Ќе се гради Филхармонијата во Скопје

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Вест 28.11.2007 напиша:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА ИЗВЕДУВАЧКИОТ ПРОЕКТ [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Темелите за Филхармонијата напролет [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Авторот на идејното решение на зградата на Македонската филхармонија Виктор Михајлов го донесе во Министерството за култура комплетното досие на идејното решение како финален продукт, по што Министерството веќе распиша и меѓународен тендер з[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Авторот на идејното решение на зградата на Македонската филхармонија Виктор Михајлов го донесе во Министерството за култура комплетното досие на идејното решение како финален продукт, по што Министерството веќе распиша и меѓународен тендер за изработка на изведбениот проект. Со сите термини по законската регулатива која го вклучува и тендерот за изеведувач на зградата на Македонската филхармонија, според државниот секретар за култура Елизабета Канческа - Милевска, одговорна за капиталните објекти во културата, со изградбата би се почнало некаде пред летото.
Македонската филхармонија ќе се гради на платото пому Македонскиот народен театар и Комерцијална банка, како и што беше предвидено уште во времето кога се градеше МНТ.
Проектот на Михајлов, кој на конкурсот беше под шифра Харфа, всушност покривот на објектот гледан одозгора, од птичја перспектива, има скулпторско решение со знаковност на харфа, а големите стаклени површини создаваат впечаток како покривот - харфа да лебди над просторот. Во проектот Македонската филхармонија ќе има две концертни сали: голема со 1.100 седишта и мала со 300 седишта.
Ова идејно решение на Михајлов во специјализираното германско списание "Архитектонски билтен" е влезено меѓу четирите најдобри решенија во Европа, заедно со решенијата за филхармониски сали во Хамбург (Германија), Париз (Франција) и во Шчецин (Полска). (Ц.З.)
[/FONT]
Па редно време беше И филхармонијата да се удоми ко прво по долгогодишно користење на домот на армијата. Ко второ и многу побитно во истиот тој процес ќе се освежи скопската архитектура со тоа што ќе добие едно од најдобрите модерни решенија за филхармонии во европа.
А голема чест ќе ни причинува тоа што и целиот архитектонски проект е осмислен од македонски архитект.
Јас не успеав да најдам поубави слики ако можете да најдете ќе ве молам да ги постирате, бидејќи сметам дека навистина интересно изгледа.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Џабе ќе ја градат и ќе трошат пари, ќе фаќа прашина и ќе собира глувци како и сите други културни објекти. Прво нека ги средат состојбите во културата и уметноста, после нека градат објекти.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Мистичен не знам колку знаеш ама секој четврток има концерт и е скоро секогаш полно, ова го знам поради тоа што другар ми хонорарно работи на гардероба. И ова би требало да биде всушност комплетирање на сите културни објекти што треба да ги има еден главен град, што е и предуслов за функционирање на културата и уметноста.
Но темава намерно ја ставив во Архитектура, бидејќи повеќе сакав да се обрати внимание на тоа дека изградбата на еден ваков објект би била една доста голема архитектонска придобивка на Скопје после неговото големо архитектонско деградирање.
Како и да е чекам коментар и од главниот архитект на форумов.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Точно. Има интерес редовно. Со мала рекламна кампања ќе има уште поголем. Плус за придвижување на културата, мора да се има инфраструктура. Може да се свири на улица, ама не може цел оркестар.

Само јас сепак мислам дека нема да се случи нова зграда, јбг, песимист сум :toe:
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Џабе ќе ја градат и ќе трошат пари, ќе фаќа прашина и ќе собира глувци како и сите други културни објекти. Прво нека ги средат состојбите во културата и уметноста, после нека градат објекти.

И ја мислам така само џабе пари ке се трошат
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И ја мислам така само џабе пари ке се трошат
Само да те потсетам дека ако парите не се “фрлат“ за култура, ќе влезат во нечиј приватен џеб. А кога веќе пари константно за ништо нема, сметам дека е попаметно да се изгради објект наменет за култура па макар фаќал прашина и глуфци како што вика Мистичен. Тоа ќе остане и коа ќе дојде СДС, Дуи или не знам кој на власт.
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Само да те потсетам дека ако парите не се “фрлат“ за култура, ќе влезат во нечиј приватен џеб. А кога веќе пари константно за ништо нема, сметам дека е попаметно да се изгради објект наменет за култура па макар фаќал прашина и глуфци како што вика Мистичен. Тоа ќе остане и коа ќе дојде СДС, Дуи или не знам кој на власт.
друже секој си има свое мислење...по арно за нешто др во областа на културата да ги уложат али јбг не сме ние тие што треба да одлучиме што да правиме:wink:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
друже секој си има свое мислење...по арно за нешто др во областа на културата да ги уложат али јбг не сме ние тие што треба да одлучиме што да правиме:wink:
Ако де, дебатираме. За што мислиш дека е попаметно да се потрошат тие пари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom