Ќе се брендира симит-погачата

Член од
12 мај 2014
Мислења
1.005
Поени од реакции
1.799
Да не е во близина до порано имаше млечен ресторан Танго и Кеш (незнам дали сеуште е во функција)?
Тука е блиску. Танго и Кеш сега се вика Бродвеј, па после него е Плазет (тука има убав донер) и одма после Плазет е фурна Чаир. Само да ти кажам да не очекуваш премногу сега, мислам дека падна малце квалитетот. Ама ти препорачувам да пробаш :D
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Тука е блиску. Танго и Кеш сега се вика Бродвеј, па после него е Плазет (тука има убав донер) и одма после Плазет е фурна Чаир. Само да ти кажам да не очекуваш премногу сега, мислам дека падна малце квалитетот. Ама ти препорачувам да пробаш :D
Додека живеев во Железара секој ден минував по таа улица низ Чаир, сега многу ретко ме нанесува патот таму ама ќе пробам обавезно...данке за информацијата !
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Во Чаир се прави најубавата симит погача... докажано, проверено, од дамнешни времиња
:pipi:

Е вакво нешто со јогуртче од 10 денари.... мераци:X3:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Скопски феномени:

НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО ... СИМИТ ПОГАЧА Емотикон smile !!!

Тие што не знаат што е симит-погача не треба да се чувствуваат навредени. Тие не се сељаци. Може да се задоцнети градски деца, може да живееле во други градови, а можеби имаат и друго алиби. Но, во секој случај, не се скопјани Емотикон smile . Можеби вака не би требало да почнува ниту еден текст за нешта што се јадат. Вакви, како од манифест извадени зборови со апологетски призвук, не му личат на лебот, ниту на питата. Но, симит-погачата не е леб, а не е ни пита. Лебот е симит, а питата – погача, а симит-погачата е целина. Симит-погачата не е само храна. Тоа е институција. Дури и називот, иако потекнува од турско време и е кованица од турскиот јазик, нема да го разбере некој кој само знае турски. Па, во Турција симит е и ѓеврекот, а во Истанбул на двете места каде што се продава симит-погача напишано е “скопска симит-погача”. Тоа е за појаснување, но и да ми потврди тоа што мислам дека е симит-погачата – автентична скопска институција.
Вака отприлика ми изгледаа полемиките со скопјани и други кога објаснував дека симит-погачата е нашиот, скопски локален бренд, кој веќе е извезен како скопски во Истанбул, Призрен и на други места. А, за чудо, не и во Тетово и Битола, на пример. И додека сељаците беше лесно да ги исклучиме од стриктно градскиот муабет со самото спомнување на чкембе-чорбата, со луѓето од други градови беше секогаш потешко. Така, на еден професор по англиски, кој го фалеше јазикот кој го подучуваше, сето тоа му изгледаше како леб со леб. Но, сепак, немаше идеја како се јаде и не признаваше пред многу млади деца дека јазикот кој го подучува нема соодветен назив за нивниот градски секојдневен појадок. На еден тетовец со дуќан во Лесковац требаше да му се објасни дека тоа не е “преку леб – погача” и дека скопјаните се разгалиле самите оти немало кој да ги разгали.
Сите кои владееле, а патем и палеле и рушеле, биле заинтересирани за Скопје, но не и за скопјани. И затоа, иако владееле, никогаш не ги придобиле. Токму симит-погачата не научила никогаш да не бараме повеќе од она што ни следува, а тоа е нашиот град – Скупи, Ускуп, Скопље, Шкупи или Скопје. Сметам дека имало полза од сите мои расправии за симит-погачата: кај камените куќи во Ѓирокастро, покрај Нил во северна Африка, гледајќи ги убавините на Одеса…

Успеав да заразам неколкумина, иако симит-погачата, што по нарачка, со авион, од Скопје, преку Истанбул, пристигна во Њу Јорк, беше два дена стара и камен тврда. Но, носталгично вкусна. Потоа, секогаш кога ќе дојдоа во Скопје, тие ќе побараа да појадуваат од “тоа”. Притоа, со именувањето на симит-погачата со лична заменка, како да се срамеа и да ја изговорат како што треба, зашто знаеја дека ние тука не само што ја јадеме, туку и ја живееме.
Носталгијата е само едниот можен коментар. И најболниот. Симит-погачата, освен историска, има и политичка, меѓуетничка, генерациска и многу други конотации. Симит-погачата е богата сторија, но штета што ние, скопјаните, не можеме да ја раскажеме до крај. Ние сме зафатени, чекајќи во ред кај чичко Иљо и Марјан на Бит Пазар, за најдобрата симит-погача, која го преживеа модернизмот на фастфудот. Еј, па таму симитот уште го прават со маја. Рано наутро или многу доцна навечер, пред зазорување. Инаку, ќе им објаснувавме на сите дојденци, случајни или оние за владеење – од паши, кметови, владици, муфтии и сега градоначалници и други политичари – за симит-погачата, притоа задолжително следејќи ги како ја јадат. Да не ја јадат случајно многу доцна, одвоено и со вилушка или, не дај Боже, со боза. Ќе им кажевме дека чичко Иљо со транспарентното приготвување на погачата и симитот градеше (и) меѓуетничка доверба. Дека го преживеа модернизмот упорно инсистирајќи на мајата за симитот, додека неговите конкуренти приготвуваа поевтини, поголеми симит-погачи, но и креираа конспирации за него и неговата симит-погача.
Ќе кажевме и дека традицијата сега живее во постмодернизмот, а ние се уште таму чекаме на ред. Не има секакви. Пијани кои глумат трезвени со уредно чекање во редицата пред фурната; постари луѓе штотуку излезени од утринската молитва, помлади од диско.
Сите непознати, но ниту еден туѓинец.

Текстот е превземен од еден комшија ... СТАР СКОПЈАНЕЦ(ve molam spojte so istoimena TEMA ako ja ima tuka)
http://moirecepti.mk/post/симит-погача
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Процедурално, има ваква тема
epe ajde de,neka se spoj...
mene tekstov mi bese mnogu interesen za spodeluvanje...
inaku koga mozam i le se najdam na mesto kaj sto ima obavezno kupuvam.
Ili pak sto ne ja brisat ovaa tema...a za drugi znaat,
Mnogu strani ima vo gurmansko i ne mi se bvrteva site,a koga objavuvas nesto za nova tema ne iskaca kako porano deka ja ima.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Бурекџилница Рамче... е овде се прави најубавиот Симит во Чаир :) Ѓевреците и симитите им се трошат ко алва, бурек ретко кој зема. Не е премногу мрсен, нит е премногу сув, таман е.

Се наоѓа измеѓу ул. Крсте Асенов и ул. Емин Дураку на минутка од бензиската на Макпетрол.

20190903_132527.png

У Фурна Чаир го расипаа Симитот, толку го прават мрсен што во уста не се става, нит топол се јаде ни ладен :(
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Бурекџилница Рамче... е овде се прави најубавиот Симит во Чаир :) Ѓевреците и симитите им се трошат ко алва, бурек ретко кој зема. Не е премногу мрсен, нит е премногу сув, таман е.

Се наоѓа измеѓу ул. Крсте Асенов и ул. Емин Дураку на минутка од бензиската на Макпетрол.

Прегледај го приврзокот 216526

У Фурна Чаир го расипаа Симитот, толку го прават мрсен што во уста не се става, нит топол се јаде ни ладен :(
Во фурна Чаир е одличен симотот, но да, мрсен е многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom