Оваа тема последниов месец пак е актуелна.
Закани, препукување имало стално но мисе чини дека сега се многу, нешто од тип кубинска криза. Не е како мајтапот на Трамп кон Ким дека неговото нуклеарно копче е поголемо а доста посериозно и меѓу два силни блока.
Од месец дена има активна кампања против Русија, обвинувања за Новичок, санкции, бркање на дипломати, а од вчера и закани за воен конфликт.
- Од месец Март Путин ги зголеми периодичните обуки и возраста на резервистите, дури и тие што формално се резервисти а не оделе на обука од дваесетина години, ќе треба да усвојат работа со поновата модернизирана техника.
- Обуката на војната академија што завршува во мај, ја премести за сега, новите офицери забрзано се префрлаат на работа по касарните.
- Евроатлантиците трупат бродови до Сирија, се закануваат за напад врз Сирија
- Русија се заканува дека ќе возврати
- Трамп одговара дека нивните ракети се нови, умни и убави
- Во САД го дигнаа специалниот авион- команден центар за случај на нуклеарна војна
"Боинг" E-4B Nightwatch /денот на страшниот суд/ којшто може да лета недела дена и во случај на уништување на да речеме Пентагон, од него да се командува армијата.
- Од пристаништето во Тартус каде имаат постојана дислокација руски бродови и подморници, отпливаа на бојно дежурство во отворено море околу Сирија.
Многу интересни времиња, САД е во банкрот, истокот работи против него не како примерно кризата во 2008 година кога Кина им помогна, сега нема да им помогне и САД пропаѓа.
САД има општо три варијанти:
- Да капитулира и се откаже од светската доминација, глад, криза и да направи сосема друг модел, имаат некаква инфраструктура и би можеле да живеат нормално
- Трета Светска Војна, да победат во неа, долгот брзо исчезнува во војна, плус ќе имаат нови ресурси од руската територија, и тој балон ќе може да продолжи да се дува уште дваесетина години особено накај Кина.
- Само со хибридна и прокси војна да ја уништат и преземат Русија, а после неа и Кина, крахот на доларот ќе се одложи и либералфашизмот ќе има територии каде да се шири.
Од Русија последните месеци има доста сигнали, многу по различни од порано, обично Русија си ќути и не се заканува. Путин на 1 Март ги покажа новите оружја, којшто немаат аналог и западот нема заштита од нив, иако не сите се во масовно производство и на бојно дежурство.
Во март се појавија 2 филма за Путин: Миропоредок-филм на Владимир Соловјев, Путин -документарен Филм на Андреја Кондрашов.
Филмовите се пропагандни, и со многу силни пораки кон западот, би препорачал секој да ги изгледа. Раскажува интересна приказна од детството, се степал со некој помал и го набутал во ќош да го млати, но малиот го нокаутирал на Путин, пораката му е дека ако некого го ставиш во ќош и безизлез, дури и да е помал може многу силно да возврати.
Друга порака е за нуклеарна војна, Русија нема прва да употреби, но ќе возврати ако треба. Специфичниот коментар е "Зашто ни е на нас светот ако Русија не постои во него".
Интересна е приказната за волјата на Путин, пред да стапи на првата должност претседател на Русија во 1999г., неговиот свештеник му задава извонредни 40 дневни пости, да ја засили волјата и верата, 40 дена во Сибир на -20 степена, на леб и вода. Така да има од кого и зашто да се плашат останатите еврогеј политичари, претседатели...
Прогнозата спрема Русија не ми е јасна, по време на бомбардирањата на Белград, сценариото беше слично, евроатлантиците измислија повод, војни злосторства врз невините албанци. Интересен е "вистинитиот" случај што го даде генерал на НАТО Весли Кларк, србите врзуваат на таван албанци и палат свеќа, а на првиот спрат го пуштат плинот, после определено време плинот стигнува до таванот и куќата експлодира, после некое време разни специјалисти потврдуваат дека е невозможно плинот да се качи на таванот, потежок е и седи долу.
Трупаа бродови авиони, западот почна да бомбардира, а Русија само политички ги осудуваше.
Идентично беше и со Ирак, Либија и Јемен, сега во Сирија е малку по различно.
Русија има своја војска во Сирија и зема активна страна во војната на западот и нивните проксита ИСИС, Курди и останати против суверената држава.
За директни удари имале многу пати едни со други, САД бомбардира и убива руси, после се извинуваат па не знаевме дека се ваши, исто и обратното Русија бомбардира американци и МОСАД во ИДЛИБ, нешто како играње жмурки или како што и викале порано старите мижитатара. Русија им бара да дадат карта на целата западна агентура, каде се наоѓаат

за да не бомбардираат. Така да уште од почетокот имаше слични игри но со низок интензитет.
Сега веќе е посериозно, Сирија е на пат да ослободи компактна територија околу 70% од територијата, целиот тој дел ќе се врати во нормален живот реконструкција, армијата ќе може комплетно да се дислоцира кон ИДЛИБ, курдите и Ал Танаф, реално западот ја губи војната дури и Асад да се откаже од 30% своја територија, пак се победници.
Од друга страна САД го има окупирано пола свет, дали со армија или со доларот и МВФ, Сирија е малечка земја во споредба со територијата што ја управува САД и слободно може да ја остават под Руско влијание, значи има нешто друго, поголемо и поважно за САД. Сето тоа сум го објаснил погоре, системот им се руши, либерал фашизмот не може да постои без експанзија, ако нема каде да се шири се руши.