Џуда: Договор за името - можно пријатно изненадување на Балканот во 2011

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Џуда: Договор за името - можно пријатно изненадување на Балканот во 2011

Лондон, 4 јануари 2011 (МИА) - Балканот го надмина периодот во кој во секој момент би можело да дојде до обновување на насилството, можност од која Вашингтон и Брисел најмногу стравуваат, смета британскиот аналитичар и добар познавач на регионалните состојби Тим Џуда.

Според него, и мислењето на ЕУ е дека 2010 била задоволителна година на Балканот, се до првата половина на декември на Косово.

- Мислам дека настаните на Косово се најголем чекор назад. Обвинувањата за изборните измами и извештајот на Дик Марти му нанесоа огромна штета на Косово, така што најавените разговори меѓу Приштина и Белград, со посредство на ЕУ, ќе бидат многу посложени, истакна Џуда во интервју за Би-Би-Си.

Тој нагласи дека разговорите на релација Белград-Приштина би требало да бидат еден од најважните настани оваа година, но не очекува некој драматичен исчекор.

- Некакви разговори сигурно ќе се случат, бидејќи двете страни ќе бидат под притисок да им пристапат. Меѓутоа не верувам дека ќе резултираат со некој голем исчекор. Можеби ќе биде доволно тоа што разговорите воопшто почнале, додаде британскиот аналитичар.

За британскиот аналитичар најголема потенцијална опасност во регионот во 2011 година претставува Косово.

- Најголема опасност се зголемената политичка изолација на Косово и нејзините потенцијални политички последици. Ако Косово продолжи да заостанува зад остатокот од регионот, или пак другите земји почнат да се дистанцираат од новата косовска Влада, поради тврдењата за изборна измама и обвинувањата на Марти дека Хашим Тачи тргувал со човечки органи, тоа би можело да има долгорочни и непредвидливи последици, објасни Џуда.

Џуда смета дека минатата година за Србија најзначаен бил неуспехот пред Меѓународниот суд на правдата во поглед на косовската декларација за независност. Според него земјата оваа година ја очекува умерен успех и продолжување на евроинтеграциите и мало економско заздравување, иако веројатно без поголемо намалување на невработеноста.

Слично според оценката на Тим Џуда ќе биде и во Хрватска, чие членство во ЕУ тој го очекува во 2012 година. Настан на годината во Хрватска, додаде Џуда, секако е апсењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, што покажа дека премиерите на било која држава во регионот во иднина нема да бидат над законот.

- Црна Гора лани секако ја одбележи одлуката на Мило Ѓукановиќ, не да се повлече, туку повеќе би рекол „малку да се одалечи“ од политиката, објасни британскиот аналитичар.

Можни позначајни исчекори по повеќегодишен застој и стагнација Џуда гледа во Босна и Херцеговина.

- Се зависи од тоа дали меѓународната заедница посериозно ќе се посвети на Босна оваа година. Функцијата шеф на одделението на новата европска дипломатска служба за Балкан следната недела ќе ја преземе Милош Лајчак, некогашен словенечки амбасадор во Белград, посредник во црногорскиот референдум за независност и поранешен Висок претставник во БиХ. тој е човек кој добро го познава регионот и кој како таков ќе посвети големо внимание на Босна, изјави Џуда за Би-Би-Си.

Друго можно пријатно изненадување на Балканот оваа година би можело да биде договорот меѓу Скопје и Атина за спорот околу уставното име на Македонија, што е прашање на кое, според сознанијата на Џуда, е постигнат голем напредок во разговорите меѓу двете страни под покровителство на ОН.


4.01.2011

taratur.com
 

juve_persempre

▐ I am VIKING▐
Член од
17 февруари 2010
Мислења
296
Поени од реакции
83
Се некакви договори овие ,,паметните,, од европа не присилуваат да правиме демек тие се ,, добрите,, :jaj:
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Ne veruvam vo resenie, pricinite se opsto poznati, mnogu pati sme gi vrtele vo krug, taka da ne vredi da se povtoruvaat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom