Абрип

М

мојќен

Гостин
Сакаме да средуваме една соба со абрип, собава има влага.Некаде околу 16 квадрати за околу 200 евра.Ценава дали е тука негде или да бараме друг мајстор?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сакаме да средуваме една соба со абрип, собава има влага.Некаде околу 16 квадрати за околу 200 евра.Ценава дали е тука негде или да бараме друг мајстор?
Прво и основно ако мајсторот ти рекол само ѕидовите да се премачкаат со абрип, а истите имаат влага, тогаш дефинитивно со тој мајстор не треба да работиш. Според мене најдобро ти е да ставиш внатрешна термоизолација, само на надворешните ѕидови и тоа од минерална волна со гипскартонска облога.

Мајсторот на тебе можеби ти препорачал изолација од стиропор со абрип. Прво на внатрешна изолација со стиропор се оди како со крајно решение за изолација, затоа што не е најидеално. Прво ѕидовите ќе ти се потат, второ ако во близина на ѕидот имаш посилен извор на топлина голема е веројатноста (но повеќе е и сигурно) дека стиропорот ќе се стопи и се за џабе си правел.

А цената е дискутабилна. Се зависи од тоа што ќе става мајсторот, на кој начин ќе го прави ѕидот и што се бара да се постигне.

:)
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
чек малку, абрип е само финишот, што ќе прави мајсторот пред да го тргни абрипот одозгора?
 
Ѕидов се дели со купатилото и е многу подујан, паркетот на тој дел исто така. Цела соба мириса на нем. Мајсторов ко дошол не бев тука со моите потспомнал нешто ама не е ништо конечно. Знам дека предложил со абрип, веројатно мислел и за стиропор одоздола, ама еве некои ми пишаа за подобро решение со табли кнауф одозола.[DOUBLEPOST=1479762844][/DOUBLEPOST]
чек малку, абрип е само финишот, што ќе прави мајсторот пред да го тргни абрипот одозгора?
Изгледа стиропор или табли кнауф
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Ѕидов се дели со купатилото и е многу подујан, паркетот на тој дел исто така. Цела соба мириса на нем. Мајсторов ко дошол не бев тука со моите потспомнал нешто ама не е ништо конечно. Знам дека предложил со абрип, веројатно мислел и за стиропор одоздола, ама еве некои ми пишаа за подобро решение со табли кнауф одозола.[DOUBLEPOST=1479762844][/DOUBLEPOST]

Изгледа стиропор или табли кнауф
Aко сакаш решение треба да почнеш од бањата, стави хидроизолација и реши го проблемот.
Ако сакаш да го сокриеш проблемот за некое време малтерисај со абрип, ако сакаш за малку повеќе време да го сокриеш проблемот стави си и стиропор.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ѕидов се дели со купатилото и е многу подујан, паркетот на тој дел исто така. Цела соба мириса на нем. Мајсторов ко дошол не бев тука со моите потспомнал нешто ама не е ништо конечно. Знам дека предложил со абрип, веројатно мислел и за стиропор одоздола, ама еве некои ми пишаа за подобро решение со табли кнауф одозола.[DOUBLEPOST=1479762844][/DOUBLEPOST]

Изгледа стиропор или табли кнауф
Што и да направи ако не чепни од кај купатилото сака само да земи пари и вгодина ќе треба да го викниш пак. Проблемот со водата/влагата треба да си го решиш прво за да после одавде маскираш со абрип/кнауф/глетовање или што и да е. Од купатило најверојатно имаш туш кабина чии плочки/фуга изгубиле од својата намена така да пред да средиш тоа одавде ич не инвестирај. А таму дали над плочки ќе мачкаш современа хидро изолација па уште еден слој плочки над нив или нешто друго сам одлучи со помош на мајстори „плочкари“ а не „молери“.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ѕидов се дели со купатилото и е многу подујан, паркетот на тој дел исто така. Цела соба мириса на нем. Мајсторов ко дошол не бев тука со моите потспомнал нешто ама не е ништо конечно. Знам дека предложил со абрип, веројатно мислел и за стиропор одоздола, ама еве некои ми пишаа за подобро решение со табли кнауф одозола.
Јас мислев дека станува збор за надворешни ѕидови кои немаат изолација, по поради тоа се појавува влага/мувла:D

Најпрво од се треба да се реши проблемот, а во твојот случај е страната на ѕидот од кај купатилото, а потоа и страната од кај собата.

Битно е да знаеш дека проблемот не треба да го нашминкаш, туку да го решиш. Затоа што ,,шминката" со текот на времето ќе се избрише, па ем парите си ги фрлил, ем следниот пат поскапо ќе треба да платиш.

Мој совет ти е најпрво да видите од каде доаѓа проблемот. Ако станува збор за некоја пукната цевка или друг вид на извор на вода кој постојано го натопува ѕидот, гледајте прво тоа да го санирате. Ако имате плочки во купатилото извадете ги, ако не, тогаш само истругајте го ѕидот. Исто така и ѕидот од собата истругајте го. Потоа оставете ѕидот и од двете страни да се исуши и премачкајте го со сретство против мувла (Savo би завршило работа), а потоа оставете ден два да се исушат ѕидовите.

Од кога целосно ќе се исуши ѕидот можете прво да ги премачкате ѕидовите со Убрзувач - Ч (цената мислам дека му е околу 90 денари од кило), со цел во иднина да се спречи активното навлегување на вода во ѕидовите. А по неколку дена до една недела премачкајте го ѕидот со Хидромал (цената му е околу 40 - 50 денари мислам), со цел да се добие хидроизолација. Посебно ова ти е битно од страната на купатилото да го направиш, па потоа врз него можеш да наредиш плочки или кој и да е друг материјал што планираш да го користиш.

Од страната на собата можеш истава постапка да ја направиш, па ако сакаш можеш да ставиш и изолација од тервол и гипскартон, па дури како крајно решение и стиропор премачкан со абрип.

Знам дека ова ти личи комплицирано и како процес долго, но ако ѕидот не е ,,скапан" и целосно уништен, ова е добар начин за да го заштитиш. Или евентуално ако гледаш дека ѕидот е прескапан, преутопен во вода, што дури и не се поправа, најдобро сруши го и стави преграден гипскартонски ѕид. Ем нов ѕид, ем изолација, ем најкраток период, ем најмалку нервози, ем цената нема да биде повеќе од 200 евра.

:)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Реши го прво купатилото и водата. Што и да ставиш на мокриот ѕид (велам мокор бидејќи некаде ти тоне вода) со време ќе попушти, и тоа за кратко време. Ако цевките ти се внатре и стари, промени ги одма и стави пластични однадвор, ако се менувани цевките провери убаво на завршните делови кај што се спојуваат со потрошувасчите да не ти капе и да подлизнува зад плочките водата. Најпрво со инвестиција од 500ден земи и фугите секаде помини ги уште еднаш, се што ти треба е една шпакла. Работата е што ѕидот треба да се суши барем цело лето. Се друго што и да правиш е само маска и ризикуваш ѕидот да падне. Ако ја решиш влагата обработката на ѕидот е најлесна работа и можеш многу поевтино од 200евра да поминеш освен ако желбата не ти е строго абриб. Ако си во зграда тогаш може проблемот со цевките да не е кај тебе, е тогаш со среќа. Ќе имаш нервози еден куп.
 
Член од
16 јануари 2016
Мислења
122
Поени од реакции
31
Zdravo moze li dami kaze nekoj dali moze da se macka abrip direkno na cementna tula znam deka ne se praktikuva no bidejki go imam ako e mozno da go upotrebam, dali ke paga ili da se roni puka i tn. Fala
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
461
Поени од реакции
377
Zdravo moze li dami kaze nekoj dali moze da se macka abrip direkno na cementna tula znam deka ne se praktikuva no bidejki go imam ako e mozno da go upotrebam, dali ke paga ili da se roni puka i tn. Fala
немој ни да пробуваш сам, абрибот е тежок за работа, процедурата е следна:
1.Грунт
2.Лепак/Мрежа/Лепак
3. Грунт
4.Абриб
5. Поликолор
 
F

Flatter

Гостин
немој ни да пробуваш сам, абрибот е тежок за работа, процедурата е следна:
1.Грунт
2.Лепак/Мрежа/Лепак
3. Грунт
4.Абриб
5. Поликолор
Е како да не тешко... Ти пази рачињата да не те заболат и прстенцата да не ти испукат... Јас на викендицата ставав фасадаа 10ка па со лепак/мрежа и абриб и се тоа вкупно 80-100 квадрата имаше одприлика а се сам заврашив за 2-3 недели од прилика.

Нема нешто комплицирано се бара само мала физичка способност и тое е тоа. Компликации може само малку рамото да те заболе па ако си од шеќер мекуш седи си дома и гледај си турски серии.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.139
Поени од реакции
28.895
Сакаме да средуваме една соба со абрип, собава има влага.Некаде околу 16 квадрати за околу 200 евра.Ценава дали е тука негде или да бараме друг мајстор?
Дали ти ќе си купиш материјал или у тие 200е ти е рачунато. Различни цени зимаат мајсторите од квадрат.
Плус убаво ти кажаа прво среди ВЦ па после собата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom