Авантурите на Итар Пејо

Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
На Канал 5 наскоро почнува емитувањето на серијата „Авантурите на Итар Пејо“.

Најпознатиот мариовец ќе зборува за своите сеќавања од младоста и преку нив ќе ги прескокнува вековите.

Докажана екипа актери од Прилепскиот театар ќе го оживее Итар Пејо кој ќе се најде во најневозможни ситуации !

Режисер на серијата е Владо Младеновски.
Што мислите за овој серијал, дајте критики, мислења.

Извор
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Историска фантазија, многу голотија и вулгарен јазик. Да има уште змејови и ова ќе е нашиот Game of Thrones.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Aрно е бе. Арно е оти се прилепски глумците, а театарчево наше растура. Се најдуваат супер таленти од тие помладите, а старите горе долу се веќе докажани волци.

Приказните се извртени, не се како што се оние напишаните, но задржани се некои елементи. Пејо бил вулгарен ЕБАГО, и КУРНАЗ бил плус.

Нека тера, нека се снима нешто.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.135
Поени од реакции
1.068
Искрено не ми се допаѓаат приказните... Едноставно имаат некои епизоди кои немаат никаква смисла, онака завршува епизодата и си викаш wtf, што беше поуката од приказнава ? Барем јас сметам дека приказните за Итар Пејо треба да имаат некоја си поучна содржина. Исто така сметам дека во вакви приказни кои ги гледаат мали деца не треба да се обработуваат тематики од типот : Не му се кревал на дечкото неможел невестата да си ја задоволи итн., а да не го спомнам вулгарниот јазик и однесување... Мислам, ипак мали деца гледаат....
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Жива катастрофа. Па добро бе даваат порно или приказки, и тоа во термин кога секое дете може да ја гледа :facepalm:
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
Искрено не ми се допаѓаат приказните... Едноставно имаат некои епизоди кои немаат никаква смисла, онака завршува епизодата и си викаш wtf, што беше поуката од приказнава ? Барем јас сметам дека приказните за Итар Пејо треба да имаат некоја си поучна содржина. Исто така сметам дека во вакви приказни кои ги гледаат мали деца не треба да се обработуваат тематики од типот : Не му се кревал на дечкото неможел невестата да си ја задоволи итн., а да не го спомнам вулгарниот јазик и однесување... Мислам, ипак мали деца гледаат....
Од кога тоа приказните на Итар Пејо треба да се поучни или за деца ? Како што кажа и turvior погоре , Пејо Мариоецо бил вулгарен и бил курназ , и не гледам причина зошто приказниве да се омекнуваат и прилагодуваат за детска публика , кога во суштина не се тоа . Иначе Трпче кој што го глуми Пејо арно си ја брка работата , а истото важи и за остатокот на прилепските глумци кои глумат во серијава .
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164

Оригиналните прикаски за Итар Пејо баш и немаат некоја посебна порака. Повеќето завршуваат со тоа што Пејо ќе зафркне некого. И толку.

Фатив една-две епизоди и не ми изгледаа многу лоши, барем не како народните приказни што ги даваа на А1 едно време. А да не правам муабет за недостатокот од домашна играна продукција по телевизиите. Ова против турските серии е како Илинденско востание против Османска империја (баш онакво, неуспешно).

АРНО АМА, Итар Пејо мислам дека беше лектира за 3-ро одделение. Дедо ми ми кажуваше прикаски за него и пред тоа. Во сите досегашни инкарнации Пејо е адаптиран за детска публика и би се очекувало оваа серија да поттикне интерес повторно кај истата. Го даваат во 8 саат, одбележан е како 12+ и рекламиве сигурно течат цел ден, со што и е целосно достапен, а еве сите се сложуваат дека не треба да биде.

Нека го преместат 2 саата покасно и нека го стават синото триаголниче и ќе биде се во ред.

Ама заборавив - тогаш ја даваат „Солзите и љубовта на младата невеста“ и тоа е програма наменета за целата публика...
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Од кога тоа приказните на Итар Пејо треба да се поучни или за деца ? Како што кажа и turvior погоре , Пејо Мариоецо бил вулгарен и бил курназ , и не гледам причина зошто приказниве да се омекнуваат и прилагодуваат за детска публика , кога во суштина не се тоа . Иначе Трпче кој што го глуми Пејо арно си ја брка работата , а истото важи и за остатокот на прилепските глумци кои глумат во серијава .
Да ама терминот на прикажување не е соодветен. Репризите мислам им се во 17 часот, а премиерата на нова епизода во 19.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
A кој ви рече дека се од пејо е за деца ?! кода го немате слушано џумерко со еротските ебаго, исти курназлак ти е ова.... :D
не ми текнува што беше точно ама имаше некоја приказна што ја имам читано или слушано како мал... демек не знаеле дека лицето се вика лице па си го викале дупе оти за газот веќе си имале име па мислиле дека лицето се вика дупе... и така си викале едни на други... ела да те бацам нa дупето :D
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.135
Поени од реакции
1.068
Од кога тоа приказните на Итар Пејо треба да се поучни или за деца ? Како што кажа и turvior погоре , Пејо Мариоецо бил вулгарен и бил курназ , и не гледам причина зошто приказниве да се омекнуваат и прилагодуваат за детска публика , кога во суштина не се тоа . Иначе Трпче кој што го глуми Пејо арно си ја брка работата , а истото важи и за остатокот на прилепските глумци кои глумат во серијава .
Јас не реков дека глумците глумат лошо... Итар Пејо можда бил курназ или не знам што, ама сите мали деца го знаат Итар Пејо, мислам дека имаше и некоја лектира за него, во превод сите го знаат како тип со огромна итроштина, лик со огромен број на авантури и слично. Никој не го знае како тип кој сака да се курчи и да ебе момичиња низ село. Е сега кога ќе слушнат дека има приказна за Итар Пејо тогаш сигурно ќе сакаат да ја гледаат...Барем да ги стават епизодите малку подоцна, а не во ударен термин...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Го лустириаат Пејота, го кажаа онака како го кажуваат мариовците :D
 
Ч

Чај

Гостин
Итар пејо е еквивалент на култниот лик Насрадин Хоџа. Легендите што се прераскажуваат како наследство од Насрадин,се истите на повеќе јазици,само јунакот носи различно име.
Пред малку начекав на канал 5 мислам дека беше.Што знам повеќе ми изгледаше како проба на пијани актери,него ли нешто интересно.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
Да ама терминот на прикажување не е соодветен. Репризите мислам им се во 17 часот, а премиерата на нова епизода во 19.
Јас не реков дека глумците глумат лошо... Итар Пејо можда бил курназ или не знам што, ама сите мали деца го знаат Итар Пејо, мислам дека имаше и некоја лектира за него, во превод сите го знаат како тип со огромна итроштина, лик со огромен број на авантури и слично. Никој не го знае како тип кој сака да се курчи и да ебе момичиња низ село. Е сега кога ќе слушнат дека има приказна за Итар Пејо тогаш сигурно ќе сакаат да ја гледаат...Барем да ги стават епизодите малку подоцна, а не во ударен термин...
Ок , можеби треба серијава да оди 2 саати покасно , но пред почетокот на секоја епизода има предупредување дека не е за деца под 12 години . Плус тоа има многу несоодветна програма која оди на македонскиве канали во ударни термини , која што е уште по неадекватна за деца отколку серијава за Итар Пејо , па не гледам некој да прави проблем од тоа :) .
 
L

Löwe

Гостин
Инаку од Прилепскиве актери, дедо Трајче ми е дефинитивно најак лик. Требало и Ванде малку појче да го заангажира, досега само во една приказна ко имам начекано
 
Kajgana Shop

На врв Bottom