Не ми се јасни овие вака шо им влагаат на џандари, што им објаснуваат не ми е јасно.
... точно така, нема што да се влегува така во такви ситуации во близок контакт со полиција, во рака го држел мобилниот телефон што цело време највероватно снимал!
Ne mu objasnuvase nisto, sakase da mu go dade shlemot.
... не знам со која цел вака коментираш, барем во овој случај против полицајците, зборувам само за овој изолиран случај:
... граѓанинот тргнал со снимање од мобилниот кон полицајците, мора да
снима за да ја подаде кацигата?
полицаецот дигнал рака, највероватно и извикал да застане граѓанинот, дали тој тоа го сторил? да застане и да му ја пружи кацигата ако му била таа намерата?
граѓанинот застанал на недозволена близина до полицаецот со мобилката во висина која снимал цело време при што лактот и кацигата ја држел како штит измеѓу него и полицаецот, при што мобилката ја свртел и кон другиот полицаец во близина снимајќи му го пендрекот...
граѓанинот не остапил, напротив понатаму со мобилката ја снимал целата ситуација сега кон вториот полицаец точно кон рацете т.е. пендрекот според висината... со што следи гурање од него и од уште еден позади за да остапи граѓанинот кој поради неговата возраст, висина и неспретност следел незгодниот пад и дочек на глава на асфалт, што можеби живот му значи на граѓанинот!
...дали е во ред да кон група полицајци собрани на задача да ја растурат собраната толпа, вака да навлезе граѓанин во близок контакт за да им даде само кацига? па што не застана еден метар од нив и нека ја пружи раката и нека им ја даде кацигата и тоа без снимање со мобилка што би требало да е забрането, не е тоа со некоја преодредена цел!