Има некаде податок дека токму од овие банки ја земаа обврската?
Сигурно има во некој број на Службен весник, ама ќе ми требаат денови за да ископам каде се.
На Гугл најдов информација од бившиот гувернер Љубе Трпески
На виенската рунда преговори за сукцесијата на имотот на некогашната СФРЈ е договорено проблемот на старата девизна заштеда да се решава дополнително и со посредство на БИС банката во Базел. Има ли нови информации по ова прашање и колку Македонија побарува од поранешните ЈУ републики по овој основ?
Битката за добивање на компензација за девизните заштеди на граѓаните кои штеделе во филијали или деловни единици на банки од другите поранешни ЈУ републики ќе биде многу тешка заради направените пропусти во минатото. Имено, и покрај препораките од науката, Љубљанска банка до го задржи истиот статус-филијала, тоа не е респектирано, дозволени и се статусни промени, а потоа и продажба на акциите на домашни лица, која се криеше повеќе од 3 години. Во Хрватска е направено токму тоа што македонската наука го препорачуваше, задржан е истиот статус на Љубљанска банка, во Загреб, таа и денес е филијала. Сакам да не сум во право, но се плашам дека тоа може да биде одлучувачко во преговорите.
Инаку, Република Македонија побарува од поранешната СФРЈ по основ на старо девизно штедење во Љубљанска банка околу 180 милиони германски марки.