Ќар од ТЕ-ТО ќе имаат сите

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Покрај тоа што ќе се намалат потребите на државата за увоз на струја, ќе се намалат и трошоците на МЕПСО за пренос на енергија - Димитар Хаџимишев, претседател на управниот одбор на „Топлификација“

Е-ТО има капацитет годишно да произведува струја до 1.850 гигават-часа
Ќе се намалат зависноста на Македонија од увоз на струја и трговскиот дефицит на државата, ќе се зголеми капацитетот на гасоводот до 50 отсто, што ќе овозможи намалување на цената на природниот гас, ќе се отвори можност за намалување на цената на парното греење... Ова е само дел од ефектите од активирањето на гасната електрична централа и топлана ТЕ-ТО, која веќе почна со комерцијална работа.

Димитар Хаџимишев, претседател на управниот одбор на „Топлификација“, компанија што поседува 20 отсто од сопственоста во ТЕ-ТО, вели дека вклучувањето на првата најголема приватна енергетска гринфилд-инвестиција во регионот ќе ја стабилизира енергетската состојба во земјава и ќе ги намали загубите на државните компании.

- ТЕ-ТО има капацитет годишно да произведува струја до 1.850 гигават-часа, што е еднакво на 30 отсто од досегашното производство во земјава. Покрај тоа што ќе се намалат потребите на државата за увоз на струја, ќе се намалат и трошоците на МЕПСО за пренос и на домашна енергија. Постои можност и за трајна соработка со МЕПСО и ЕЛЕМ во насока на зголемување на стабилноста на енергетскиот пазар во земјава - вели Хаџимишев.

Тој објаснува дека производството на струја, независно дали ќе биде за потрошувачи во државата или ќе биде за потрошувачи во странство, физички ќе се потроши најголем дел во Скопје и во Македонија.

- Со тоа значително ќе се намалат реалните загуби во преносниот систем на МЕПСО за снабдување на Скопје со струја. Ако загубите при преносот на струја се ценат на три отсто од пренесената енергија, намалувањето на загубите на годишно ниво реално би било околу 50 гигават-часа, или околу 60 отсто од годишното производство на ХЕ „Козјак“ - вели Хаџимишев.

Тој додава дека отворањето на ТЕ-ТО ќе има значајно влијание и врз работата на „Топлификација“.
- Практично околу 60 отсто од потребите за топлинска енергија „Топлификација“ ќе ги добива од ТЕ-ТО.
Ефектите од активирањето на топланата веќе можат да се видат. Успеавме да постигнеме и најблискиот и најоддалечениот корисник во исто време да добиваат топлинска енергија со иста јачина - вели Хаџимишев.

Според него, со зголемувањето на производствениот топлински капацитет значително ќе се зголеми сигурноста во испораката на топлинска енергија при пониски надворешни температури и ќе се овозможи приклучување на нови потрошувачи во подрачјата што ги покрива топлификацискиот систем, со што ќе се обезбеди следењето на развојот на градот во следните десет-петнаесет години. Се очекува цената на произведената и пласираната топлинска енергија од овој нов извор на топлинска енергија во системот на „Топлификација“ да биде од 10 до 15 отсто пониска во однос на цената на произведената топлинска енергија од денешните топлани на компанијата.

Уште еден производ што ТЕ-ТО ќе може да го нуди на меѓународниот пазар се сертификатите за редукција на јаглероден диоксид при производство на електрична и на топлинска енергија. Имено, станува збор за еколошки капацитет, кој работи исклучиво на природен гас, поради што со продажбата на овие сертификати ќе се реализира девизен прилив во земјава.

Во однос на прашањето какво влијание ќе има ТЕ-ТО врз финансиските резултати на „Топлификација“ и што може да очекуваат акционерите, Хаџимишев вели дека пазарот ја диктира цената на акциите и дека тој во моментов е пасивен. Според него, ТЕ-ТО работи многу краток период и во иднина ќе се види дали ќе се исполнат очекувањата од овој капацитет.

Какви ефекти ќе има со почнувањето на производството во ТЕ-ТО
  • намалување на зависноста од увоз на струја
  • помал трговски дефицит на државата
  • можност за намалување на цената на природниот гас
  • пониска цена на топлинска енергија

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3812933351&id=10&prilog=0&setIzdanie=22525
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Има да го видиме ќарот в година пак кога ќе ја зголемат цената на струјата, сега засега зијан сме.
зашто мислиш дека ке биде вгодина поскапувањето? јас прогнозирам дека ќе биде за 3 до 6 месци максимум од сега гледано... а и парното очекувајте уште една сопка за околу 3-4 месеци... значи среде лето, кога ке им зафалат мани-мани ке се повикаат на поскапото гориво и ке добијат дополнително повисока цена за 4-9%...
 
Член од
7 октомври 2010
Мислења
18
Поени од реакции
7
А директорот плата не ми качи ни 5% :place:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Епа тие плати од 25к нагоре во ЕЛЕМ и МЕПСО треба од некаде да се извадат? Нормално дека ќе има покачување!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
KОМБИНИРАНАТА ГАСНА ЦЕНТРАЛА ОД НОЕМВРИ ПОВТОРНО ВО ФУНKЦИЈА
ТЕ-ТО ќе произведува и струја кога е најскапа

Гасната централа ќе користи гас директно набавен од „Газпром-Лондон“, при што годишно ќе користи околу 250 милиони кубни метри
Зденка Павковиќ
Kомбинираната гасна централа ТЕ-ТО, според неофицијалните најави, ќе почне да работи во почетокот на ноември, а сега се прибирале понуди од потенцијалните купувачи на струја, која во зимските месеци има исклучително висока цена. Оваа централа годинава работеше кусо, од јануари до март, при што произведе околу 300 гигават-часови електрична енергија и тоа во време кога таа на берзите беше најскапа. Во следните месеци таа запре со работа, веројатно зашто произведува и топлинска енергија која, со крајот на грејната сезона, немаше каде да се користи. За годинава, како што велат доброупатени извори, таа ќе користи гас земен од „Газпром“, но не преку „Пром-гас“, компанија-ќерка на „Макпетрол“ од која досега сите компании приклучени на нашиот гасоводен систем земаа гас, туку има договор склучен со рускиот гигант, но со нивната компанија од Лондон. Гасната централа, односно нејзината компанија-ќерка „ТЕ-ТО гас трејд“ неодамна од Регулаторната комисија за енергетика доби лиценца за трговија со природен гас, што значи дека истата може да увезува гас од странство за сопствени потреби или да им го продава на купувачите, било да се други трговци, производители на електрична, на топлинска енергија или купувачи од странство.

Електраната ТЕ-ТО претходно доби статус на квалификуван потрошувач, кој има право директно да увезува гас. Освен него, во оваа категорија на потрошувачи влегуваат и „Макстил“ и „Kогел север“, а сите други фабрики, поради малата потрошувачка, влегуваат во групата на тарифни. „Kогел север“ е сопственост на РЖ „Услуги“ и е лоцирана во кругот на железарницата. Таа има инсталирана моќност од 30 мегавати за производство на струја, односно 12 мегават-часови за пареа. И Општина Kуманово, која е гасифицирана и е приклучена на системот, влегува во малите потрошувачи бидејќи се очекува дури годинава да се зголеми потрошувачката со која ќе можат да добијат статус на квалификуван потрошувач. Но и големите и малите во суштина досега беа зависни од „Макпетрол“, односно нејзината компанија „Пром-гас“ која има договор со „Гаспром“ за увоз и испорака на гас во Македонија.

Годинава, состојбите драстично ќе се сменат бидејќи, освен ТЕ-ТО, и „Kогел север“ има договор со „Газпром-Лондон, а и „Топлификација“ најави дека веќе нема да користи гас од „Пром-гас“, бидејќи 60 отсто од своите потреби за топлинска енергија ќе ги задоволува од гасната централа, а остатокот со мазут.

Профункционирањето на централата освен што ќе придонесе за поголемо производство на струја во земјава, ќе значи и зголемување на потрошувачката на гас, која досега во просек изнесуваше околу 80 милиони кубни метри годишно иако капацитетот на гасоводот е 800 милиони кубици гас. Само ТЕ-ТО годишно, односно во текот на грејната сезона, ќе користи околу 250 милиони кубици гас, што ќе значи драстично зголемување на искористеноста на гасоводот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=241578AC20D1734083C8DAAE000189BE
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
...уште 10 вакви

( а има и помодерни и поевтини за таа инсталирана снага) во период од 10 години, значи една годишно.. со финансирање преку продавање удели на народ и може да се релаксираме за електрична енергија. Уште да има некој со некоја основна почетна пара и доволно чесен да не ги сјебе ТАТовски малите инвеститори...Ама мислам дека сите наши богатунери се лоповски нафатирани , а тие кои знаат и би можеле се црквени глувци.....така да тешко такво нешто да се задвижи.:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Погледајте што најдов
Д-р Димитар Хаџи-Мишев на страницата на НБРМ напишал опширен напис посветен на ТЕ-ТО
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/9_Hadzimisev.pdf
На 16 страна тој објаснува каква корист ќе Македонија па вели:
EFEKTI OD REALIZACIJA NA PROEKTOT:
-NAMALUVANJE NA DEFICITOT NA
ELEKTRIČNA ENERGIJA;
-NAMALUVANJE NA TRGOVSKIOT
DEFICIT NA DRŽAVATA;
-OBEZBEDUVANJE NA PRIHOD NA
DRŽAVATA ZA TRANSPORT NA GASOT
NIZ GASOVODNIOT SISTEM, I
ELEKTRIČNATA ENERGIJA NIZ
PRENOSNIOT SISTEM;


Oд убаво - поубаво.
Посебно ми остави впечаток дека Македонија ќе остварува приход со транспорт на гас
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Еве два интересни написи во врска со ТЕ-ТО кои се напишани пред да стане јасно дека ТЕ-ТО е голема промашена мегаломанска инвестиција:
Првиот напис е од 17. 01. 2012 година и е објавен во Нова Македонија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=117121039436&id=13&setIzdanie=22482
Написот има наслов:
ТЕ-ТО - еден куршум петнаесет зајаци
Во написот се вели:

„ ТЕ-ТО има електрична моќност од 227 мегавати и 160 топлинска моќност и е најсреќната енергетска инвестиција во Македонија затоа што: “( потоа се наброени 16 причини )
Вториот напис е од 01. 06. 2011 и е објавен на страницата Енергетска ефикасност:
http://energetskaefikasnost.info/potentsijalni-kogenerativni-termoele/
Во написот се навестува ќе се гради ТЕ-ТО и во Струмица и Куманово:
„ Доколку ги разгледаме сите останати технологии, кои се применувани и можат да се применат кај нас, можеме да заклучиме дека когенеративните Термоелетрани – Топлани на природен гас се брзо стартни проекти (3 години со планирање) кои произведуваат ефтина електрична енергија. Таква ТЕ-ТО е веќе изградена и функционира во населбата ќерамидница во Скопје.“
Понатаму во написот се опишува како партиите се однесуваат кон идејата за ТЕ-ТО на гас па се вели:
„ Во екот на предизборието ги рагледавме двете програми на коалициите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ (баравме и на партијата ДОМ која по правило треба да нуди зелени решенија но не најдовме никаква програма, и претпоставивме дека одат со програмата на коалицијата). За жал ВМРО ДПНЕ не предвидува изгадба на ваква електрана, иако истата може да задоволи голем процент од енергијата која се увезува.

Во својата програма СДСМ предвидува изградба на нова гасна електрана ТЕ-ТО Куманово – нова комбинирана когенеративна електрана со инсталирана моќност од 300 MW електрична моќност и до околу 150 MW топлинска моќност, со производство на околу 24% од сегашните потреби на Македонија од електрична енергија.

Со горната планирана електрана ќе се задоволат потребите на теоплинска енергија во Куманово, но и ќе се елиминира дефицитот на енергија во нашата држава. Позитивен аспект е Гасоводот кој поминува низ Куманово и можно е лесно поврзување на овој енергенс со електраната.

Изградба на нова гасна електрана ТЕ-ТО Струмица – нова комбинирана когенеративна електрана со инсталирана моќност од 200 MW електрична моќност и до околу 60 MW топлинска моќност во Струмица е алтернатива која може да биде вметната во плановите на владата, посебно со фактот што во Струмица постојат околу 2500 хектари стакленици и пластениици кои дел од нив се затоплуваат со фосилни горива. Исто така близината на кракот од Гасоводот од Петрич, Р. Бугарија, преставува уште една можност за изводливоста на овој проект “

Ете такви беа оптимистички написите пред само 2 години[DOUBLEPOST=1407134310][/DOUBLEPOST]Ќарот кој го ветија хохштаплерите од ТЕ-ТО, наметна изградба не ТЕ-ТО2
ТЕ-ТО2 ќе се гради во атарот на општина Бардовци.
и е со иста големина
Министерството за транспорт и врски на 01.10.2013, донесе одлука за пренамена на градежно земјиште. Оваа одлука може да се прочита на страна 14 од Службениот весник број 143/2013
ОДЛУКА
ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕ-
НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО
ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДРЖАВНА УР-
БАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ЗА ИЗГРАДБА НА ПОСТРОЈКА ЗА КОМБИНИ-
РАНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА
ЕНЕРГИЈА И ТОПЛИНА ОД 220МW ТЕ-ТО 2 КО
БАРДОВЦИ ОПШТИНА КАРПОШ
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/4f20fda93c38442d878c6977defee7f5.pdf
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Еве еден постар напис, објавен во јуни 2012 од Фокус, а посветен на ТЕ - ТО ( најголемата мегаломанска промашена инвестиција )

http://fokus.mk/koi-ruski-oligarsi-go-kontroliraat-parnoto-green-e-vo-skopje/

Во написот се вели
„ Во македонските медиуми проструи шпекулацијата, дека зад Кипраните стои рускиот енергетски гигант „Синтез груп”, кој од поодамна со скопска „Топлификација” ја поседува домашната гасна централа „Те-то”.
Има и други интересни работи
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Во Плусинфо објавене напис БЕГ ја оспособува мрежата за 24-часовно парно греење
http://www.plusinfo.mk/vest/151380/BEG-ja-osposobuva-mrezhata-za-24-chasovno-parno-greenje
Во написот се вели дека Топлификација преименувана како БЕГ -
„Балкан енерџи груп“ пред почетокот на грејната сезона ја привршува модернизацијата на дистибутивната мрежа на булеварите Партизански одреди и Трета Македонска бригада и na улицата Михаил Чаков. Според планот, работите треба да бидат завршени до средината на октомври, кога на граѓаните ќе може да им се понуди непрекинато греење на нивните станови.“

Ова е лага - на БЕГовите воопшто не им е гајле за Скопјани
Ова криминалците од Топлификација го праваат за да во иднина топланите во Тафталиџе и Кисела вода престанат со работа, а да работи само ТЕ-ТО.
.............................
Еве ја уште еднаш пресметката за „економичноста“ на ТЕ-ТО
ТЕ-ТО за еден час работа троши 57 илјади нормални кубни метри гас
Илјада нормални метри гас чинат сано кон Русите 476 долари
Значи за еден час работа тето ќе потроши
57 * 476 = 27 132 долари
Или за еден месец целодневна работа ќе потроши
27 132 * 24 часа * 30 дена = 19 535 049 долари
ТЕ -ТО зе еден час ќе произведе 215 MWh струја, која може да се продаде најмногу за 60 долари за еден мегават час.
Што значи за еден месец работа ТЕ-ТО ќе приходува од продадена струја
215 MWh * 60 долари * 24 часа * 30 дена = 9 288 000 долари
Разликата треба да ја платат Скопјани
19 535 049 долари - 9 288 000 долари = 10 247 000
Скопјани не можат да платат 10 милиони долари месечно
Никој не знае колку потрошувачи има Топлификација, но ако имаа 30 илјади потрошувачи. Ова значи дека секое домаќинство треба да плати по 350 долари месечно. А немаат толку пари
Убаво е името на оваа тема Ќар од ТЕ-ТО ќе имаат сите, а најмогу одпадите за старо железо
ТЕ-ТО најголема промашена мегаломанска инвестиција која е дело на неписмени „ визионери “
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
На 8 мај 2008, во Капитал е објавен напис во кој се вели:
„Проектот ТЕ-ТО прогласен за најдобра зделка на годинатаКомерцијална банка учесник во најуспешната зделка за 2007 годинаГлобал Трејд и Трејд фајнанс магазин го прогласија проектот ТЕ-ТО за најдобра зделка во 2007 година, а учеството во овој проект на Комерцијална банка АД Скопје и обезбеди меѓународна потврда за искуството, професионалноста и експертското ниво во сферата на меѓународното гаранциско работење Изградбата на комбинираната постројка за производство на топлинска и електрична енергија ТЕ-ТО доби две престижни признанија и тоа Најдобра зделка за 2007 година (Best Deal of 2007), од страна на Global Trade Review (GTR) и Зделка на годината 2007„(Deal of Year 2007), од страна на Trade finance Magazine, кои се доделени на LandesBank Berlin, за финансискиот аранжман за проектот ТЕ-ТО. Во друштвото ТЕ-ТО покрај Топлификација вклучени се Negusneft, потоа GN Energy, Colenco, Gama Power Systems i Alstom, Beiten Burkhardt Moscow NOMOS Banka, UniCredit Moscow и други, а главен инвеститор и воедно носител на финансискиот аранжман е LandesBank Берлин.
Комерцијална банка АД Скопје е еден од учесниците во еден од најзначајните инвестициски проекти во Македонија, со издавање на девизна гаранција во вредност од 9 милиони евра за ТЕ-ТО АД Скопје
http://kapital.mk/MK/magazin.aspx.aspx/61989/komercijalna_banka_uchesnik_vo_najuspeshnata_zdelka_za_2007_godina.aspx?iId=1899
 

Kajgana Shop

На врв Bottom