Ќотекот излегол од рајот или?

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Јас сум многу толерантна мајка но нажалост некогаш се случува да плеснам едно по газот ради неслушање или направена беља.Потоа ми е криво и се прашувам дали сум погрешила,можеби требаше тоа да го решам со дискусија?
Како дете не бев тепана(чат пат од мајками пролетуваше по некоја:icon_lol: )а татко ми ме нема чепнато и пак имав и имам повеке респект и страв од него.
Дали треба децата да се плеснуват понекогаш или пак треба со дискусија да се реши стореното?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.370
Некогаш, кога дискусијата не вродува со плод - *здраво* е да се даде некоја воспитна на децата. Знам и по себе, и по многу други. Нормално, без никакво (грубо) насилство.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Убав збор, трпение. Никако ќотек.
Јас имам извонредна идеја за воспитување. Бидеувајќи каратистѕ, ќе си го тренирам детето/децата, за кога навистина докурчат, се неразбрани, на тренинг малку им објкаснам некои работи.

Инаку, се шалам, сум против ќотек како воспитна мерка. Се може со муабет да се реши. Се тепаат животни, вол во купус, овца во детелина, магаре на мост, никако деца.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Garfield напиша:
Убав збор, трпение. Никако ќотек.
Јас имам извонредна идеја за воспитување. Бидеувајќи каратистѕ, ќе си го тренирам детето/децата, за кога навистина докурчат, се неразбрани, на тренинг малку им објкаснам некои работи.

Инаку, се шалам, сум против ќотек како воспитна мерка. Се може со муабет да се реши. Се тепаат животни, вол во купус, овца во детелина, магаре на мост, никако деца.
Garfield јас не зборувам за тепање детето да се залисува од плачење,о бог да чува тоа не!И верувам дека не постои ниеден родител шо не го удрил своето дете.Јас сум исто против тепање во буквална смисла но за „тресење на прашина од газот„сум(иако тоа многу ретко се случува кај мене)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас убаво те сфатив, ама сум против секакво тепање, дури и прао од газо да се зачисти. Особено што оној мојон дома е чувствиетелен, многу умен, слуша, не прави бељи, греота е да се повиши тон, камоли друго.
Зотш е таков? Па, мајку му, воспитание од мама (татао кога е у МК), само со арно и трпение и разбирање. За да не излезеат нештата вон контрола.
Јебига, мој став.
Би грбаел некој на улица до смрт, ама дете не би можел да удрам, ни по газето.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Сум го удрил неколку пати по газето (тоест по памперсот), а и два-три пати по раче, ама ова второво повеќе мене ме боли отколку него.

Не оправдувам казнени мерки од тој тип, а користам само во краен случај - доколку намерно ме игнорира или ми тера инает. Како на пример упорно отварање на фрижидерот и траскање на вратата од ѕид. Ќе опоменеш еднаш, двапати, трипати, петпати - потоа ќе го искараш, а мојов само ќе дочека да завршам со „лекцијата” и пак да се врати и да ја ака вратата од фрижидерот. Е тогаш ќе го удрам еднаш, и повеќе плаче од инает и од навреда отколку што го здоболело, пошто пазам и го удирам колку да се рече.

Ако имате некој друг начин за справување со вакви инаети аман кажувајте, оти мене ми се приплакува кога треба да го плеснам.
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
spooky напиша:
Сум го удрил неколку пати по газето (тоест по памперсот), а и два-три пати по раче, ама ова второво повеќе мене ме боли отколку него.

Не оправдувам казнени мерки од тој тип, а користам само во краен случај - доколку намерно ме игнорира или ми тера инает. Како на пример упорно отварање на фрижидерот и траскање на вратата од ѕид. Ќе опоменеш еднаш, двапати, трипати, петпати - потоа ќе го искараш, а мојов само ќе дочека да завршам со „лекцијата” и пак да се врати и да ја ака вратата од фрижидерот. Е тогаш ќе го удрам еднаш, и повеќе плаче од инает и од навреда отколку што го здоболело, пошто пазам и го удирам колку да се рече.

Ако имате некој друг начин за справување со вакви инаети аман кажувајте, оти мене ми се приплакува кога треба да го плеснам.
Што збориш... ова ангелче така да прави... не ми се верува... вакво мило и невино дете да се инати... е стварно не ми се верува...:pos: срценце

Залепете го фрижидерот со дебела трака, или осигурајте го нешто за да неможе да го отвори... ептен е малечко, ама пак треба да му се објаснува иако на секое ќе ти вика а...а...
Не знам, немам деца.
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Наташа напиша:
Јас сум многу толерантна мајка но нажалост некогаш се случува да плеснам едно по газот ради неслушање или направена беља.Потоа ми е криво и се прашувам дали сум погрешила,можеби требаше тоа да го решам со дискусија?
Како дете не бев тепана(чат пат од мајками пролетуваше по некоја:icon_lol: )а татко ми ме нема чепнато и пак имав и имам повеке респект и страв од него.
Дали треба децата да се плеснуват понекогаш или пак треба со дискусија да се реши стореното?
Јас мислам си погрешила. Сети се ти кога си била дете, ако те удреле може ти било страв да го направиш тоа ДОДЕКА гледаат твоите (односно тие што те плеснале) НО кога ќе нема никој токму тоа ќе го повториш пак, само затоа што плеснувањето ти го врежало во меморија!
Забранетото е секогаш најслатко, тоа важи и кај децата и кај возрасните..

Подобро е некако со финта да го отргнеш од тоа за што би го или ја плеснал по газот, па ако се дрзне пак, пак со финта, и со текот на време ќе заборaви и ќе загуби интерес тоа да го прави. Доколку ја плеснеш нема никогаш да заборави и рачунај дека еднаш за тоа што била казнет(а) МОРА да го направи, па нек сибит..

:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Jas sum rodeitel, cvrc!! I?
I ne tepam, 6 i pol godini e, nit sum udril, nit ke udram, no, najsetne, mozebi imame razlicni nacini na vospituvanje. Mojot, za mene i sin mi uspeva zasega fenomenalno.
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Не е котекот од рајот едноставно Со муабет можат да се средат сите проблеми Јас во моите дваесет и кусур години не сум удерн од моите на секоја белја или глупост шо сум ја направил тие седнувале со мене и Разговарале но никогаш не имало котек надобро да воспиташ дете е со разговор едноставно да му се разоткриеш дека го сакаш даму даваш совети да го запознаеш со вистинскиот пат на животот уште од мали деца а не да го учиш на насилство Не Удирајте ги децата па било каква белја да напраат седнете со нив и разговарајте Затоа сте ги Донеле на овој свет едноставно предајте го своето животно искуство на децата со разбирање со зборови повториму ја лекцијата 1-2 ако треба и 10 пати тоа ке му влезе во глава ке биде добро воспитано но тоа треба уште од мали нозе а не на секоја грашка Удри едноставно со тоа ја губи довербата во својот родителите и се престрашува и после кога ке биде малку поголемо детето има некој проблем ке му биде страв да го подели со своите родители нема да знае како ке реагираат......


Со Ќотек не се воспитува дете Само зо Разговор

Котекот дефинитивно не е од рајот
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.568
Поени од реакции
7.418
Не знам, верувам дека е субјективно, но во мојот случај и тоа како ќотекот беше дојден од рајот.:icon_lol: Бидејќи бев доста "мирно" дете често бев добро васпитаван, што последиците ги осетив многу подоцна, кога станав младич, по 17тата да речеме. Тогаш сватив каква улога играл ќотекот во мојот живот, ме научил на нешто кое сум го сватил подоцна, ме научи да сватам како треба да се понашам во одредени ситуации, како да постапам, како да се однесувам према другите и што значи колективна одговорност.:icon_lol:

Шалата настрана, го оправдувам, но исклучиво за деца кои претеруваат и се доста инвентивни во нивното детство и изобилуваат со случки и настани кои на запад секако и во најмала рака ќе бидат веднаш санкционирани со посети кај чичо психолог. Типичен пример би бил јас.

Сепак, кај нас таквите работи се окарактеризираат како нормални за деца кои се темпераменти, но треба да се васпитаат добро кога се мали да подоцна да израснат во културни и здрави луѓе.
 

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
јас сум од оние деца кои израснаа со повеќе дијалог помеѓу мене и татко ми претежно...и по малку ќотек кога го заслужував...па претерував понекогаш и навистина го заслужував....бев доста темпераментно дете прете и водев инает за некои работи,иако знаев дека не бев во право и дека некои работи не смеам да ги правам ама пуста од радозналост ке згрешев и нормално еднаш грешиш два пати е после тоа нема веке дијалог....но со текот на годините и нештата се променија...последен пат се секавам ни удри ќотек мајка ми кога бев 10 години...е тоа е едниствен ќотек од неа ама ме вразуми убаво...бев направила тешка глупост...е сега оправдувам ќотек ама не таков насилен...онака по газ...нели газ душа немал...по рацете кај помалите деца, на кои сто пати да им се каже не е убаво да го правиш тоа или таму не се чепка ама пуста детска радозналост...или кај две три сестрички братчиња кои нон стоп се караат, и те излудуваат, а имаат се и се им е овозможено на сите подеднакво, а си љубоморат мегу себе е тогаш малку котек и не е на одмет да разберат некои работи...
инаку не ги оправдувам тие кои од чиста мира ги тепаат своите деца секојдневно демек така ке се научи на ред и сакаат исто да прави тие како што ке кажат дека треба..тоа е веке мазохизам...и ненормална работа....
треба едноставно да му се даде до знаење на детето што е во ред што не е...прво со зборови...али секогаш не успева...и кај секое дете не... во секој случај...малку ќотек не е на страшно...мене ништо не ми фали...само ми помогнало во некои моменти дека навистина некои работи не се во ред....
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Морам да кажам дека зависи и кое дете . . . од дете до дете има огромна разлика, има деца кои се разбираат со збор, има такви со кои треба малку повеќе да се помачиш ама има и деца-монструми кои не разбираат и 100 пати да им кажеш со убаво. Абе за таквите само ќотек !
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Cotekot izlegol od Rajot zatoa sto ne bil dobar!
Razgovarajte so decata,objasnuvajte,raskazuvajte,imajte trpenie. Nikoj ne saka da bide navreden nitu povreden,pa ni vasite deca.I tie se licnosti-pocituvajte gi. Sekoe krevanje raka gi povreduva,im ja ranuva dusickata.
Niedno dete ne e monstrum! Od nego moze da proizleze takvo odnesuvanje samo kako posledica na monstruoznoto odnesuvanje na vozrasnite so nego.
Da bil dobar,cotekot bi bil vo rajot seuste!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom