Ќерка си ги труела таткото и бабата

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Ќерка си ги труела таткото и бабата

Под туторство
на мајка си, единаесетгодишна кумановка со апчиња ги труела татка си и баба си, се обидела да им го запали станот, па завршила во дом за деца без родители



Кумановец ја избркал ќерка си од дома оти одржувала контакти со неговата поранешна сопруга и по нејзина иницијатива го труела. Според кумановската полиција единаестгодишното девојче останало без дом на почетокот на февруари, поради што било згрижено во Домот за деца без родители "11 Октомври" во Скопје.

Инцидентите меѓу таткото и ќерката започнале веднаш по разводот на родителите. По решение на судот, девојчето останало под старателство на таткото, додека мајката самоволно, целосно се откажала од правата врз ќерка си. Но договореното пред суд не го остварила. Таа продолжила без знаење на бившиот сопруг, тајно да се гледа со малолетната ќерка и притоа да ја наговара да ги отруе татка си и баба си. Жената го уверувала девојчето дека ако ја слуша и постапува како ќе и рече, ќе ја земе да живее со неа, а воедно ќе се ослободи и од строгиот татко и старата баба.
Против поранешниот сопруг и неговата мајка користела погрдни зборови, а повеќе пати го терала девојчето да им става разни таблети во храната и пијалоците. Откако не успеала преку ќерка си да ги отруе, оти количината на таблетите била мала, таа го убедила девојчето да им ја запали облеката и покуќнината. Девојчето ја слушало мајка си и се што било побарано од неа таа извршувала, се додека татко и не ја истерал на улица.
Случајот во полиција го пријавиле соседите, по што по расчистувањето против таткото Д.С. (37) ќе биде поднесена кривична пријава за запуштање и малтретирање малолетно лице.

Вечер



Во случајов најмалку е криво девојчето кое што најмногу "го јадела".
Па добро бе каков кретен треба да бидеш за сопственото 11 годишно дете да го избркаш на улица без разлика на околностите. Ја би отишол право кај мајката, па еден метак меѓу рогови и ајт!

Какви се вашите размислувања на темава?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Боже Господе,што све нема да чујам..ц ц ц..немам коментар...Господ нека им е на помош
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Д поинт ис...

Што се случува со народот? Шпански серии!
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
Ми се чинит дека ова го има само кај нас и никаде на друго место во светот, а бе за нас треба да напишат книга со неверојатни наслови
 

Kajgana Shop

На врв Bottom