Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.431
Името... Војна се извојува за тоа име. Скандинавците имаат по две имиња, две имиња и се одлучија. И двете се скандинавски, јас ги избрав, ми немаше никаква смисла да ставам македонски имиња, едонставно не одговараат. Поминав месеци додека мајка ми го научи и запамти едно од нив, она кое јас го одбрав како прво име. Јас бремена осми месец, деверот ненадејно почина и нормално, мојов почна да инсистира детето да го крстиме по него. Позитивно: името е подолга верзија од второто избрано име, негативно: долгата верзија од името звучи смешно на македонски и детето би ми било изложено на спрдња во Македонија. Ај некако се согласив на долгата верзија, односно името на деверот, ама моите не престанаа да серат. Капак на сѐ беше кога мојов ме замоли да го ставиме името на брат му како прво име, понесена од хормоните и муабетите од моите, ја дигнав болницата во воздух. Плачење, лоши зборови, пичке материне јас го носам толку месеци и се мачам за него и јас ќе одлучам како ќе се вика... И одлучив. Откако се породив, ги потполнивме документите, името кое јас го избрав беше ставено прво, се потпишавме и не ги испратив документите. Го сменив името без да знае он, а неговиот потпис веќе стоеше на документот. Го прекрстив детето во Princess Consuela Banana Hammock... Not! Му ја исполнив желбата (и тоа го напишав оригинал со нивните букви, што е нечитливо за нас), а со тоа направив и еден од најголемите компромиси во животов, ми се чини. Видов колку му е битно и колку му значи откако му кажав и го расплакав.
Ова со скришното менување на името е исто како сцената од Луд Збунет Нормален каде шо Изет внукот го крсти Джема Бранко :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Марија, Зоран и Јана
Првото мој ќеиф, второ мушки ќеиф, трето и на двајцата ќеиф.
Две супер имиња за кој имаме супер песни за да се оштети џигерот на нивен роденден или именден :D
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Прва опција: Перун или Весна
Втора опција: Световид или Морана
Трета опција: нема
А Сварог?

Мора да имаш добро презиме (y)

Перун Шушлевски или Морана Гарванлиева-Теодосиевска не иде баш, бар не мене.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.223
Поени од реакции
22.403
Кој фактор се па стариве за по нив да носи име мое дете?
По дедо му ќе го крстиме, божем дедо му бил крал на Шпанија па ај сеа ќе го крстам детето Цветко.

Истотака сум против кумот категорично да дава имиња. Јас не верувам слепо у тоа кумот да се величи и става на пиедестал ко он да е родител. Постариве поготово, на кумот гледаат ко на бог. Во ред е.
Ај сеа треба јас забава да му праам на кумот за он по некои негови причини да крсти дете Живко. И што треба јас утре на мојот 10-15 годишен син со надимак Жиле да му објаснам зошто се вика Живко? Зошто на кумот татко му или па самиот кум се вика Живко.
Еднаш ја закачам баба ми, викам абе бабо како си можела на тато и тета имиња да им дадете Душко и Верица и ми вика па кумот така кажа, и викам па што има врска тоа... и ми вика како бе така па кумот што ќе каже така треба да биде, неговото е последно. Пошто кумот што ги крстел татко ми и тетка ми имал родители со такви имиња, па еве сеа и децата.

Затоа татко ми поучен од искуството негово, ми одбрал таман име иако кумот донел список со просечни имиња, Гоце, Александар, Иво и сл.
Така да, гордо го носам името на Кемпес, Баслер, Загало.

Сеа некој ќе рече абе името е само име. Да, затоа што ти се викаш Александар или Марија а не Момчило и Параскева.
Истотака ме нервира ставање на име на дете затоа што се родил на некој празник. Сеа пошто детето се родило на младенци, јас ќе го крстам Младен така? Или Атанас или Ѓорѓија или Кузман.
И тука сум имал среќа пошто ако оделе слепо по тоа правило и ме крстеле по денот кога сум роден, 6ти јануар, имало да убијам некој ако сум добил име Коле или Бошко.

Сега во последно време се враќаат старите имиња што мене лично ми се убави. Поштувам и малце помодерни имиња ама без претерување. Као прво ние имаме глупи презимиња за такви модерни и фенси имиња. На што личи Анисија Цветковска?

Мене ми се свиѓаат, Андреа за двата пола, Ана, Лина, Матео, Антонио, Мило.
Поштовањето кон кумот е стара традиција најверојатно од турско останата. Ритуалот колку што знам е дека кумот купува некои работи за младнеците или дава пари за свадбата па затоа и во драмана Болен Дојчин на улица го начекуваат и го кандисуваат да им е кум а тој стегнат нејќе алтан да даде :icon_mrgr:
Е сега менталитетот на стариве особено во тие финансиски тешки времиња (каде што требало да се испочитува традицијата по секоја цена зашто инаку ќе пукнел срам по село ) кумот се гледал како боготац заради фиансиската поткрепа и затоа му се давало правото да го крсти дететето и да фрли некој кеш за таа чест.
Во денешно време тоа со кумството е чиста формалност како и останантите локални традиции од веридбата па до свадбата.

Така да, гордо го носам името на Кемпес, Баслер, Загало.
Балотели, Манџукич, Гомес ... :icon_mrgr:


Ај сеа треба јас забава да му праам на кумот за он по некои негови причини да крсти дете Живко. И што треба јас утре на мојот 10-15 годишен син со надимак Жиле да му објаснам зошто се вика Живко? Зошто на кумот татко му или па самиот кум се вика Живко.
Ама затоа пак многу е кул старец од 80 години да се вика Јовче, Николче, Лео, Тео, Стиви, Кори и баба да се вика Цеце, Срна, Кјара, Трејси.


