Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Не сум за Заев, а не сум ни за другион кој и да е :D

И јас мислам дека кај нас нема крај, ставаме од шупливо во празно...
А за колачот, јас немам намера да се натпреварувам чиј е поубав колачот, јас се ќе ти велам дека ти си подобар мајстор за колачи правење, не дека си подобар, туку да ти дигам его и да правиш повеќе, а ја уз кафенце да уживам :pos:
Море имаш рецепка за некоја си чоколадна баклава ја фалат многу?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Иам Наташке, ама кој ќе ја бара да ја препишуем, оти е од баба, прабаба, а од гла, ќе ја згрешам.

Како ма не си стокила од онолку благо јадење?

Ај, денес, утре најкасно ќе ти ја пишам у гурманско.

Кажи, шербет знаеш? Оној за пијање.

И да, и абортусот, и политиката, за кого ќе или не гласаш е избор. избор е и да не те интересира. Цел живот сме соочени со одредени избори. Зошто баш еден да ускратуваме?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Ете пак ти на крај имаш прашање кај треба јас да одговорам, а се договоривме нема веќе муабет на таа тема!

Каков бе шербет за пиење? Кажи ако знаеш да пробам...а за килажата уште мака си немам нит со диети се расправам :D Некне пробав од пред 15 години фустан, море ко излиен, ни грам се немам поправено :pos:
И дај пиши за баклавата, да ги онесвестам турЦкине комшики :D
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ај, да ме одмрзи, и да престанат да тврдат оние на темана за хомосексуалноста дека е навреда да речеш дека некој е болен. Или дека хомосексуалноста е болест било навреда, па ќе ја постирам.
Ај ја ќе опитам едни арапи за она шербетот шо го пијат какос е прај. За ко ќе идам накај натамум накај тебе да ме викниш на еден филџан.

И да, да завршам on a very positive and provocative note:

My Body, MY...you fill in the blank :D:D:D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Во никој случај не го оправдувам абортусот.
Требало претходно да мисли таа што зачнала, а не да скратува невин живот.
Го оправдувам само ако мора да се абортита и тоа од медицински причини ако со фетусот не е како што треба, во друг случај не.
Не знам дали веќе те прашаа, ама ајде, едно бонус:
Што ако е плодот резултат на силување?
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
НРММ има три презлатни ангели,
НРММ, ја сум професионален гатач, со ДИЦК сертификат, гледам на звезди, грав, кафе и какао. Само што ги фрлив графчињата за тебе и еве што викаат: Тебе стомачето ти пораснало на многу рана возраст, средно или максимум 20-21 година. Таква зелена, те убедија дека не чини да се абортира, може да приумреш, и оп, си го зачува. Наскоро, се намножија на 3 комада, ти качи 30 кила и стана професионалец во правење шопска и жта за домаќинот кога гледа фудбал. Во меѓувреме, многу од твоите другарки менуваа дечковци, го шетаа светов, ама ниедна не научи како тебе да ужива во животот на домаќинка. Дури една (Јана или Ана, не сум сигурен, слаба резолуција ми е гравот), отиде во Острејлија, зема контрацепција без пари од државата и се рока таму како утре да е крај на светот, зошто дури и абортусот и го плаќа државата фул. Затоа, ти денес сакаш да ги насочиш младите моми на правилен избор, да баталат тоа сексои и кариери, туку експресно да станат дебели женишта со сурија дечишта околу нив.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Воглавно јас сум против абортусот, од морално - хумани причини . Тоа е за мене сепак убиство на невин живот, а за нашиот мизерен наталитет уште и бројот на абортуси ни фали да се зголеми ...
Абортус подржувам само во исклучителни ситуации, како силување, или ако со фетусот има некакви медицински нарушувања ...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Воглавно јас сум против абортусот, од морално - хумани причини . Тоа е за мене сепак убиство на невин живот, а за нашиот мизерен наталитет уште и бројот на абортуси ни фали да се зголеми ...
Абортус подржувам само во исклучителни ситуации, како силување, или ако со фетусот има некакви медицински нарушувања ...
Мал си, не знаеш уште.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ќе научиш кога ќе пораснеш и кога некој ќе ти го одземе твоето право на избор за нешто.
 
L

Luki Junior

Гостин
Требе наталитет по секоја цена, иначе ќе не снема од картата. Сите требе да работеме дружно и дејне, а особено ноќе да ја врнеме славата и благосостојбата од минатото... :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Која ќе сака да абортира, ќе ја ставеме на стол како од Клокворк Оринџ, и ќе ја натераме да гледа слики и филмове. Ќе вбризгуваме допамин, додека на репертоаро ќе са различни филмове од типо на триумфо на волјата, па говори од доктор Гебелс, да не ги испуштеме и комунистичките филмове за силата на пролетаријато, па ќе се завршува со спотове од владините кампањи за подигнувајне на свеста кај народо... А у позадина патриотска музика, да се филува процесо, и да се задојува фетусо со национал-патриотски идеи. На крајо ќе има родилки у тип на кокошки несилки... За да и тргне на државата напред, оти тава е нешто свето...

Човек без избор (макар и лош, гаден, погрешен, злобен, идиотски избор) престанува да биде човек, а цигличка у еден идеолошки ѕид.
Ако некоја мома абортира, никој нема да ги поноесе психолошкио товар на тај чекор, освен самата... Ако не може да има деца у иднина, ќе нема деца поради сопствен избор, и медицински компликации..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Воглавно јас сум против абортусот, од морално - хумани причини . Тоа е за мене сепак убиство на невин живот, а за нашиот мизерен наталитет уште и бројот на абортуси ни фали да се зголеми ...
Абортус подржувам само во исклучителни ситуации, како силување, или ако со фетусот има некакви медицински нарушувања ...
Што е крив тој плод на силување, да биде убиен?!
--- надополнето: 14 октомври 2012 во 16:37 ---
Divider а каде е тука правото на детето ?
Детето добива свои права кога ќе стане - дете.
Ембрион и дете не се иста работа.

А по твојата логика, каде се правата на детето плод на силување, инцест, она со аномалии?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom