Автобуска несреќа во Бугарија

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Инфомакс излезе со информација дека наводно во автобусот имало голема количина на пиротехника.
Не ме чуди, следат новогодишни празници а знаеме дека се шверцува по автобусите секоја година, и знаеме кој ја шверцува таа роба.
toa si e sosem legalno,,, cel BitPazar so tezgi naredeni so bombi i raketi pred Nova godina, cajkani na Severna makedonija si setaat ili stojat do niv ovie si teraat biznis,a mene sto prodavam suvi koprivi i sipki,op prijava i kazna,
A toa 30,000...ke zgresam ako prodolzam ponatamu.(za zivot se raboti)
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Овие два дена се осеќам ко партал. Па нема ден веќе во оваа банана држава, да не се случи нешто трагично. Само црна хорника. И секогаш, ама секогаш во вакви времиња си правам една ретроспектива на неубавите работи што ни се случиле неодамна. Филингот секогаш ми е ист, се чувствувам мизерно и бескорисно, заради тоа што сфаќам дека нечии ставови, перцепции, идеи, желби, мечти, згаснале за само едно делче од секундата. И која е поентата на животот?

1. Еден автобус се превртел и 17 луѓе загинаа заради техничка неисправност на истиот. Дали некој одговараше за тоа? Не, нема ни да одговара. Дали научивме лекција од тоа? Трагедијата од вчера е доказ дека ништо не сме научиле.

2. Летово се гушевме од пожари, кои не можевме да ги ставиме под контрола. Да не беа пожарникарите од Австрија, живи ќе изгоревме сите. Дали превземавме нешто за тоа? Не, нема ни да превземеме, имаме многу поважни работи за коригирање.

3. Модуларна болница, луѓе кои исто така живи изгореа, водејќи борба со корона вирусот и барајќи спас на тоа место. Дали некој понесе одговорност за тоа? Не, нема ни да понесе, има побитни работи за корегирање и нешта на кои треба да ни биде фокусот.

4. Автобусот од вчера. 46 животи згаснаа, 12 од нив деца! Се ежам додека го пишувам ова. Невини животи почнаа да страдаат заради наши грешки!!!!

5. Понатака, вакцини немаше да обезбедиме, да не беа донации од соседите и од други држави. И заради тоа доста луѓе го загубија животот.

6. Се сеќавам и на лекарот кој неколку часа бараше хеликоптер за стигне до непристапен терен и да му пружа помош на лице чиј што живот беше во опасност. На крај на импровизирана носилка го спушти чоекот и само што не беше обвинет за лекарска грешка!

7. Понатака, сведоци сме на енергетска криза и инфлација во државата. Некој би рекол дека ова е проблем на глобално ниво, но фактот што и по ова прашање не се превзема речиси ништо во државата е загрижувачки. Луѓе ќе почнат да умираат од студ и глад.

8. Аерозагадување! Пораст на малигни заболувања, уште една причина за смрт.

9. Невработеност.

10. Непотизам, мито, корупција.

11. За една основна административна работа да завршиш има банални проблеми и глупости.

Ама ако ни е, сами сме си криви. И сè додека има побитни работи за коригирање, ќе ни се случува ова. Најмалку е битно дали човекот кој што е на власт ќе биде од СДС или ВМРО, се додека домаќински си ја води државата. Проблемот не е во партиите, проблемот е во луѓето. Нема домаќин чоек, ете тоа е. Џабе ни е тоа што типкаме низ социјалните мрежи и очајно бараме одговори за тоа што се случило, пак ќе ни се случува истото. Се додека фокусот ни е на ЕУ, а не на проблемоте кои си ги имаме дома, пак ќе ни се случува ова. Нам ни требаат драконски реформи во сите сфери од општеството. Почнувајќи од образование и култура, потоа здравство, инфраструктура, енергетика, безбедност, транспорт, ама апсолутно сè. И најжално од се е тоа што нема ниту една светла точка како надеж дека нешто ќе се промени во блиска иднина. Премногу сум разочарана и исцрпена од животот овде.
За сите работи (освен глобалните феномени), се причина и последица на тоа што си го навела веќе:
10. Непотизам, мито, корупција.
Тоа додека не се реши, ќе се повтараат истите приказни како изгребана грамофонска плоча.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.811
Ај тоа за резервоар и слично со нафта, е информација што повеќето ја пренесуваат но притоа водејќи се од извори поврзани со истрагата, самите бугари тоа јавно на тв го кажуваат како можност
Не е никаква можност. Тоа е изјава на експерт за мотори со внатрешно согорување, кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата во Бугарија.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/pirgov-vo-avtobusot-imalo-kanistri-so-gorivo-pominal-350-kilometri-za-samo-4-chasa

Некој им дозволил тоа да го праат. Не е баш инфомакс шпекулација.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.344
Не е никаква можност. Тоа е изјава на експерт за мотори со внатрешно согорување, кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата во Бугарија.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/pirgov-vo-avtobusot-imalo-kanistri-so-gorivo-pominal-350-kilometri-za-samo-4-chasa

Некој им дозволил тоа да го праат. Не е баш инфомакс шпекулација.
За тие 30 000 петарди зборев, не за тоа со нафтата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.811
Аааа за тебе е битно само кога гинат арнаути? Ок, сега разбрав!
Небитни се животите на каурите. Нивните деца и за Велигден може да се убиваат и секој муслиман да ги брани убијците, а не па за други поводи.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Нема патарини низ Бугарија,какви патарини.Со вињета се вози.
Искрено ко прашав зошто возиме низ град го добив тој одговор.
Јас разбрав дека со винетка се плаќа само и тој не ја наполнил за патувањето.
Ако нема патарини тогаш стварно се за тепање бидејќи вторпат се возам за/низ Бугарија и искуството е катастрофално
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.046
Никој од министерство за транспорт и врски не сносеше одговорност зашто им дозволил да си ги прегледуваат автобусите таму, ма да не верувам дека некој со здрав памет би пуштил дефектен автобус да вози.
Па не дефектен баш, повеќе му доаѓа ко недоволно проверен. Спомнаа на претходната страна, влези на канал, стај кабел у ауспух да видиш емисија на гасови, жмигавци и светла дали работат, кочници напред назад и ајде терај.

Ја од личен пример знам за вакви технички прегледи на возила што возат АДР запаливи материјали. Искача у 8 саат да иде на регистрација у 9 ипол се враќа и го спремаат за на пат. Често пати се дешавало и да не го пратат на регистрација или на мајстор иако претходно има пријавено дека кочниците му се слаби или му блокира мењачот или цела шал табла му свети како елка. Нема време сеа, мора да се извози турата.

Не може да биде ист техничкиот преглед за кола, за мотор, за камиони, за комбиња што превезуваат стока, за комбиња што превезуваат луѓе, за автобуси.
Не дека едните се побитни од другите ама треба да се обрне многу повеќе внимание на овие големиве возила, камиони што превезуваат опасни материи, автобуси, комбиња.

Едноставно не може технички преглед на толкаво чудовиште да трае пола саат.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
Небитни се животите на каурите. Нивните деца и за Велигден може да се убиваат и секој муслиман да ги брани убијците, а не па за други поводи.
Немој да лажеш и да шириш пропаганда. Не знам ниту еден муслиман да бранел убијци на невини. Тебе ако те има малтретирано некој муслиман не значи сите се такви.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.165
Поени од реакции
15.953
Немој да лажеш и да шириш пропаганда. Не знам ниту еден муслиман да бранел убијци на невини. Тебе ако те има малтретирано некој муслиман не значи сите се такви.
Децана шо ги убија пред Велигден значи биле криви за нешто.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
Децана шо ги убија пред Велигден значи биле криви за нешто.
Не, прва реакција беше дека е терористички напад во МК и дека никогаш нема да се вратат меѓуетнички односи во нормала. Ти зборам лично и на околина моја што а бааајги широка. Апроксимативно 100 муслимани, некои конзервативни некои либерални и ниту еден имаше мислење дека е еј браво супер е помалце христијани во светов. Не знам во кој свет живеете дека е супер деца кога се убиваат на свиреп начин и дека секој муслиман скришно во себе е среќен за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom