Џенталмен vs. Дама

Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Џентлмен е некој кој ќе направи да се чуствуваш опуштено во негова близина.
Сигурна си дека нема да ти се смее заради нешто, не се срамиш да ги кажеш и нај не-дамските работи што си ги направила и знаеш дека нема да те понижи поради тоа, се чуствуваш самоуверено, ти годи да си во негово присуство. Тоа е џентлмен.
Да ти ја задржи вратата, да те испрати после излегување, да знае како да се поздрави...на џентлменот природно му доаѓаат ваквите манири. Не треба да ги учи.
Не дека и наученото нема вредност, секогаш ни ласкаат такви ситници на нас жените, ама кога не е природно, се познава : )

Истово оди и на другата страна. Девојка со која се чуствуваш опуштено, не се срамиш да бидеш свој, со која се чуствуваш самоуверено - таа е дама.
Има многу "дами" што само знаат како да седнат со прекрстени нозе и да држат цигара Малена style. И само тоа. Од вакви само плачете по форумов дека ние девојките сме ве откачувале.
Ама сепак...
Ми се чини повеќе има девојки што би свртиле два реда муабет од куртоазија со некој што не им се допаѓа, отколку мажи што само од куртоазија ќе ти ја задржат вратата....
После 5 месеци ме се сменила перцепцијата.
Џентлмен го поврзувам со еманципацијата.
Тоа е у римско право овие шо биле деца на татково станувале суи јурис персони и више не работеле све за таткото него и за себе можеле да работат. Искачале од патриа потестас - од власта на таткото.
Така е и во денешно време. Еманципиран прво се поврзува со пари, образование, потекло, а тука и манирите. Секако, тој со добро потекло се подразбира дека би требало да има и добри манири.
Истото тоа на женска страна звучи и изгледа премногу дамски, али како викаат "вистинска дама е онаа што мириса на скап парфем што сама си го купила" па така и кај жените тоа е поврзано со пари, образование, потекло, манири.
Дури и стајлингот е дел од еманципацијата. Нема да најдеш некој еманципиран шо се движи наоколу ко партал, туку коа ќе биде увек стокмен, чист и пригодно облечен.
Тешко е да се еманципираш во оштество каде 50% од луѓето не размислуваат со сопствен разум. Тоа 18 години, стекнување деловна способност или еманципација, тоа кај нас е само про форма. Никој од нас не се еманципирал на 18. Џабе ни е шо веќе не мора родител да решава за нас на 18, кога 99% од нас ни треба продолжена родителска грижа, дур да се еманципираме во вистинска смисла на зборот во нашава ни државичка...
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Да ја тргнеме државата на страна, па дури и финансиите, ни останува да согледаме дека еманципираноста иди од внатре односно тоа ти е таа проживеаност на умот и на духот, а не на иднивидуаат како физичка целина.

Што значи тоа? Тоа ти е она ... таа излезе од село, но селото не од неа.
Или понародски кажано, ти не мора да одиш Париз, Лондон, Виена и не знам каде за да си прошетан, изнаживеан, еманципиран и со добри манири... не знам да потекнуваш од некое благородничко семејство или да си нафатиран т.е. полн ко брод.

Генерално, да си џенталмен, да си дама, да си еманципиран доаѓа од добро домашно воспитание - пред сè, од почит кон другиот и неговите потреби, од тоа дали и колку сакаш да му угодиш на другиот (независно дали машко или женско), а за тоа не требаат ниту пари нуту благородничко потекло, мада ДА, можам да се согласам дека во тие некои си аристократски кругови ваквото однесување му доаѓа нормално како „добро утро“. :)
 
D

Daedalus

Гостин
Јас во последно време станав многу религиозен, но ме исплашија, ми рекоа дека богатиот ќе стигне во рајот кога камилата ќе помине низ игла. И се уплашив малце бидејќи јас имам пари, со добро потекло сум и секако последователно на тоа, со добри манири. Сакам да бидам џентлмен ама ова со камилата да бидам искрен, малку ме уплаши. Дали треба да го дадам богатството на сиромавите, да го сменам својот стајлинг и одам низ белиот свет по партали за да го ширам Словото Божјо или има друго чаре? Тоа малце ме кочи, а сакам да бидам џентлмен, еве сега заработувам сам. Дечки, некој добар совет?
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
моментот кога ќе кликниш тука (photo)

upload_2016-12-13_2-47-57.png

пошто сакаш ваков вид на саркастична ироничност :P

п.с. раздај сè на сиромашните и оди кај другар ти од основно - шо ти удри шамар, да му го свртиш и другиот образ. во меѓувреме или пред тоа, купи ги сите игли на овој свет за да не мора камилите да поминуваат низ такви маки ;)

пожелно е, исто така, да се практикува и понекој Библиски цитат при овој сеопфатен подвиг :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дамата сака да биде третирана како дама во јавност, а како курва во кревет.
Да биде дама не значи да трчаш по нејзе со куферите нејзини, да и отвораш врата и љубиш штиклата црвена лакована, туку да бидеш нежен и внимателен со нејзе како награда за тоа што била курва во кревет.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
...рече најјакиот е**ч на форумов и пошироко :)))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom