Ќе се брендира симит-погачата

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Симит-погачата е оригинален производ, а таа носи во себе повеќе пораки.


Симит-погачата е во процедура да биде заштитена како автохтон скопски производ.

-Не е само одлика на скромност и задоволување со малку. Таа е симбол на еднаквоста, еднакво е достапна секому, по состојките е универзална, а по хранливоста ефикасна. Синтагмата леб во леб можеби најдобро може да го отслика значењето што го емитира. Таа по состав е иста, тесто со тесто, а сепак сосема поинаква и најдобро е кога тие различности се споени во едно, кога се сфаќа дека тие не се исклучуваат и оти само заедно се ефикасни, полезни и вкусни, вели претседателот на Здружението на еснафи „Еснаф“, Мухедин Брава.

Извршниот директор на Здружението Соња Кушовска – Трајковска вели дека, покрај симит-погачата, во иднина планираат брендирање и на други производи кои се автентични за нашето поднебје.

- Имаме поднесено иницијатива до Музејот на Македонија за брендирање на симит-погачата како оригинален скопски производ, и тој проект ќе го работиме заедно со Музејот. Покрај симит-погачата, во иднина планираме да брендираме и други автентични македонски производи – рече Кушовска – Трајковска

Музејот на Македонија потврди дека здружението „Еснаф“ има поднесено таква иницијатива, и таа е влезена во годишната програма за работа на Музејот.

- Моментално се работи на разработка на проект за наоѓање цврсти докази за потеклото на симит-погачата, со кои ќе го поднесеме барањето до Министерство за култура за да влезе проектот во националната програма за 2015 година, велат од Музејот.

Во петокот се одржа манифестацијата „Симит-погача – чаршиски гастро-сувенир“, како дел од „Чаршиската есен“ во која се планирани неколку разни манифестации.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/173953-Ke-se-brendira-simit-pogacata-
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Уште да останеше мајстор за симит-погача во Скопјево добро ќе беше...
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.499
Кифла ставена во лепче за хот-дог, исто така специјалитет кој мора да се брендира.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Оригинал симит погача се прави со наутлија (лепче со наут) и тегнати кори како за бурек. Арно ама умре занаетот за месење со наут па така умре и оригинал симит погачата
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
јадам симит , филм ми е од време на време али реално, не е ништо вредно за брендирање. Да беше нешто посебно до сега бугарине на кур ќе се качеа дека они го измислиле.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.359
Поени од реакции
38.333
одсекогаш сум им се чудел на овие што земаат ова, место да земеш четврт бурек и јогурт да се накркаш како човек
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Па нели симитот беше Турски рецепт? @babsyy :unsure:

Сеедно, мене ми се свиѓа јадењево, и знам еднаш или двапати годишно да си се почастам со симитче :icon_mrgr:
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Остај то, пак види ги оригинален скопски производ, ај ќерата. Демек од таму ги научиле и сељаниве другиве по земљава како се прајт. Абе ој мафнете се тие разбирале симит погача. Тие ќе брендирале, ветар во магла:icon_mrgr:. СК-Симит погача-74 :ROFLMAO:
Ево според мене и според и според Нада, баба Нада колешкава од маало шо би требало да се брендират: Ѓеврек варен, Мантии, Кравјаче, Питуљици, Мекици, Ѓомлезе, Качамак-Бакардан, Кол Пита, Млечник, Погача, Тури Потпечени, Тиганици Влашки, Тарана, Губи-Јуфки, Спанаќ Пита, Комат, чак и пржени лепчиња :D. Тија мене симит погача ќе ми кажвале :)
Баба Нада море ги разбират работиве зато јас со нејзе се дружам и со Златка та е поќе по зимнициве и туршијава е и то мојт да се брендират.
 

Schtrawzenigger

and the Baltic Fleet
Член од
9 јули 2013
Мислења
668
Поени од реакции
2.297
Јадеф доста често ама ми се одмили, таа продавачката цело кило празен бурек ми ставаше во лепчето па со сила го јадеф. Ваљда гаела симпатии према мене. Мора да е тоа. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom