви.

Не дека македонците не се корумпирани, ама силувањето на државниот апарат кој ДУИ го практикува е буквално научна фантастика. Намерно и за инат се ставаат кадри од планини кои претходно живееле на бачила да им бидат надредени на вистински работници само за да покажат кој е кој во оваа држава.

И после, во период од 3 години, имаш 3 големи несреќи во два различни сектори, кои на локално и државно ниво ги раководат кадри од ДУИ...

Ама не можеме да ги обвиниме албанците од ДУИ...
Постов што го напиша треба сите Албанци од Македонија да го отпечатат и да си го чуваат по куќите како Мезуза.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.520
Дали некој има вперено прст и кон повеќето шофери на автобуси? Лично кога и да возам по автопат, наидувам на автобус што се движи околу 120kmh, иако е означено дека не смее да се вози повеќе од 80/100.

Од друга страна, кога купуваме гуми, посебно зимските се означени дека не смее да се пречекори препишаната брзина (пример за мојата автомобилска зимска гума пишува до 130кмх дека е безбедно да се вози). Дали воопшто го почитуваат препишаниот притисок на гумите? Возење со понизок притисок е еднакво на играње руски рулет.

Токму поради овие причини избегнувам јавен превоз.
14 години патувам во Словенија претежно со Руле турс и неколку пати со ДРД Домжале и брзината им е електронски ограничена на 99км на час што значи дека над 100 до кај 105 измерено на Garmin може да достигне само пред Белград кога почнуваат удолниците но тоа е поради природното забрзување но никогаш не возеле побрзо.Башка до Љубљана постојано се двајца возачи кои по 2 пати се менуваат во текот на цела релација.Прашање е дали шоферов што загинал бил единствениот што возел бидејки не спомнаа дека има и друг шофер на толкава релација што е меѓународно противзаконски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom