DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.688
- Поени од реакции
- 5.306
Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер, според хроничарите на македонското воздухопловство, се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, Douglas C-47А-20-DК со регистрација YU-АCC, што полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје. Загинале 12 луѓе.
На 22 септември 1975 година авион од типот Antonov 2R со регистрација SP-WNZ на операторот ZUA (Zakladu Uslug Agrolotniczych) при слетување на Скопскиот аеродром се судрил со Antonov со регистрации SP-WOB, исто така од ZUA.
На 24 Јули 1992 карго авион Antonov 12 BK на Volga - Dnepar Airlines со регистрација CCCP-11342 се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродронот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица.
На 5 март 1993 година, на полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во аналите за несреќата, е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.
Осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година кај Охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина.
На 18 септември 1995 авион Antonov 2R која беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот.
На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.
На 12 јануари 2008 хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.
Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот „Кингер“.
На 28 Август 2008 година, авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несеќета животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.
_______________________________________________________________________
кој има повеќе информации за некоја од овие несреќи слободно нека постира :helou: јас лично се сеќавам на двете несреќи од 1993, на Фокерот што се сруши при полетувањето (тоа од телевизија што гледав и имав комшија мој што погина во оваа авионска несреќа) и на падот на авионот на Авиоимпекс, коа удри во планината над Оровник. на тоа место сум бил неколку пати и сеуште има остатоци од авионот, има некои делчиња, седишта во фаза на распаѓање и слично. исто иам слушнато дека просторот кај што падна овој авион е преоран неколку пати, за да се исчисти теренот... погоре пишува дека несреќата настанала поради грешка на пилотот, но од тоа што имам читано и што имам правено муабет со луѓе шо се разбираат од оваа област, станува збор за грешка на контролната кула односно погрешно наведување....