Анисија Цветковска не личи на ништо исто како што на ништо не личи ни Борис Џонсон, Layvin (Лајвин ? ) Kurszawa, Јусуф Поулсен и уште еден куп примери на име и презиме што од национален и културолшки аспект немаат никаква врска.
Затоа сите традиционални имиња си идат во комбинација со традиционални презимиња од исто потекло.
Затоа доколку сака некој детето да му има интернационално име може да ги користи латинските верзии на христијанските имиња и нема да има грешка со читање и изговарање од странци ( Антонио, Марио, Марко, Матеј - Матео, Андреј - Андреа, Лука, Стефан .... ).

А секако најдобро е да се држиме до традицијата (како што се држат 90% од народите во светот) и до изворните словенски имиња бидејќи тие се дел од идентитетот но секако Цветанка не звучи убаво како Флор, Божидар не звучи убаво како Теодор - Тео ...
Автоматски споено мислење:

Јасно, но сепак самото опшество е криво, каде да ја насочам вината за тоа освен кон опшеството. Можеби полека насекаде се губи традицијата за тој вид на имиња, но тоа е производ на сеопшто губење на некои минати вредности, не дека се срамат од таквите имиња, тргни од нашите соседи, тргни од источните земји. Кај нас ова одамна се случува, мои генерации од типот што се сега 20 години имаат имиња кои не се традиционални македонски, туку западњачки.
Подетално ако те интересира овој да го наречам феномен можеш да го приметиш на изводите на крстени деца од завод за статистика од кралска Југославија па се до 1990.
Србија , Црна Гора, делот од Бих и Македонија каде што живеело православно население во 20-30-40-50ти години има најчести словенски машки и женски имиња за подоцна 60-70-80ти да се промени во грчки и латински. Како се повеќе се менувал светот и влијанието од надвор така и трендот на давање имиња.

Кај Власите предпоставувам дека најдолго се имаат задржано традиционалните имиња.
Автоматски споено мислење:

Перун и Световид, супер имиња за свештеници пратени на миротворна мисија низ Месопотамија.
Ама затоа Тор, Рагнар и Тирион се доживљај.
Автоматски споено мислење:

А Сварог?

Мора да имаш добро презиме (y)

Перун Шушлевски или Морана Гарванлиева-Теодосиевска не иде баш, бар не мене.
Затоа на вакви презимиња идат Трајко, Стојанка, Цвета, Трпко.
За такви имиња чешките и словачките презимиња се најпогодони.
 
Последно уредено:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.733
Две супер имиња за кој имаме супер песни за да се оштети џигерот на нивен роденден или именден :D
Не само џигер, пиштоли се вадат, па додека смирам ситуација, ехеее :icon_lol:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.731
Поени од реакции
24.345
Поштовањето кон кумот е стара традиција најверојатно од турско останата. Ритуалот колку што знам е дека кумот купува некои работи за младнеците или дава пари за свадбата па затоа и во драмана Болен Дојчин на улица го начекуваат и го кандисуваат да им е кум а тој стегнат нејќе алтан да даде :icon_mrgr:
Е сега менталитетот на стариве особено во тие финансиски тешки времиња (каде што требало да се испочитува традицијата по секоја цена зашто инаку ќе пукнел срам по село ) кумот се гледал како боготац заради фиансиската поткрепа и затоа му се давало правото да го крсти дететето и да фрли некој кеш за таа чест.
Во денешно време тоа со кумството е чиста формалност како и останантите локални традиции од веридбата па до свадбата.


Балотели, Манџукич, Гомес ... :icon_mrgr:



Ама затоа пак многу е кул старец од 80 години да се вика Јовче, Николче, Лео, Тео, Стиви, Кори и баба да се вика Цеце, Срна, Кјара, Трејси.


Анисија Цветковска не личи на ништо исто како што на ништо не личи ни Борис Џонсон, Layvin (Лајвин ? ) Kurszawa, Јусуф Поулсен и уште еден куп примери на име и презиме што од национален и културолшки аспект немаат никаква врска.
Затоа сите традиционални имиња си идат во комбинација со традиционални презимиња од исто потекло.
Затоа доколку сака некој детето да му има интернационално име може да ги користи латинските верзии на христијанските имиња и нема да има грешка со читање и изговарање од странци ( Антонио, Марио, Марко, Матеј - Матео, Андреј - Андреа, Лука, Стефан .... ).

А секако најдобро е да се држиме до традицијата (како што се држат 90% од народите во светот) и до изворните словенски имиња бидејќи тие се дел од идентитетот но секако Цветанка не звучи убаво како Флор, Божидар не звучи убаво како Теодор - Тео ...
Автоматски споено мислење:


Подетално ако те интересира овој да го наречам феномен можеш да го приметиш на изводите на крстени деца од завод за статистика од кралска Југославија па се до 1990.
Србија , Црна Гора, делот од Бих и Македонија каде што живеело православно население во 20-30-40-50ти години има најчести словенски машки и женски имиња за подоцна 60-70-80ти да се промени во грчки и латински. Како се повеќе се менувал светот и влијанието од надвор така и трендот на давање имиња.

Кај Власите предпоставувам дека најдолго се имаат задржано традиционалните имиња.
Автоматски споено мислење:


Ама затоа Тор, Рагнар и Тирион се доживљај.
Автоматски споено мислење:


Затоа на вакви презимиња идат Трајко, Стојанка, Цвета, Трпко.
За такви имиња чешките и словачките презимиња се најпогодони.
Што фали на Тор? Ако во животов имам уште еден син, ќе се вика Рагнар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom