Автобуска несреќа во Бугарија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.057
Поени од реакции
26.500
Алфа сеа слушав, упорно спомнуваат 46 жртви...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.820
Поени од реакции
4.930
Не треси зелени автобусите не се произведени во Тетово па од удар во ограда да се запалат така. Па молотов коктел да фрлиш во него нема да изгори така брзо. Него најлесно е ајде човечка грешка и чао. Никој неможе да ме убеди дека при удар во ограда може како бомба да рокне цел автобус за 1 мин. Сум видел неколку пожари на возила по автопат дури еднаш комбе се запали со патници и никому ништо, си излегоа патниците тоа гореше 30 мин додека дојде пожарната и пак не изгоре како автобусов.
Се и сешто можело да има во багажот од алкохол,петарди кои би овозможиле за 2 минути да стопи цел автобус..........можеби ова по истрагата ќе остане како теорија,али главна сомнеж е дека нешто запаливо ја предизвикало катастрофата, ако се знае дека нафтата не е ниту бензин ниту автоплин за ова да се случи
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.191
Поени од реакции
3.431
само затоа што на газдите им е поефтино да плаќаат пензиониран шофер наместо да пријавуваат во редовен работен однос возач.
Да не е затоа што нема доволно шофери у државата и ради одредени глупави правила и прописи кои што истата држава ги има воспоставено?

Сите се гласни против газдите, ама отворете фирма и издржете 1 година па ќе збориме. За вадење на лиценци се бараат вработени шофери во редовен работен однос и пензионирани шофери се пуштаат на кратки релации (возење фабрика или погон).

Истата држава за која што збориш дека као им попушта на газдите внесува одредени правила кои се косат со логиката и те обрзуваат на дупли трошоци на уште непочнато вршење на превоз. Пример за лиценца да извадиш потребни ти се мин 2 автобуси со 2 шофери у редовен работен однос тоа значи мин 60 000-80 000 месечно на плати и придонеси (сите забораваат дека фирмата ти плаќа данок и здравство у државава). А ти пример имаш работа само за 1 автобус кој ти носи 150 000 месечно. Што значи дека треба да плаќаш дупло придонеси + оддржување на возило кое што ќе лежи у гаража а работиш по смешни цени со кои што едвај си овозможуваш минимална заработка со 1 автобус.

Да не зборам што плаќаш огромни давачки при регистрација, пример дупла патарина (ја плаќаш еднаш кога регистрираш возило и плаќаш втор пат кога се движиш по автопат зашто ги посејаа на 20 км).

Не може така еднодимензионално да ги гледате работите, зашто дури ти како работник имаш задача да завршиш одредено нешто за 8 саати и си бегаш дома, некој мора да пази и внимава на секој детал 7 дена у неделата. Зашто еве сеа една беља газдата го бркаат сите, иако може да немал појма дали шоферите пренасаат нафта, петарди, вода, кокаин, хероин или слично. Затоа што многу пати шоферите на своја рака си зимаат пакети на пријатели да пренесат за некој познаник у странство.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.949
Поени од реакции
12.027
Отфрлена е верзијата дека се превезувало гориво.

Најверојатна е верзијата дека е човечка грешка, удар во банкината која го пробила резервоарот за гориво и од триењето на металот се има запалено горивото.
а за коj к*р носеле ПРАЗНИ ТУБИ ???
Кому ќе продаваат магла дека од нафтата од резервоарот ќе се случи експлозија ????
Гледав јас филм за тоа, како снимале во холивуд филмови, со пиштол пука во автомобил (со бензин во резервоарот) и тој веднаш експлодира и пламнува, АМА не е така, му ставаат и пиротехника..
Туку во Овој северџанско-блгарски ХАОС НЕ се ЗНАЕ НИТУ БРОЈНО СТАЊЕ на лицу Места,
сега го Бараат 8-иот преживеан Патник
https://mk.wikipedia.org/wiki/Осмиот_патник
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.488
Поени од реакции
19.961
Еве шо вика бугарскиот обвинител:

Реконструкцијата на настанот која ја направи бугарскиот обвинител Борислав Сарафов покажува дека автобусот од, досега неутврдени причини, свртел кон десно и удрил директно во банкината. Се претпоставува дека лошата сигнализација на патот можеби го довела во заблуда возачот на автобусот. По ударот, од десната страна на автобусот останала заглавена банкината. Самото влечење на металната ограда под автобусот предизвикала големи искри кои предизвикале палење на нафтата и маслото во автобусот. Резервоарот за гориво на возилото се наоѓал токму од десната страна која директно удрила во заштитната ограда.

Огнот кој избувнал во предниот дел од автобусот не им дал шанса на патниците да побараат излез од предната врата, па сите поитале кон задната. Но таа била заглавена од оградата на патот.
Делот со излетувањето и лошата проценка вчера го коментираше еден бугарски возач на youtube и изгледа многу веројатна опција, но, огромно но, ете и нека е возачка грешка настаната поради лошо проектиран приклучок, нејасна патна сигнализација и тешки услови на видливост, сепак, повеќе од јасно е дека во регулативата на јавниот транспорт владее хаос и калакурница. Денеска читам дека долгокосиот министер за надворешни работи на учк инсистира на податокот дека не се пренесувало ништо запаливо, ниту пиротехника, ниту нафта, што е и повеќе од симптоматично и индикативно. Со оглед на тоа што се упајташени политички со властите во Софија, а и таму владее корупција по сите нивоа, не е за изненадување целосната одговорност да се натопори на кутриот возач, кој и да е чоекот.....и после 3-4 месеци пак да тажиме по некои нови 15-30, зошто не и повеќе загинати, излетани во некоја провалија.
Веќе со децении, транспортерите се во некој одвратен спрег со бандите што се самонарекуваат политички партии и им користат за "бесплатно" развозување овци по митинзи, протести и партиски собири, а наспроти тоа им е даден card blanche за дивеење во сообраќај, проаѓање технички преглед на слепо и којзнае какво прикажување промет, затајување данок и сл.
Очекувано е секој настан да добие политичка димензија и да им се изнакењаме на жртвите, за што ми е жал, ама штета е што се канализира во омраза на национална база, наспроти јасно мафијашки систем воспоставен од криминалци на кои и тоа им е идејата, да си вадиме очи, а они да си ја продолжат песната.
Сакав да пишам дека од несреќата во Ласкарци ништо не научивме, ама ете во постот погоре на @Рудници и глеам дека многу повеќе "лекции" сме си ги промашиле....и од оваа нема памет да ни дојде.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
145
Поени од реакции
137
(сите забораваат дека фирмата ти плаќа данок и здравство у државава)
Malce offtopic ama mora:

Ne ti plakja firmata zdravstveno i danok, sami si plakjame avtomatski od bruto platata.

I za seto toa plakjanje, ne dobivame dobri uslugi.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.191
Поени од реакции
3.431
а за коj к*р носеле ПРАЗНИ ТУБИ ???
Кому ќе продаваат магла дека од нафтата од резервоарот ќе се случи експлозија ????
Гледав јас филм за тоа, како снимале во холивуд филмови, со пиштол пука во автомобил (со бензин во резервоарот) и тој веднаш експлодира и пламнува, АМА не е така, му ставаат и пиротехника..
Туку во Овој северџанско-блгарски ХАОС НЕ се ЗНАЕ НИТУ БРОЈНО СТАЊЕ на лицу Места,
сега го Бараат 8-иот преживеан Патник
https://mk.wikipedia.org/wiki/Осмиот_патник
Туби можеш да носиш полни со вода, за у случај нешто да се деси да можеш да досипеш вода, или празна туба увек имај у возило, посебно тешкаш за ако нешто притреба да можеш да се снајдеш да ти донесат нафта да доточиш у резервоар. Има многу Х сценарија у кои празна туба и те како врши работа, посебно кај тешкаши.
Автоматски споено мислење:

Malce offtopic ama mora:

Ne ti plakja firmata zdravstveno i danok, sami si plakjame avtomatski od bruto platata.

I za seto toa plakjanje, ne dobivame dobri uslugi.
Сигурен ли си? Ти не добиваш бруто плата па да ти повлече државата колку треба, ти ја добиваш нето платата која тебе ти е исплатена, останатото фирмата го плаќа на државата по основ придонеси за вработени и тоа е неопходно за да се води еден како вработен.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.112
Поени од реакции
5.858
Браво за Бугарија што брзо реагираат и го решаваат случајот забрзано за разлика од некој несреќни случаеви кој се во Македонија случени се влечкаат случаевите и со години.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.949
Поени од реакции
12.027
Туби можеш да носиш полни со вода, за у случај нешто да се деси да можеш да досипеш вода, или празна туба увек имај у возило, посебно тешкаш за ако нешто притреба да можеш да се снајдеш да ти донесат нафта да доточиш у резервоар. Има многу Х сценарија у кои празна туба и те како врши работа, посебно кај тешкаши.
Автоматски споено мислење:


Сигурен ли си? Ти не добиваш бруто плата па да ти повлече државата колку треба, ти ја добиваш нето платата која тебе ти е исплатена, останатото фирмата го плаќа на државата по основ придонеси за вработени и тоа е неопходно за да се води еден како вработен.
да, верувам, посебно планински вукојебини како Блгарија... на времето во 80/90-тите комшијата носеше на југо 2 резервни гуми, така барале блгарите..
Како и да е не ми е јасно зошто оделе преку Блгарија, ако не било сврзано со некој ШВЕРЦ, мислам дека ист е К19 протокол и за Блгарија и за Грција ???
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
42
Поени од реакции
35
Туби можеш да носиш полни со вода, за у случај нешто да се деси да можеш да досипеш вода, или празна туба увек имај у возило, посебно тешкаш за ако нешто притреба да можеш да се снајдеш да ти донесат нафта да доточиш у резервоар. Има многу Х сценарија у кои празна туба и те како врши работа, посебно кај тешкаши.
Автоматски споено мислење:


Сигурен ли си? Ти не добиваш бруто плата па да ти повлече државата колку треба, ти ја добиваш нето платата која тебе ти е исплатена, останатото фирмата го плаќа на државата по основ придонеси за вработени и тоа е неопходно за да се води еден како вработен.

Не добиваш туку заработуваш и си ги сработуваш тие пари како вработен, никој а поготово "Вие газдите" не ги давате на никого така на лепе очи.( Бруто плата е цената на трудот што ја плаќа работодавецот за извршена работа) Ако ти е тешко во тој бизнис продај автобусите и земи сади пиперки или земјоделие па види што е тешко на пример никој не те тера тој бизнис да го работиш па уште строги биле прописите па што имал газдата да одговара. Па баш од вакви муабети се дешаваат глупости и возниот парк на државава е катастрофа.
 

SkimSkam

Орце Сељак
Член од
26 август 2021
Мислења
1.008
Поени од реакции
2.788
Чекај бе сеа искочи дека имало 8ми путник (која коинциденција) и тоа арап некој кој никој не знае кај е? Ова срање неможеш да го измислиш.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.932
Поени од реакции
7.331
Дали мистериозниот патник е извесен Шаип Науф ал Салах, 36-годишен Арап, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, бугарската обвинителка Сијка Милева на денешната прес конференција не можеше да одговори. Неговото име го виделе роднините на преживеаните на листа која ја добиле во болницата во Софија. Тоа го тврди и синот на вториот возач на автобусот кој загина во пожарот на возилото. На официјалната листа на преживеани која ја објави македонското МНР стојат имињата на седум лица, и меѓу нив не е арапскиот државјанин.

Бугарските истражители дополнително ќе истражат кој е овој човек и каде се наоѓа сега. Дали тој се спасил од запалениот автобус и потоа мистериозно исчезнал во ноќта.

Ако се собере вкупниот број на жртви – 44 и бројот на преживеани 7, тоа се вкупно 51 лице, за разлика од регистрираните 52 на граничниот премин Капитан Андреево, посочи бугарската обвинителка Сијка Милева. Недостасува еден патник, а тоа се поклопува и со изјавата на еден од преживеаните сведоци, кој тврдел дека 8 лица живи излегле од автобусот.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.191
Поени од реакции
3.431
Не добиваш туку заработуваш и си ги сработуваш тие пари како вработен, никој а поготово "Вие газдите" не ги давате на никого така на лепе очи.( Бруто плата е цената на трудот што ја плаќа работодавецот за извршена работа) Ако ти е тешко во тој бизнис продај автобусите и земи сади пиперки или земјоделие па види што е тешко на пример никој не те тера тој бизнис да го работиш па уште строги биле прописите па што имал газдата да одговара. Па баш од вакви муабети се дешаваат глупости и возниот парк на државава е катастрофа.
Ако од целата приказна што ја пишав само успеа да се фатиш за платата, стварно ми е жал за тебе. Јас никаде не се пожалив зашто фирмата плаќа него го дадов како дообјаснување за да не се каже од кај се 80 000 трошок за 2 шофери кога платите што ги добиваат се 25 000.

За другово да ти реплицирам:

Aко ти отидеш у друга нива пример и му оставиш на синот да го гледа пиперот и он го заебе пиперот, ти си крив или синот?

2. За да можеш да продадеш пиперот, владата да ти бара да работиш две ниви и да имаш х2 аргати што ќе копаат а ти имаш пласман само за производство од една нива (ресто што произведеш се мораш да фрлиш). Задоволен ќе си? Или по тебе тогаш земи запали пиперот и иди копај канали за водовод најубаво а?

И збориме да имаш отворено фирма со сите давачки а не продај пиперот на прекупци тури парите у џеб нит данок на државата ни ништо.

Чудно е како не си способен да погледнеш ствари од различни гледни точки него како инка на глава да ти ставиле и само напред терај.

Да ти дообјаснам за мојот став на темава:
- Газдата треба да одговори зошто немал извод од лиценца автобусот и ако ја немал си следи одредена казна за фирмата и за него како одговорно лице за правниот субјект (ќе му се собере над 5000 евра сигурно), за све останато не е крив ни должен да одговара.
- Автобусот бил исправен, пројден на вонреден технички преглед. Од сликите се гледа дека е од поновите Мерцедеси 2014+ година.
- Автобусот минал не една него 3 граници, зашто на нашата го пуштиле ако немал документи?
- Зошто патот не е соодветно обележан без светлечка сигнализација? Да било убаво обележано како што треба да е по сите европски правила и прописи ништо од ова немаше да се случи.

Сите се ескперти у сешто, најлесно е затвори ги и терај си.

Возниот парк у државава е катастрофа? Верувам бачко ти возиш 2020 мерцедес цлс? Свесен си дека нов автобус кошта 350 000 евра? И дека за да се купи таков автобус ти треба прво да платиш х3 карта за автобуски превоз од тоа што плаќаш моментално?
 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.437
Поени од реакции
10.929
Не се сите лимитирани на 90ка (камиони) имаат и над, плус дадов пример за празен камион. Тахографот нормално може да го проверат ама во оваа ситуација е стопен така да ништо од тоа.

Глупавото е у тоа што му ја земаа лиценцата за работа на човекот. Значи он има може 10 автобуси, у конвојот иделе 4 сеа, 3 немаат никаков проблем со 1 се деси бељава и му ја земаат лиценцата. Нормални ли се?! Може да му се даде привремена забрана за вршење на превоз дури трае истрагава ама земање на лиценца?

Ова е како на 7ца да им забранеа да работат после труењето на неколку души пред 3-4 години. Него пробуваат да соберат поени политички и да си го извадат гзот.
Да, премногу е глупо шо му ја одземале лиценцата за работа. Шо направил? Само поминал граница со автобус кој немал дозвола да врши јавен превоз, уште помалце меѓународен превоз, успат убил 45 луѓе. Скроз споредливо со 7ца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom