Љубов Vs. Љубомора

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Живеам со љубомората секој ден. Секој ден плачам, се нервирам, си велам ќе ставам крај на сето ова, но пак не го правам тоа. Зошто? Затоа што го сакам секако. Претерува со љубомората, многу. Не памтам кога последен пат сум искочила со другарки, ма ни со роднините:( Секој ден ми вели ќе се сменам нема веќе така, али не се мења, не. Сега дури и факултетот му смета. Со машки зборење? Никако. Еден испит не ми поминал без нервози и плачење. Ни сама не знам како сум ги положила. Сеа си мислите зашто дозволуваш се тоа. А бе луѓе на улица поминувам и ме прашува кој збори таму, у автобус до кого седам, кого гледам. А тоа -си ме варала- му е наместо добро утро. И се започна овој септември, кога се запишав на факултет кога му ја дадов невиноста :place: А три години идеме и никогаш ништо вакво не ни се десило супер ни беше. Немојте со љубоморни луѓе тоа е болест која лесно се добива а се лечи многу тешко.
Turi mu pepel na dechko ti, zashto nabrzo kje prerasne vo psihopat. Znam od iskustvo... i ja sum imal devojka i sum bil bolno ljubomoren. Oladi go malku... na pauza.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Живеам со љубомората секој ден. Секој ден плачам, се нервирам, си велам ќе ставам крај на сето ова, но пак не го правам тоа. Зошто? Затоа што го сакам секако. Претерува со љубомората, многу. Не памтам кога последен пат сум искочила со другарки, ма ни со роднините:( Секој ден ми вели ќе се сменам нема веќе така, али не се мења, не. Сега дури и факултетот му смета. Со машки зборење? Никако. Еден испит не ми поминал без нервози и плачење. Ни сама не знам како сум ги положила. Сеа си мислите зашто дозволуваш се тоа. А бе луѓе на улица поминувам и ме прашува кој збори таму, у автобус до кого седам, кого гледам. А тоа -си ме варала- му е наместо добро утро. И се започна овој септември, кога се запишав на факултет кога му ја дадов невиноста :place: А три години идеме и никогаш ништо вакво не ни се десило супер ни беше. Немојте со љубоморни луѓе тоа е болест која лесно се добива а се лечи многу тешко.
Раскини му.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Љубомора = несигурност во себе; партнерот и неговите/нејзините постапки немаат никаква врска.

Со други зборови, ако човек е љубоморен, не му/ѝ е партнерот крив што си го живее својот живот како што сака, без ограничувања. Потребно е човек да достигне до тоа ниво до коешто нема да чувствува несигурност во себе, за да може да биде целосно слободен пред партнерот.

А не е точно дека ако човек не е љубоморен, не си го сака парнтерот. Тоа само значи дека не се замара со неговите/нејзините постапки, ако на нив нема влијание. Уште повеќе: ако му дава целосна слобода на партнерот, тоа е приказ на доверба во партнерот, што само повеќе ја засилува меѓусебната врска.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Свак човек е бија човек пред одредену врску и ке биде и ако заврши.Љубомора не е показател на љубав.Можда делуе симпатично на почетак,шала смешка дека повише те сака/сакаш га ако има мали гестови на љубомору.Ама момент к'д престануе и проваѓа у нешто психопатско,не е у реду.На крај,краишта - кој фактор е ''т'ј некој'' у живот за да се изгубиш самога себе и тој што си,да не видуемо роднине,пријатељи,мушки?Никако.
Под 2,треба да си има дистанца,увек к'д се зближиш превише - someone always gets hurt,најчесто иста тај жртва на љубомору.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Зависи до кој степен е љубомората.. Да бидеме искрени тешко дека некој може да издржи претерано љубоморен човек покрај себе. А им се чудам на оние кои го трпат ова.. Што мислат, до каде може да достигне сето тоа?
Па згора на тоа да не смеам да излезам со другарќи?
Зошто да ми биде оној кој ќе ми го контролира животот и во љубомора и бес да си кажеме многу работи кои не ги мислеме?
И љубомората знаеме дека е само плод на несамодовербата во себе, и слабата доверба во партнерот. А без тоа една врска не може да успее.
 
B

babsyy

Гостин
Имав многу проблеми во врскава заради љубомората, каква што не сум имала никогаш. Кога почнавме врска, дечкото ми зема број на име на фирмата на пост пејд, за да ми ги контролира повиците, морав да го исклучам претходниот број.
Во именик да ги иам само најблиските. Со другари да искочам - нејќеше ни да чуе. "Не постои машко - женско другарство". За роденденот кога и да одговорев на повиците, трескаше урнебесно.
3 дена не праевме муабет пошо 15 минути сум праела муабет со другар на телефон, сигурно сме имале нешто порано.
Пошто работиме во иста фирма, по цел ден заедно. Кога ќе стигнам дома, дур не заспијам праевме муабет на телефон, по неколку пати ќе ми заѕвонеше да види да не сум искочена надвор. "Слушам галама од страна, не си дома", му беше ко добро утро.
Кога ќе нарачав нешто во ресторан/кафич, многу сум му се смешкала на келнерот.
Секој втор збор беше - лажеш, нонстоп ми збореше дека сум го варала, како јас не го сакам итн.
Пасворд имаше и од фејсбук и од скајп, нормално разговорите ги бришев пошто од ништо, правеше нешто.
Кога ми здосади да поднесувам сметки, и нонстоп да се правдам за работи што не сум ги направила, побарав пауза.
Не му одговарав на повици одреден период, колку и да ми беше тешко.
Откако се смиривме, се смени скроз. Знам дека уште има доза недоверба и љубомора, али сега си ја поттиснува. Пошто во таква врска колку и да има љубов, човек едноставно се гуши и не може да функционира.
На кого и да му пријала љубомората, дур не му се деси патолошка љубомора, ќе му се одмили скроз.:)
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
4
Поени од реакции
2
Podobro e /2 ljubomorata ne nosi momenti, ne nosi srekja, ako vekje si so nea/nego bidi srekeen/na.
So mnogu lubov i ljubomora ne razmisluvas racionalno i objektivno, toa samo sto ne nosi uspesi vo zivotot i golema e verojatnosta za greski, a i vliae loso na psihickata stabilnost.
Ubavo e da sakas i da bides sakan vo zivotot, no ako ja najdes sredinata i umerenosta vo nego veren pridruznik sekogas ke ti bide srekata,uspehot i radosta. ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Имав многу проблеми во врскава заради љубомората, каква што не сум имала никогаш. Кога почнавме врска, дечкото ми зема број на име на фирмата на пост пејд, за да ми ги контролира повиците, морав да го исклучам претходниот број.
Во именик да ги иам само најблиските. Со другари да искочам - нејќеше ни да чуе. "Не постои машко - женско другарство". За роденденот кога и да одговорев на повиците, трескаше урнебесно.
3 дена не праевме муабет пошо 15 минути сум праела муабет со другар на телефон, сигурно сме имале нешто порано.
Пошто работиме во иста фирма, по цел ден заедно. Кога ќе стигнам дома, дур не заспијам праевме муабет на телефон, по неколку пати ќе ми заѕвонеше да види да не сум искочена надвор. "Слушам галама од страна, не си дома", му беше ко добро утро.
Кога ќе нарачав нешто во ресторан/кафич, многу сум му се смешкала на келнерот.
Секој втор збор беше - лажеш, нонстоп ми збореше дека сум го варала, како јас не го сакам итн.
Пасворд имаше и од фејсбук и од скајп, нормално разговорите ги бришев пошто од ништо, правеше нешто.
Кога ми здосади да поднесувам сметки, и нонстоп да се правдам за работи што не сум ги направила, побарав пауза.
Не му одговарав на повици одреден период, колку и да ми беше тешко.
Откако се смиривме, се смени скроз. Знам дека уште има доза недоверба и љубомора, али сега си ја поттиснува. Пошто во таква врска колку и да има љубов, човек едноставно се гуши и не може да функционира.
На кого и да му пријала љубомората, дур не му се деси патолошка љубомора, ќе му се одмили скроз.:)
титни ми јас ќе ти се јавам
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
опуштено само опуштено.
Jaс мислам нема право де ме љубомори девоjка ако не ми е жена :) или барем да живееме заедно. Оти ако не и понудив такво нешто - тоа значи дека разгледувам други варианти, па и не ми пречи ако и таа шета со другари, другарки, или што било.
Таму каде има забрана и нема доверба не живее љубовта. А и ако сака некоj да те изневери ке го напраи тоа и во кафез ако ке го ставиш.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
61
Живеам со љубомората секој ден. Секој ден плачам, се нервирам, си велам ќе ставам крај на сето ова, но пак не го правам тоа. Зошто? Затоа што го сакам секако. Претерува со љубомората, многу. Не памтам кога последен пат сум искочила со другарки, ма ни со роднините:( Секој ден ми вели ќе се сменам нема веќе така, али не се мења, не. Сега дури и факултетот му смета. Со машки зборење? Никако. Еден испит не ми поминал без нервози и плачење. Ни сама не знам како сум ги положила. Сеа си мислите зашто дозволуваш се тоа. А бе луѓе на улица поминувам и ме прашува кој збори таму, у автобус до кого седам, кого гледам. А тоа -си ме варала- му е наместо добро утро. И се започна овој септември, кога се запишав на факултет кога му ја дадов невиноста :place: А три години идеме и никогаш ништо вакво не ни се десило супер ни беше. Немојте со љубоморни луѓе тоа е болест која лесно се добива а се лечи многу тешко.
Те разбирам, во слична ситуација сме. Ние со години се разделуваме и смируваме, истата приказна секогаш. На почетокот беше ок, имаше малку љубомора ама ништо страшно, работите потоа стануваа се полоши и полоши. Јас таква сум по природа мразам да се правдам, ако не ми веруваш не мораш и тоа е тоа. Мразам некој да ме контролира. Ама секогаш се враќам кај него, не можам да се оттргнам од него, немат спас. Сум запознавала и други ама џабе е. Истата приказна секогаш. Ќе се смириме, кратко време све е во ред и пак истото. Се разделуваме некогаш подолго време некогаш пократко. Еднаш решив и јас да попуштам па ваљда ќе ни тргнит ама полошо направив изгледа. Дозволив да ме контролира, ми се јавуваше во 3 во 4 на полноќ да види дали сум дома. Со стрес легнував, го проверував телефонот 5 пати дали има доволно звук, не дај Боже да не го слушнам. Секогаш кога ќе излезев некаде или со другарки секој пат го варав, да јас со цела држава одам иначе, секогаш наоѓам некој да го варам, во продавница да одам леп да купам и таму го варам, со продавачот. Во автобус ако се возам сигурно со шоферот, со сите. Јас и кога дишам го варам, со воздухот. Избегнувам кога сме заедно да излегуваме во кафичи и дискотеки ми е страв да не направи некоја глупост и да се степа со некого оти имало и такви ситуации. Не можев да го издржам сето тоа, џабеее пак беше истиот не смени ништо ни тоа што решив да попуштам, полош стана. Дури и насилен и агресивен. Тоа не е љубов. Зарем љубов е да го измачуваш оној што го сакаш? Ете јас не сум љубоморна. Тоа нема врска со љубовта. Ми пукна филмот!!! Ама многу ме погоди таа ситуација, ослабев 10 кг за еден месец. Не можев никако да се помирам со тоа и криво ми беше. Потоа пак се смиривме и сега пак се разделивме и сега е крај засекогаш. Овој пат навистина. И небото да го преврти не се враќам. Немаше никаква причина а секогаш имаше начин да ме мачи. Не можам да се расправам со психопати. Јас не можам да му помогнам, не знам што да правам. Ете еднаш ме стави под контрола и тоа не помогна, сега ќе си продолжам да живеам нормално и не ме интересира дали тоа го нервира или не. Ќе излегувам каде сакам и со кого сакам. Со него завршив. Јас него го разбирам и тој не сака и него му е тешко, ама не знам како да му помогнам. Пробав но не може. Ако бираш да си несреќен наместо среќен добро, ако уништуваш љубов поради его и гордост пак добро. И моето трпение има крај. И не се плашам воопшто дали ќе ме види со некој другар или не, што сака нека направи завршив со него. Не сум јас ничија сопственост. Тешко е без него но уште потешко со него.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2014
Мислења
144
Поени од реакции
93
Сметам дека љубовта како и љубомората идат во пакет, односно ако постои љубов постои и одредена доза на љубомора. Секако мора да биде во граници кои нема да ја нарушат хармонијата и среќата во врската. Се што е претерано нечини, па така и љубомората. Али од искуство на познаници па и мое донекаде, љубомората која е во граници во одредени ситуации може и да ја зачува врската...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom