Ќе поскапат патарините за автомобилите

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Поевтинува патарината за камионите и автобусите, а ќе поскапи за автомобилите. Новите цени за патарина ќе се наплаќаат од 1 јануари идната година. Според ценовникот, кој е објавен во „Службен весник“ од 12 март, патарината за автобусите, шлеперите или за полутоварните возила со приколка поевтинува во просек од 20 до 30 отсто. Така, овие возила на релација од Куманово до Миладиновци ќе плаќаат 220 денари наместо сегашните 290 денари, од Скопје до Петровец надоместокот од 205 се намалува на 150 денари, а од Петровец до Велес од 460 се прави корекција на 330 денари.

Надоместокот за користење на автопатите, пак, за автомобилите се коригира делумно. На одредени делници патарината останува иста, а кај некои се зголемува за околу 12 отсто. Повисока патарина за автомобилите ќе се плаќа од Скопје до Петровец. Граѓаните на оваа делница ќе плаќаат по 40 наместо 35 денари како сега, а по пет денари повеќе ќе се дава и на релација Скопје - Миладиновци и Тетово - Гостивар. Од Петровец до Велес, од Велес до Градско, како и на делницата од Скопје до Тетово цената на патарината ќе остане иста како и сегашната.

Основен критериум по кој во иднина ќе се пресметува висината на патарината е должината на делницата, помножено со износот на надоместокот за поминат километар. Фиксниот износ на надоместокот за секој изминат километар по автопат е 2,5 денари. Досега, висината на патарината ја одредуваше цената на нафтените деривати.

Од Министерството за транспорт и врски вчера не добивме коментар зошто ценовникот ќе се применува од почетокот на 2008 година. Надлежните од Министерството само појаснуваат дека добиле сериозни забелешки од страна на Европската комисија дека пресметувањето на патарината врз основа на искористување на патната инфраструктура, а не врз цената на гориво не е правилно и оти треба да се смени начинот. Од друга страна, одговорните од Министерството за транспорт и врски тврдат дека донесувањето на правилникот за пресметување на цената на патарината, всушност, бил еден од чекорите за усогласување на националното законодавство со она на Европската унија од областа на транспортот.

„До Министерството често пати пристигнуваа забелешки од страна на транспортните асоцијации поради честото зголемување на висината на патарината, кое се должеше на честото зголемување на цената на горивото. Од тие причини се изготви нова методологија за пресметување на висината на автопатската такса, која се пресметува врз основа на параметрите за искористеност на инфраструктурата“, велат од Министерството за транспорт и врски, од каде што не добивме точен податок во кои земји во Европа основен параметар за пресметување на патарината е искористеноста на патиштата, а не цената на горивото.

------

Инаку, пола-пола плаќање си функционира беспрекорно, а ако нема полиција на 15 метри од наплатна рампа, може слободно да се помине доколку рампата е подигната. Контрола што беше најавена и демек спроведена во јануари, е жми-да-те-лажам.

Патарините се едноставен пример за намерно дозволена корупција, каде со покачување на патарини, а со години не воведување на систем за контрола (камери?? :nesvest: ), непишано правило е 1/2 од пола-пола да оди за партијата на власт... или тоа е мит?:wink:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Горчо има камери на наплатните рампи, само за да се сузбие корупцијата треба да се намали бројот на наплатни рампи, пошто колку повеќе наплатни рампи толку повеќе луѓе кои можат да примаат мито.
Освен наплатни рампи им и други начини за собирање пари за одржување на инфраструктурата, а тоа е како на пример во австрија каде се купува Vignette кој во зависност од тоа колку долго важи толку и чини и ако те фатата дека возиш по автопат без неа плаќаш јака казна. Или пак во германија нема ни наплатни рампи, ниту вињетки туку едноставно цената на бензинот е поскапа бидејќи во цената на литар бензин е вкалкулиран и данокот за одржување на патиштата.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Само би додал... Проверете кога ке ја регистрирате колата колкава сума од вашата регистрација се одделува за “одржување на патиштата“! Мислам дека некои 50-тина евра се во прашање, а овие сакаат и да ја поскапат патарината. Вака ке ви речам. Ни еден пат во државава не чини. Каде одат тие пари што ги плаќа секој возач???
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Наплатата на патарината ќе се автоматизира

27 декември 2006

На наплатните станици во Македонија нема да има наплатувачи на патарина. Наплатата на патарината наскоро ќе се автоматизира. На тој начин Владата сака да се спречат злоупотребите од наплатувачите и да се елиминира корупцијата, кои се основните причини за слабиот процент на наплата, која се движи од 60 до 65 отсто. Новиот систем на наплата на патарините ќе профункционира од првата половина на 2008 година. Директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека со новиот систем патарината ќе се плаќа во готово со кредитни картички. Предвидено е и безготовинско плаќање. Системот содржи и потсистеми за детекција и категоризација на секое возило, видеонадзор и архивирање, за комуникација и за алармирање при некој прекршок.

„Воведувањето на автоматизираниот систем на наплата на патарини е вториот покрупен чекор на Владата во борбата против корупцијата. Модернизацијата на наплатата на патарините е проект за кој се користени искуствата од Хрватска, Франција и Турција. Најлесно е да се борите со корупцијата ако го нема човечкиот фактор. Според сегашните анализи, наплатата на патарините изнесува 60-65 проценти, што значи дека 35 проценти се губат во приватни џебови“, изјави вчера министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Министерот тврди дека автоматизираната наплата на патарините нема да значи отпуштање од работа на вработените на сегашните наплатни пунктови. Овие лица ќе бидат прераспределени на други работни места.

Тендерот за автоматизираниот систем на наплата на патарините ќе се распише во почетокот на идната година, а ќе се вгради од крајот на 2007. Ќе се финансира со средства преку проектот на Светска банка за олеснување на транспортот, а треба да чини од 3,5 до пет милиони евра. Раководството на Фондот за патишта и министерот за транспорт очекуваат овие пари да се вратат од наплатата на патарините уште во 2008 година.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Имаше податок дека во РМ има около 500,000 регистрирани возила. Станува збор за околу 20 милиони евра од регистрации за “одржување на патиштата“. За летните месеци оваа година се соберени 2,4 милиони евра. И на крај, пак се зима кредит од светска банка за автоматизација на наплата.

А каде се трошат парите, демек овдека :uvo:

Од тоа што можев да го видам од несредениот закон за јавни патишта, фискалната сметка треба да се чува во тек на целиот пат, така да онаа правило од 15 метри не важи. Казната е од 100 до 300 евра, но прашање е по кој критериум се одредува точната сума :uvo:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Само би додал... Проверете кога ке ја регистрирате колата колкава сума од вашата регистрација се одделува за “одржување на патиштата“! Мислам дека некои 50-тина евра се во прашање, а овие сакаат и да ја поскапат патарината. Вака ке ви речам. Ни еден пат во државава не чини. Каде одат тие пари што ги плаќа секој возач???
во џеб, па и ти будала што прашуваш.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Абе работата е тоа што не прават будали... А алал да им е на струмичани. Имаше една емисија деновиве. Кажуваа дека само 20% од возилата се регистрирани.

А со автоматизација на патарините... Ништо нема да добијат. Пак тие 35% ке си одат во некој џеб, исто како и до сега. Само може да се прави гужва на наплатните рампи во зависност од ефикасноста.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Членски картички од Здружение на гулабари, полициски значки купени од пазар и визит картички од хуманитарни организации се само дел од реквизитите што возачите ги користат како пропусница бесплатно да ги минуваат наплатните рампи на автопатите низ Македонија. Некои се повикуваат на своите функционерски позиции, други на роднини и пријатели тепачи, а има и такви кои вперуваат пиштоли во инкасантите, само да им се крене рампата.

Се прави и бугарски воз - една кола плаќа, три поминуваат беспари додека е крената рампата.
Членот 109 од Законот за патишта се крши деноноќно со што државата губи огромни суми пари кои треба да се вложат во патната инфраструктура. Патарина одбиваат да плаќаат пратеници, министри, судии, полицајци и војници. Па дури и таксисити кои возат од град до град, иако законот од плаќање ги ослободува возилата, а не лицата.

Најсвеж доказ дека функционерите не плаќаат патарина е претседателот на Комисијата за заштита на конкурентност Чедомир Кралевски, кого екипа на Вест завчера го фати на дело како ја минува наплатаната рампа кај Романовце. Кралевски само ги поздрави инкасантите, по што му се крена спуштената рампа.
Вработените на патарините велат дека е невозможно да се спротистават на неплаќачите, оти веднаш им стигнуваат закани.
"Не заплашуваат дека ќе не помодрат од тепање, дека ќе останеме без работа и дека лошо ќе ни ги снајде најблиските. Како да постапиме во ваква ситуација. Гледаме глава да спасиме", велат инкасанти кои инсистираат на анонимност.
И раководителот на секторот за наплата во ЈП "Македонија пат", вели дека и покрај зајакнатите внатрешни контроли проблеми со наплатата има.
Тој уште вчера по објавувањето на фотографиите на Кралевски во Вест се слушнал со инспекторите од Државниот инспекторат за транспорт и побарал засилена контрола на автопатишта.

"Ние немаме надлежност да запираме возила и да ги контролираме, ама тоа може да го направиме во соработка со МВР и со инспекторатот. Но, џабе :)uvo: :kesa:) ќе бидат и организирани акции и контроли. Само што инспекторите и полицијата ќе се појават на автопат за 15 минути цела Македонија ќе дознае дека има контрола. Веднаш ќе проработат мобилните и сите ќе се однесуваат примерно", вели Сулејмани. (коментар: со ваа изјава, Сулејмани ме натера да се посрамам што живеам во РМ)

За да ја подобри наплатата пред околу една година премиерот Никола Груевски ги повика сите фукционери и пратениците редовно да ја плаќаат патната такса, но многу мал дел однив ја почитуваа оваа владина одлука.

Според Законот од плаќање патарина се ослободени само возилата на АРМ, МВР, на ЈП "Македонија пат", на КФОР, возила со полициска придружба, на инвалидите кои имаат добиено посебни одобренија и на брзата помош. (И.С.)

***

Влада: Неплаќањето патарина да се пријавува на 199

Владата вчера ги повика сите граѓани во Македонија неплаќањето на патарина да го пријавуваат на бесплатниот телефонски број 199. Ивица Боцевски, портпарол на Владата вели дека Законот е еднаков за сите и сите граѓани во Македонија треба да го почитуваат.

Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom