ЊУЈОРК ТАЈМС: Трета светска војна е клучот за излез од економската криза?!

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
СПОРЕД НЕКОИ ЕКОНОМИСТИ

Со Трета светска војна до излез од економската криза!?

Историчарот Јан Морис од Стенфорд неодамна ја оживеа хипотезата дека војната е значаен фактор потребен за економски раст

Слабата побарувачка, се поголемата нееднаквост и оттука, исчезнувањето на средната класа, преголемата регулација, конкуренцијата од Кина, несоодветната инфраструктура, недостигот од идеи сето тоа се причините кои веќе со години различни економисти ги изнесуваат како аргументи во обид да објаснат што стои зад премногу бавното заздравување и раст кај најсилните светски економии.

Од последната голема светска војна помина многу време, а како што пишува професорот по економија Тајлер Ковен во "Њујорк тајмс", војните кои се случуваат во Ирак или Јужен Судан, иако делуваат крваво, бројот на жртвите не е ни приближно голем спореден со десетиците милиони луѓе убиени во двете светски војни во првата половина на 20 век.

Без оглед колку неверојатно звучи, можно е светскиот мир да ја отстранува потребата од итно постигнување на високи стапки на економски раст, па оттука, веројатноста дека економијата ќе расте се намалува. Тоа не значи дека војувањето само по себе носи подобрување на економската ситуација со оглед на обемот на воените деструкции и загубите на човечки животи. Тајлер Ковен, кој предава економија на Универзитетот "Џорџ Менсон", наведува дека оваа теза не треба да се поврзува со тезата дека подготовките за војна водат до зголемување на јавната потрошувачка и автоматско зголемување на вработеноста. Напротив, тврди дека самата можност за избивање војна владите ги наведува да се фокусираат и некои од основните одлуки што ги донесуваат да бидат исправни, а тоа може да се однесува на инвестиции во науката или либерализација на економијата и тоа како крајна последица има подобрување на долгорочните економски потенцијали.

Може да изгледа неумесно да се бара нешто позитивно во војната, но ако се погледне историјата на САД, јасно е дека претходната теза не може лесно да се отфрли. Фундаменталните иновации како нуклеарната енергија, компјутерите и слично се плод на напорите на САД да ги победат силите на Оската во Втората светска војна и во Студената војна. И Интернетот изворно е замислен како мрежа која на САД би требало да и послужи во одбранбени цели во случај на нуклеарна војна. Сето тоа, како и вселенската трка со СССР како последица имаше економски раст.
Но, проектите од крајот на седумдесеттите години од 20 век, и покрај големите буџетски средства издвоени за нив, не се ништо спектакуларно од економски аспект, а во иста состојба се и европските економии, кои еднакво бавно растат. Повеќето европски држави повеќе не треба да стравуваат дека некој воено ќе ги освои и тамошните политичари не се соочени со губење на избори поради хроничната стагнација. Па дури и да загубат на избори, за тие политичари тоа е почеток на личен профит, оти наплатуваат јавни настапи, предавања или консултантски услуги.
Од друга страна, Јапонија е соочена со територијални и геополитички притисоци од Кина, а јапонскиот премиер, Шизо Абе, како одговор нуди специфична економска политика со цел национална ревитализација.

Историчарот Јан Морис од Стенфорд неодамна ја оживеа хипотезата дека војната е значаен фактор потребен за економски раст. Во неговата книга Војна! Зошто војна? Судирите и напредокот на цивилизацијата од примати до роботи" дава примери од Римското царство, Европа во времето на ренесансата и современа Америка, а за секој пример изнесува докази за тезата дека воените подготовки предизвикале технички иновации.

Слични книги и тези се појавуваат и во Кина и Јапонија, како и во други делови од светот. Оттука, прашањето е дали сегашната состојба на релативен мир е само балон кој чека да пукне?

http://www.vecer.mk/?ItemID=68A450EC70FF5E43BEC7B70C39779A3C

http://sky.mk/svet/416807-njujork-tajms-treta-svetska-vojna-e-kluchot-za-izlez-od-ekonomskata-kriza

The Lack of Major Wars May Be Hurting Economic Growth
http://www.nytimes.com/2014/06/14/upshot/the-lack-of-major-wars-may-be-hurting-economic-growth.html?_r=0
 
D

Daedalus

Гостин
Напротив, војната носи економски загуби, а отсекогаш, земјите кои тргувале биле во добри односи и се' додека постоела трговијата постоел мирот кој е императив за тргување и vice versa.
Напредокот кој денес се бележи и развојот на производи со цел да се профитира наспроти за победување на непријателот доведува до поголеми економски добивки.
Војната е борба за ресурси. Војната не создава ресурси, само овозможува обработување на истите за специфични цели. Напредокот кој го бележиме од производите кои се развиени за воена употреба не е кога се употребувале за тие намени, туку подоцна, кога почнале да се употребуваат за профит и цели кои не се воени.

Интернетот почнува да помага во илјадници работи тек кога почнува да се користи за комерцијални употреби.
Како, кога користиш/измислуваш нешто што ќе скрати човечки ресурси за твојата нација да освои ресурси кои постојат и онака, само ќе бидат земени на сила, а не купени по пат на размена и со трговија, може да доведе до економски раст и раст на брутодомашен производ? Тоа е илузијата која се случува поради тоа што нацијата која ја победила војната добила на ресурси, ама на светско ниво, ништо не се менува.

Производството може моментално да порасне поради потреба за создавање на оружја и друг вид на воена предност, ама ништо од тоа не допридонесува до зголемена продуктивност на долги дистанци. Сите земји после војна страдаат од огромни загуби и тек послем расте производството и работата за да се вратат во нормала, ама на голема скала, не добиле ништо.

Позади застојот на економијата стојат други фактори кои не се поврзани со недостатокот на војна, само авторот најверојатно сака да си ја продаде книгата и да е контраверзен за да си ја подобри „личната економска состојба“.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Ваквата статија на Њујорк Тајмс не е ништо ново под Сонцето и под Месечината.

Општо е познат фактот дека сите светски империи/суперсили од секогаш ја користеле војната како средство за трошење на вишокот оружје и муниција од кои зависат на економски план.

Кога американците и Русите би престанале да произведуваат оружје и муниција, САД и Русија би претрпеле економски колапс, бидејќи огромен дел од економскиот раст се должи на производството и извозот на оружје и муниција. Се разбира, економистите секогаш ќе излегуваат со најразлични графикони и резултати од економскиот раст, но во тие бројки не спаѓаат парите дадени за воени инвестиции кои се разбира, се државни тајни, секогаш спаѓаат под "строго доверливо" и никогаш не се дел од официјалните економски и индустриски статистики.

САД излегле од Големата Депресија дури на крајот на 1941 и почетокот на 1942 година кога и официјално влегле во Втората Светска Војна.

Воената бизнис стратегија е едноставна:

На војската, морнарицата и авијацијата им требаат оклопни возила, тенкови, бродови, авиони, храна, лекови, оружје, муниција, униформи, па дури и погребна опрема и ред други средства.

Сето ова во превод значи индустриски и економски бум за завојуваните држави.

Најмногу побарувачка и профит ќе остварат челичната и нафтената индустрија од кои зависат авионската, поморската и автомобилската индустрија, се разбира тука спаѓаат и електротехничката и машинската индустрија, а најголемите победници се разбира, ќе бидат прехранбената, медицинската и фармацевтската индустрија, како и индустријата за производство на оружје и муниција.

Сето ова ќе значи отворање на нови работни места, зголемување и проширување на производството, а и добар дел од долгорочно невработените, во очај ќе се пријават за регрутација во војската барем за да имаат некаков покрив над глава, редовна исхрана и медицинска нега, па или ќе загинат како борци за татковината на бојното поле, наместо како гладни и жедни голтари на улица, или ќе се вратат како ветерани, па без разлика дали се враќаат во победничката татковина или во поразената татковина, сепак ќе имаат некаква ветеранска пензија и бенефиции, па без разлика дали ќе бидат етикетирани како народни херои или како воени злосторници, едно е сигурно - нема да бидат етикетирани како невработени или како улични голтари кои умираат од глад и жед.

Војната и тоа како само е профитабилен бизнис, особено кога има пренаполнетост со производи кои никој не ги купува.

Светот секојдневно фрла десетици тони, ако не и стотици тони храна и други производи кои никој не ги купил, а им поминал рокот на траење. Мобилни телефони, компјутери, автомобили и што ли уште друго не, завршуваат на отпад или на рециклирање бидејќи никој не ги купил. Во војна, а особено во војна од глобални размери, никогаш нема вишок, напротив, секогаш има потреба од се и сешто, што е одличен начин за ослободување од сите тие непотребни вишоци со нивна пренамена за воени цели и произведување на нови производи кои ќе бидат наменети за воени цели.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Насловот не одговара на статијата не знам зошто не си го употребил оригиналниот на Тајмс. Дотичниов е типично македонски т.е сензационалистички со единствена цел да привлече внимание т.е читатели.

Инаку и насловот на Тајмс не е во ред. Наместо ова „The Lack of Major Wars May Be Hurting Economic Growth“ треба да биде „Недостатокот на големи војни можеби го намалува военото профитерство“ т.е оние што продаваат оружје имаат економски раст на сметка на оние кои војуваат и после војната се ментално и материјално разорани т.е уништена инфраструктура и економија и белег на психата на целиот народ.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Насловот на Тајмс е добар, за американскиот морал нема разлика помеѓу economic growth и war profiteering. Првото им доаѓа од второто.
 
Член од
8 јуни 2014
Мислења
133
Поени од реакции
127
Тие политичари и други големци што сакаат војна,нека одат на фронтот на таа војна,па јас ќе му платам милијарди...
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Ма дај нека пукне веќе еднаш, оти имам на список неколку да упукам (ако им се доближам).
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Насловот на Тајмс е добар, за американскиот морал нема разлика помеѓу economic growth и war profiteering. Првото им доаѓа од второто.
Абе суштинска разлика и нема, но на некој начин денес се повеќе се користат еуфемизми за да се „ублажи“ болната вистина.

Видеово прилично добро доловува што сакам да кажам.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ваквата статија на Њујорк Тајмс не е ништо ново под Сонцето и под Месечината.

Општо е познат фактот дека сите светски империи/суперсили од секогаш ја користеле војната како средство за трошење на вишокот оружје и муниција од кои зависат на економски план.

Кога американците и Русите би престанале да произведуваат оружје и муниција, САД и Русија би претрпеле економски колапс, бидејќи огромен дел од економскиот раст се должи на производството и извозот на оружје и муниција. Се разбира, економистите секогаш ќе излегуваат со најразлични графикони и резултати од економскиот раст, но во тие бројки не спаѓаат парите дадени за воени инвестиции кои се разбира, се државни тајни, секогаш спаѓаат под "строго доверливо" и никогаш не се дел од официјалните економски и индустриски статистики.

САД излегле од Големата Депресија дури на крајот на 1941 и почетокот на 1942 година кога и официјално влегле во Втората Светска Војна.

Воената бизнис стратегија е едноставна:

На војската, морнарицата и авијацијата им требаат оклопни возила, тенкови, бродови, авиони, храна, лекови, оружје, муниција, униформи, па дури и погребна опрема и ред други средства.

Сето ова во превод значи индустриски и економски бум за завојуваните држави.

Најмногу побарувачка и профит ќе остварат челичната и нафтената индустрија од кои зависат авионската, поморската и автомобилската индустрија, се разбира тука спаѓаат и електротехничката и машинската индустрија, а најголемите победници се разбира, ќе бидат прехранбената, медицинската и фармацевтската индустрија, како и индустријата за производство на оружје и муниција.

Сето ова ќе значи отворање на нови работни места, зголемување и проширување на производството, а и добар дел од долгорочно невработените, во очај ќе се пријават за регрутација во војската барем за да имаат некаков покрив над глава, редовна исхрана и медицинска нега, па или ќе загинат како борци за татковината на бојното поле, наместо како гладни и жедни голтари на улица, или ќе се вратат како ветерани, па без разлика дали се враќаат во победничката татковина или во поразената татковина, сепак ќе имаат некаква ветеранска пензија и бенефиции, па без разлика дали ќе бидат етикетирани како народни херои или како воени злосторници, едно е сигурно - нема да бидат етикетирани како невработени или како улични голтари кои умираат од глад и жед.

Војната и тоа како само е профитабилен бизнис, особено кога има пренаполнетост со производи кои никој не ги купува.

Светот секојдневно фрла десетици тони, ако не и стотици тони храна и други производи кои никој не ги купил, а им поминал рокот на траење. Мобилни телефони, компјутери, автомобили и што ли уште друго не, завршуваат на отпад или на рециклирање бидејќи никој не ги купил. Во војна, а особено во војна од глобални размери, никогаш нема вишок, напротив, секогаш има потреба од се и сешто, што е одличен начин за ослободување од сите тие непотребни вишоци со нивна пренамена за воени цели и произведување на нови производи кои ќе бидат наменети за воени цели.
Парите за правење на сето тоа оружје би доаѓале од даночење на работи кои го прават животот на луѓето полесен и поисполнет.Ќе немаме невработени и гладни зошто истите или ќе имаат загинато на фронт или нема ни да се има што да се јаде.

Единствениот начин на кој војна може да доведе до економски раст е ако напаѓаш земја која ти е конкурент од економски аспект.Како Русија да почне војна во Блиски Исток за цената на нафтата да отиде до небо,или Германија да го нападне Јапан за да немаат конкуренција во автомобилска индустрија.Во секој случај на крај ќе влезеш во војна со целиот свет,а и монополот нема да ти трае повеќе од декада две ,како што може да се види по Америка после WW 2 освен ако не планираш да бидеш константно во војна што на крај пак ќе ти ја уништи економијата.

Секогаш ќе има земји кои не можат да се натпреваруваат економски во мир и ќе бараат по воен начин да ја елиминираат конкуренцијата и скоро секогаш истите ќе бидат губитници.
 
Теоријата ти држи вода, но американците уште пред 100 години најдоа лек за немањето финансии - ја создадоа приватната национална банка наречена Администрација на Федералните Резерви на САД.

Истата оваа приватна национална банка, во која одлуките ги донесуваат приватни банкари кои не се избрани од страна на граѓаните на САД, печати пари кои се буквално безвредни, бидејќи се без покритие. Единственото покритие на тие безвредни милијарди американски долари, е американската влада, која се задолжува за истите тие безвредни американски долари сепак да имаат некаква вредност кога ќе бидат пуштени во оптег. А како што знаеме, САД не се држава која сака да си ги плаќа своите долгови, па така американските долгови постојано растат, без било какво исплаќање на истите.

Кога се случува вонредна состојба, како што е природна катастрофа или војна, економијата и валутата трпат негативни последици поради ваквата состојба, но сето тоа е краткотрајно, бидејќи тука е американската федерална влада, која ќе го амортизира ударот врз економијата и врз валутата, како што видовме во 2008 година. После почетокот на светската економска криза кон крајот на 2008 година, американската федерална влада на чело со Барак Хусеин Обама продолжи по кристално истиот пат за спасување на економијата по кој одеше и претходната влада на чело со Џорџ Буш Помладиот - наместо да ги спасуваат граѓаните од банкрот, американските власти ги спасуваа американските банки и големите корпорации од типот на Џенерал Моторс и Крајслер.

Точно, обичниот смртник ќе го крка стапот, а токму очајничката состојба до која ќе биде доведен, ќе го наведе обичниот смртник да земе пушка во рака и да гине за татковината. На крајот на краиштата, подобро да загине на бојното поле и да биде погребан како херој, отколку да пцовисува на улица како најобичен голтар кој умира од глад и жед.

Но ова е само почетокот на военото профитерство.

Вистинскиот профит лежи во пост-воената обнова на поразените држави, кои се разбира, ќе ги обновуваат - победниците, а обновите ќе ги плаќаат - поразените.

Пост-воената обнова после Втората Светска Војна е одличен пример за ова - западните држави во Европа се обновувале според Маршаловиот план, кој им донел и економски и политички профит на САД, а источните држави во Европа се обновувале според социјалистичкиот модел предводен од страна на Советскиот Сојуз, кој исто така остварил и економски и политички профит од ваквите обнови.

А и после обновата, се разбира, ќе има профит за победниците. Победничките војски ќе можат да останат на териториите на поразените држави до кога сакаат, пример за тоа се бројните американски воени бази низ Европа кои датираат од Втората Светска Војна па се до денешен ден. Сите тие бази имаат потреба од редовно одржување и обновување со нови војници, нови оружја и муниции и безбројни други залихи. Некој ќе мора да го обезбеди сето тоа, а истовремено некој ќе мора да плати за сето тоа и секако дека некој на дебело ќе профитира од сето тоа.

Во војна сите овие профити се размножуваат речиси до бесконечност, така да, војната и тоа како само е одличен извор на профит, и економски и политички.
 
Печатењето на долари се успорува се повеќе зошто колку повеќе војуваш толку повеќе непријатели создаваш и со тоа помалку ти се користи валутата и со тоа ако печатиш ќе направиш огромна инфлација.Повторно војувањето ти прави проблеми.

Обновувањето единствените кои ги збогатува се олигарсите блиски до власта кои може да дојдат до тендерите а во ниеден случај не ја збогатува државата.Што мислиш кој има повеќе ќар,од една страна Германија која на своја територија има неколу десетици илјади американски војници кои ги трошат парите таму,војската се снабдува од локални набавувачи,американската држава плаќа изнајмување на германската држава и германската власт троши помалку на одбрана зошто буквално американците им ја субвенционираат истата?

Единствените кои профитираат во војна,колонии се олигарсите /воените профитери додека народот и државата секогаш трпат посебно на подолги патеки.Единствениот начин народот да профитира е како што пишав погоре војната им ги уништи директните економски конкуренти,али тоа профитирање е секогаш многу краткотрајно и истите причини поради кои биле претходно економски конкуренти повторно на крај ќе им ја закопаат економијата.
 
Повторно се што спомна ти држи вода, но ајде кажи им го тоа на американците.

Тие поинаку гледаат на работите - нив не ги интересира што велат бројките.

Изгубија во Виетнам, но на дебело профитираа од таа војна која траеше цели 20 години.

И мислиш дека им е гајле за колатералната штета и останатите загуби претрпени во таа војна ?

Секако дека не.

Напротив, Интел отвори фабрика за производство на процесори во Виетнам - во истата држава која американците ја бомбардираа и чие што цивилно население го тероризираа, го масакрираа и го бомбардираа со напалм, и чии што прашуми, односно џунгли, ги уништуваа со пестициди и секакви хемикалии за да немаат каде да се кријат припадниците на северовиетнамскиот Виетконг.

И како губитници остварија профит и сеуште остваруваат профит.

Кристално иста би била ситуацијата и во случај на отпочнување на Трета Светска Војна.

Сите тие олигарси и профитери кои ти ги спомна, се меѓу главните финансиери на речиси сите кандидати за пратеници во американскиот Сенат и во американскиот Конгрес и секогаш се меѓу главните финансиери на главните кандидати за претседател на САД и од Демократската Партија и од Републиканската Партија.

Така да, без разлика кој ќе победи на наредните парламентарни избори или на наредните претседателски избори во САД, едно е загарантирано - американските долгови ќе продолжат да растат, а САД ќе продолжат да не ги исплаќаат истите.

Но доверителите на САД се плашат од нив бидејќи се моќна воена сила и си мислат дека ако се осмелат да ги побараат од САД парите кои оваа држава им ги должи, одговорот од САД ќе биде воена агресија според нивното веќе прославено сценарио - борба за слобода и демократија.

Можеби си во право за тоа дека американските војници во Европа ги снабдуваат европските држави на чии што територии се сместени воените бази во кои служат истите тие американски војници, но оружјето, муницијата и превозните средства секогаш потекнуваат од САД. Можеби има по некој џип или автобус или камион произведен од страна на некоја европска фирма, но повеќе од сигурно е дека истиот тој џип или автобус или камион е произведен во американска фабрика која е во сопственост на истата таа европска фирма.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ама повторно ти кажувам сите тие војни и колонии само ги осиромашуваат државите ,тоа што не можат империите тоа да го сватат пред да пропаднат а во најголем дел и од кога ќе пропаднат не е релевантно.Тоа е грешката што ја прават.Они не отстваруваат профит ,отстваруваат загуби намерни за некој одредени особи да отстваруваат профит.

Тоа што ти го пишуваш како американските војници биле снабдувани од американски фирми кои вработуваат американски работници,да али платите за истите доаѓаат од продуктивни елементи на општеството кои плаќаат данок и од таму се финансира цело тоа производство.Држењето на армија е нужно зло али да ја користиш истата како начин за одржување на државната економија е осудено на пропаст.

Кај нас пример би биле сите државни агенции за меѓуетнички конфликти.Дали мислиш дека со тоа што политичарите создаваат конфликти кои потоа ги користат за да отвараат државни агенции во кој ќе вработуваат нивни луѓе не збогатува ?

Политичарите профитираат од конфликтите а после и од нивните ":решенија " додека ние го јадеме стапот цело време.
 
И повторно твојот став држи вода - за мене лично - но очигледно западњаците не го делат твојот став.

Секогаш ќе има некој кој ќе профитира од војната, а обичниот смртник ќе биде оставен на милост и немилост на околностите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom