Сабајлето станувам и имам навика да пуштам телевизор за побрзо расонување и вртам 5-6 канали меѓу кои и бугарската БНТ и гледам кај нив траорна атмосфера водителка сите во црно трагедија на Струма 40+ загинати и помислив нивна несреќа дека нашиве не известуваа ништо, кога низ разговор со надлежниот нивен министер спомнаа дека е Истанбул-Скопје линијата и имаа вклучување со Бујар Османи па гледав до крај.
Според нивните експерти кои се од оваа област а збореа пред нивни медиуми и не се дел од истрагата има две можни опции, неисправен автобус и пожар кој започнал пред ППА или грешка на возачот а најверојатно има и пукната гума, ваква слична несреќа имала на истото место 1996 ама со помалце жртви, 12-13.
Детал кој вреди да се спомене е дека се коментираше дека и самиот пат е во лоша состојба за што биле дадени 15 сигнали за 1 година од страна на нивни експерти до власта таму но немало никаква реакција да се санират , па се бара одговорност и кај нивните власти , по изјава на нивен експерт денес отсуството на државата во санирањето на проблемите некој го плати со живот.
Истрагата ќе мора да им биде темелна на Бугариве бидејќи се прави страшен притисок од утринава од нивни експерти кои напоменуваат за проблемите по автопатиштата и доколку не се откријат вистинските причини, за пред нивната јавност тие ќе испаднат виновни за настанот.