Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Ако сакаш домаќинка, конвертирање во ислам, картата право мидл ист, никаде нема да ти бега или па некој друг да ти ја гледа. :D
Кај да ја гледа, замотана од глава до пети..
Автоматски споено мислење:

@Dumbledore и ти мене не ме читаш ко шо треба :icon_lol:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558
I na srpski e taka tamu uste pocesto koristat ljubavnica kako sinonim za svalerka a btw nie ne sme srbi...
Vo Moe vreme se velese za decko ljubovnik ili ljbovnica za devojkata, duri pametam babami upotrebuvale zbor manuk..,(kaj mi tekna sega)...a svaler ili svalerka za toa sto ti mislis.
Ne e bitno, nemam ni edno ni drugo:)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.783
Се римува бе, плус многу жени во брак се само домаќинки и мајки, ретко љубовници.
...ааааа и јас така мислев, додека не видов со мои очи и не ми се веруваше дека до вчера рака сечев дека нема веза, од тие што од носот не знаат подалеку, а тоа на големо секој ден излегуваат и пазаруваат по 3,4 ч иста работа...како параван де!
опасни домаќинки, ама во никој случај очајни :vozbud:
Ако сакаш домаќинка, конвертирање во ислам, картата право мидл ист, никаде нема да ти бега или па некој друг да ти ја гледа. :D
...оффф уште полошо, јас многу се лутам на непочитување на адети веќе кога ги применува некој и така како обично не можев да издржам и прашав, „зошто горе си покриена и скриена, само очи ти се гледаат, а доле хеланки си облекла како крофна ти се гледа интимноста“... кратко ми одговори „ горе ако се гледа очи, уста, лице, ќе се знае која сум, ама ако газот ми е отркиен, сите имаат газ нема да се знае чие е, ако горе сум покриена“ ... така да тоа не е репер за верност адетот во ислам, и тоа веќе не е што беше!
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.684
Поени од реакции
2.520
Нејќам да ти кршам филм ама... Таму по 10 слугинки имаат дома. Подобро од кралици се третирани. За разлика од кај нас кај што треба и да работаат за некое говедо од газда и деца да гледат и на некој пијан вол да му перат чорапите...
За која држава кажуваш.СА кај нафташите ili Ирак кај што ги каменуваат до смрт ако му се гледа прамен од косата? Па и во СА не му беше дозволено да возат до пред некоја година. Во овие држави е потребен феминизам, ама со оглед на ситуацијата за скоро време нема да има значајно подобрување, а прогнозите се очајни.

Кај да ја гледа, замотана од глава до пети..
Една грижа помалку :D. По дома не мора да е замотана :icon_lol:

...оффф уште полошо, јас многу се лутам на непочитување на адети веќе кога ги применува некој и така како обично не можев да издржам и прашав, „зошто горе си покриена и скриена, само очи ти се гледаат, а доле хеланки си облекла како крофна ти се гледа интимноста“... кратко ми одговори „ горе ако се гледа очи, уста, лице, ќе се знае која сум, ама ако газот ми е отркиен, сите имаат газ нема да се знае чие е, ако горе сум покриена“ ... така да тоа не е репер за верност адетот во ислам, и тоа веќе не е што беше!
Кај што живеам има 2-3 куќи албанци муслимани, жените исто како македонки си се дотеруваат, миничи и што не.
Да, можно е да не е исто како порано овде кај нас... само што не зборував за кај нас јас.
Во Иран пример, мажите имаат предност за упис на факултет само затоа што се машки. Зошто? За да имале жените образован сопруг. Прељуба во брак е мислам казнива со смрт. Мизигонија пуштена на најјако. Рај за мажи по струката :D

Иначе да, и покриена до гуша не значи скромност и чесност, ниту разголеност значи курвалак. Се е до ментето во главата што го има. :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Мислам дека треба да се запрашаме кои се причините поради кои би стигнале до абортус. Тргам ситуации на силување настрана, зборувам за consentual sex.

Пред се има проблем со начините на кои во модерната култура се сфаќа сексот. Луѓето се охрабруваат да спијат со многу луѓе пошто така се "oPeN MiNdEd". Сексот е материјализирана форма највисокиот степен на интимност. Материјалното не е сфатено доволно сериозно, самиот збор материјално не остава голем впечаток и се сфаќа како нешто банално, а напротив, има многу голем импакт врз нас и нашиот психички, физички и социјален живот.

Значи пред да зборуваме за абортус да зборуваме за сексуална одговорност. Едноставно е - не спиј со некој ако не си спремен да преземеш одговорност од можните последици за тоа. Да, постои контрацепција и тоа е супер, истовремено со тоа многу луѓе се лишат себеси од одговорноста што следува со сексуалниот акт и последиците што следуваат ако се случи некој пропуст. Преземање одговорност се состои од следново: сфаќам дека примарната функција на сексуалниот акт е размножување, сфаќам дека ако направам пропуст во контрацепцијата имам должност и одговорност да го родам (за жени) и изгледам тоа дете (за двајцата).

Тоа носи до следната точка што е општата дисфункционалност на партнерските врски. Пред да се има секс потребно е да се има солиден степен на емоционална интимност и познавање на другата личност, со цел да се процени дали таа личност би била соодветен партнер за нас. Пожелно е воопшто да не се доведеме себеси до ситуација на имање секс со личност која има контрарни потреби за својот живот (пр. тој сака дете, таа сака кариера). Ако имате различни фундаментални потреби, тогаш најдобро е да се раскине и да се најде компатибилен партнер.

Абортусот сам по себе е екстремно трауматичен настан за секоја жена. Фетусот е дел од жената. Живо битие, личност во развој. За жените уште од самото зачнување постои емоционална поврзаност со плодот кој се развива. Абортусот не можам да го оправдам. Се пушта наоколу аргументот дека тоа е тело на жената и дека таа може што сака да прави со него. Тоа е точно, додека ничиј туѓ живот не зависи од тоа што прави жената со своето тело. Нашата слобода е до таму до каде не ја нарушуваме слободата на некој друг - особено не правото на живот. Секоја постапка во нашиот живот води до некоја последица. Со давањето на абортусот како опција (освен за екстремни случаи) се пренесува пораката дека луѓето се лишени од одговорност за својата сексуалност.
1. Ако примарната функција на сексот е размножување, дали е тоа единствената валидна функција на сексот? Ако е, зошто воопшто би се користела контрацепција, тогаш би требало да имаме секс само во функција на размножувањето. Ако сексот има и секундарна валидна функција (задоволство, интимно поврзување со партнерот итн.), тогаш како потфрлувањето со контрацепцијата нужно повлекува задржување на зиготот/фетусот?

2. Вториот биоетички проблем ти е есенцијалистичкиот аргумент за „убивање на живот" со абортирањето.
Прво, фетусот не е „личност во развој" повеќе отколку што сперматозоидот е личност во развој и нема некаква животна есенција вдахновена од фертилизацијата на јајце клетката (освен ако не си некаков дуалист). Ако ги скокнеме емотивно набојните зборчиња, ќе стигнеш до проблемот на фазата во која е неетично да одземеш живот. Во кој момент после фертилизацијата, поделената јајце клетка - зигот - фетус станува личност во развој?

Шабанот еднаш заговараше постпородилен абортус како валидна опција бидејќи бебето не е сентиентно :D, ама да го скокнеме тој дел и да се задржиме на пораните фази од развојот на плодот.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811

1. Не реков дека е единствената и во постот расправам баш за партнерство, поврзување и интимност.

2. Личност во развој е од самиот зачеток - се соединува генетскиот материјал и ја создава уникатната ДНА на личноста.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156

Ќе се задржам само на точка 2.
Фетусот оживува на петата недела кога зачукува срценцето!
Како сперматозоидот не е живот? А носи генетски код во себе?
Јас сум давал спермограма,а резултатите се во вредност на живи и мртви сперматозоиди!
Клетката не е живот?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.878
Ако сексот има и секундарна валидна функција (задоволство, интимно поврзување со партнерот итн.), тогаш како потфрлувањето со контрацепцијата нужно повлекува задржување на зиготот/фетусот?
Ја играм фудбал ради забава, рекреација. Сега кога е така, зошто ме трераат да го платам прозорот што го скршив, играјќи фудбал? Не ми била тоа намерата, не играм фудбал за да скршам прозор.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
1. Не реков дека е единствената и во постот расправам баш за партнерство, поврзување и интимност.

2. Личност во развој е од самиот зачеток - се соединува генетскиот материјал и ја создава уникатната ДНА на личноста.
Тоа е точно дека се создава уникатната ДНК на идната личност, но тоа не го повлекува исказот дека тоа е личност во развој во самиот момент на фертилизација. За нешто да биде личност мора да биде самосвесно и да пројавува определени личносни карактеристики кои можат да бидат сместени у димензиите на било која личносна скала (квалитативно и квантитативно); нешто што захтева определена невронална структура со определена компексност; што доведува до емергенција на личност; а што се јавува кај деца во определена возраст (иако и ова е произволна мерка како и самата личност која е менталистички модел со определена практичност, а не емпириски); па тие се више личности у развој. Дали зиготот има уникатен геном, не е релевантно на тоа дали е личност. Геномот на зиготот, не повлекува нужно бивање личност во развој. На пример, пациент со нефункционален неокортекс, у дубока кома и во состојба на вегетација, веројатно не е никаква личност, а има уникатен геном.
Автоматски споено мислење:

Ја играм фудбал ради забава, рекреација. Сега кога е така, зошто ме трераат да го платам прозорот што го скршив, играјќи фудбал? Не ми била тоа намерата, не играм фудбал за да скршам прозор.
Утната ти е скроз аналогијата. Ако функцијата на сексот е само размножување, абортусот е контрадикторен на функцијата на сексот која е само размножување. Ако функцијата на сексот не е само размножување и истото не е нужна функција (имаш или-или у логика), тогаш абортусот е оправдана акција бидејќи оплодувањето не е нужно.

Кршењето прозор уз играње фудбал поради грешка, не е во логичка смисла настан кој е релевантен и поврзан со функцијата на фудбалот (за забава и сл.), туку поврзан со легислативата за оштетување личен имот, со што казнувањето не е контрадикторно на функцијата на фудбалот.

Просто кажано, ти кажуеш дека реперкусиите од зачнување плод (мора да го задржиш), се аналогни на реперкусиите од кршење прозор дур играш фудбал пошто и играњето фудбал и имањето секс може да се за забава. Класичен пример за мешање баби и жаби.
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Тоа е точно дека се создава уникатната ДНК на идната личност, но тоа не го повлекува исказот дека тоа е личност во развој во самиот момент на фертилизација. За нешто да биде личност мора да биде самосвесно и да пројавува определени личносни карактеристики кои можат да бидат сместени у димензиите на било која личносна скала (квалитативно и квантитативно); нешто што захтева определена невронална структура со определена компексност; што доведува до емергенција на личност; а што се јавува кај деца во определена возраст (иако и ова е произволна мерка како и самата личност која е менталистички модел со определена практичност, а не емпириски); па тие се више личности у развој. Дали зиготот има уникатен геном, не е релевантно на тоа дали е личност. Геномот на зиготот, не повлекува нужно бивање личност во развој. На пример, пациент со нефункционален неокортекс, у дубока кома и во состојба на вегетација, веројатно не е никаква личност, а има уникатен геном.
Разбирам од каде доаѓаш. Би рекла дека има голема разлика помеѓу човек кој е во кома наспроти зигот, бидејќи кај зиготот, освен во ретки инстанци, знаеме дека за кратко време се повеќе и повеќе ќе се оформуваат потенцијалите. Тука би била таа дебата - дали доколку некој е во вегетативна состојба треба да го исклучиме од апарати и да му дозволиме да умре (знаејќи дека веројатно нема да се врати во свесност, но сепак има некоја надеж), со тоа што кај зиготот, знаеме дека за кратко време целосно ќе се оформи во бебе (освен ако нема некој спонтан абортус или сериозна аномалија), или во она што конвенционално го сметаме за личност, човек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom