Ќебaпи вo Скoпје

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Пошто сум голем мераклија на ќебапи искрено нема место кај што не сум пробал,уште од мал моите ме научија да јадам кога нема ништо дома зготвено :D
Порано редовно си јадев во Дестан и секогаш ми беа убави исто важи и за Пчела Осман.
Али Дестан мислам дека ептен се уфилмаа тоа што го намалија ќебапот,затоа и не памтам кога последен пат јадев таму.Во Пчела редовно јадам али последно време како да го смениле месото бар ја така осеќам на вкус.Космос одлично,Тетекс исто добри се.
Али според мене најубави и сосема различни од сите Седра Тетово може и дека се на плинска скара па се разликуваат од сите,секоја чест и какво лепче прават.Незнам зошто Тетовчани не се пофалија имаат одлични скари може и најдобри во Македонија.

Е ова мајсторче вреди злато,секогаш сум задоволен од него дури еднаш коа немав лепиња човечето примети и одма ми донесоа.








Еве финален изглед како изгледа коа ќе ти го донесат :place:



Епа богами добра реклама им напраив и повеќе муштерии од кајги :love::love:
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
143
Поени од реакции
42
Не знам како никој не ја спомна Фурна, одличен кебап имаат, за мене најдобар во Скопје :)
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Немој бе со сликиве уште сабајлечкии... :jajce:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Тоше на ќоше

Се премести на нова локација, во Автокоманда, до Римес, наспроти Стопанска банка.

Тоше на ќоше е една од ретките кафани што го има задржано биртискиот шмек.

Кога имам потреба да се довикувам преку маса со луѓе што не ги знам, а темата е политика и фудбал, одам кај Тошка :D
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931
Според мене Космос најубави ќебапи има.
И јас мислам дека таму има најубави ќебапи, само што е затурено во Чаршија, па не секој го знае. Поточно, ретко кој и чул за ќебапчилницава.[DOUBLEPOST=1457694587][/DOUBLEPOST]
Зелено пазарче
Не само ќебапчиња има и добар бурек, чорби, риби и секакви други убавини. Се е поефтино од колку што е на други места
Единствен недостаток е што попладне не работат.
Кое поточно кафанче на Зелено пазарче? Сум јадел од сите и единствено е поефтино, но не можам да се согласам дека некаде таму има квалитет за пофалба. Се е онака, колку да заврши работа, ако се занемарат хигиенските услови.[DOUBLEPOST=1457694659][/DOUBLEPOST]
(мажи и жени седат на посебна маса). :D
Ова, не е вистина.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Дојдете си во Прилеп и каснете си ќебап да ви види господ. Сите овие од погоре што ги наброајвте ни до колена не му се на нашите :D
Vo Prilep na ustipci, eventualno i kolbasce

Sent from my SM-G7102 using Tapatalk
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Мене сепак ми се најдобри ќебапчињата од Дестан, па со печена пиперка ммммм.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кое поточно кафанче на Зелено пазарче? Сум јадел од сите и единствено е поефтино, но не можам да се согласам дека некаде таму има квалитет за пофалба. Се е онака, колку да заврши работа, ако се занемарат хигиенските услови.
„ на сред пазар “ ( до „ српската продавница ) блиску продаваат цвеќиња има една ќебапчилница каде обично купувам
Но и другите не се лоши. Инаку имињата на кафеаните не ги знам, освен на кафеаната „ Цер “популарно наречена „ Церче “[DOUBLEPOST=1457706842][/DOUBLEPOST]
Дојдете си во Прилеп и каснете си ќебап да ви види господ. Сите овие од погоре што ги наброајвте ни до колена не му се на нашите :D
Во Прилеп имаше една ќебапчилница позади Автобуската станица каде имаше одлични ќебапчиња. Но таму јас сум јадел пред 3-4 децении, не верувам дека и сега постои
Каде во Прилеп сега има добри ќебапи?
 
L

Löwe

Гостин
„ на сред пазар “ ( до „ српската продавница ) блиску продаваат цвеќиња има една ќебапчилница каде обично купувам
Но и другите не се лоши. Инаку имињата на кафеаните не ги знам, освен на кафеаната „ Цер “популарно наречена „ Церче “[DOUBLEPOST=1457706842][/DOUBLEPOST]
Во Прилеп имаше една ќебапчилница позади Автобуската станица каде имаше одлични ќебапчиња. Но таму јас сум јадел пред 3-4 децении, не верувам дека и сега постои
Каде во Прилеп сега има добри ќебапи?
Буквално не постои место каде ќебапите се лоши. Може нијанси да се во прашање ама да се издвојуваат некои места со лоши ќебапи нема. Т.д каде и да седнеш нема да се разочараш воопшто.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Буквално не постои место каде ќебапите се лоши. Може нијанси да се во прашање ама да се издвојуваат некои места со лоши ќебапи нема. Т.д каде и да седнеш нема да се разочараш воопшто.
Во принцип се согласувам ако ќебапите се печени на жар
Но сепак постои разлика
Денес, во Прилеп, која чебапчилница одскокнува?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Постои таа кебапчилница позади автобуската, кај Стојче. Квалитетот им е непроменет. Можеби има и подобри во Прилеп, ама мене ми е доволно добра. Меѓутоа, јас таму најчесто порачувам уштипци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom