Се урна авион на Аљаска
Се урна авион на Аљаска
Авион со осум патници се урна на Аљаска, соопшти Националната гарда на државата, пренесува агенцијата Франс прес.
На местото на несреќата, што се случи во понеделник вечер во близина на градот Дилингам, се испратени лекарски екипи. Неофицијално, причина за несреќата било лошото време.
„Во авионот имало осуммина патници и можно е да има жртви“, се вели во соопштението на Националната гарда на Аљаска.
Неколку авиони, од кои
еден воен и два карго, се урнаа за кратко време на Аљаска.
http://makfax.com.mk/113635
--- надополнето ---
Меѓу патниците на урнатиот авион на Аљаска бил и поранешен директор на НАСА
Во авионот, кој синоќа се урна северно од Дилингам, во западниот дел на Аљаска,
се наоѓале девет патници.
Според Си-Ен-Ен меѓу патниците
биле и поранешниот шеф на НАСА и административен директор на ЕАДС Северна Америка Шон О’Киф и поранешниот сенатор Тед Стивенс.
Американските медиуми јавуваат дека пет лица загинале, а четворица ја преживеале несреќата. Се уште не е позната судбината на О’Киф и на Стивенс.
Несреќата, според првичните информации се случила поради лошите временски прилики, односно поројниот дожд, маглата и ниската облачност.