Љубов Vs. Љубомора

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
276
Темава ја отворам и сакам да го слушнам мислењето и на машките и на женските:

што е подобро:

1. Партнер кој премногу ќе те сака, но истовремено ќе биде многу љубоморен или
2. Партнер кој не е многу заљубен во тебе и не е воопшто љубоморен


Што би избрале премногу љубов и затвор или малку љубов и слобода?
И двете работи си имаат позитивни и негативни страни. Да не тупам повеќе. Кое вашето мислење?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.499
1. Партнерка која премногу ќе те сака, но истовремено ќе биде многу љубоморна

Ако те сака премногу нема да и биде лесно туку така да те остави и цело време нејзиното срце ќе биде вљубено само во тебе, а со малку љубов може одма да те шутне и да си замине. Ако не е љубоморна ќе и биде галје за тебе и ќе продолжи да си тера како знае и умее, а ако е љубоморна тоа ќе да е од љубовта, ќе сака да си го брани своето.
А крај краева за да и ја смириш малце тоа љубомората ќе ја омекнеш со тоа што ќе и ја возвратиш исто толку љубовта:)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Љубовта,Љубомората и Омразата се сестри.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.786
Поени од реакции
4.076
Колку ви е погрешна претпоставката дека љубовта и љубомората идат рака под рака.. И после не ви траеле врските, па нема да ви траат -.-

Т.е. не ви е ни претпоставка. Аксиома поише.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.930
Колку ви е погрешна претпоставката дека љубовта и љубомората идат рака под рака..
Не оправдувам претерани љубоморни реакции но и љубовта и рамнодушноста не идат рака под рака...
Можеби во име на љубовта ќе се обидеш и ќе успееш да ја потиснеш љубомората но ако има некоја причина за нејзино појавување таа ќе биде таму, без разлика дали ќе ја покажеш или не...

Инаку, би го избрала првото...Сакам да ме сака и да го сакам, па и двајцата да си бидеме љубоморни.:pipi:
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
762
Поени од реакции
414
Зависи каков/каква партнер/ка.. Ако сум многу заљубен ќе сакам истото да ми биде возвратено.. 1
A aко не е нешто сериозно 2
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.539
Не можеш да бираш
Има луѓе кои се љубоморни има кои не се - како ќе ти се падне
Ако е партнерот претерано љубоморен тогаш тешко на Вас
Има кои велат: Ако ме оставиш, или ако те видам со друг - те убијам
Затоа подобро без љубомора
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.786
Поени од реакции
4.076
Не оправдувам претерани љубоморни реакции но и љубовта и рамнодушноста не идат рака под рака...
Можеби во име на љубовта ќе се обидеш и ќе успееш да ја потиснеш љубомората но ако има некоја причина за нејзино појавување таа ќе биде таму, без разлика дали ќе ја покажеш или не...

Инаку, би го избрала првото...Сакам да ме сака и да го сакам, па и двајцата да си бидеме љубоморни.:pipi:
Не ми беше тоа муабетот, муабетот ми е дека луѓево сериозно мислат дека љубомора е знак на вистинска љубов. Демек, ако не е љубоморен не те сака доволно. Или не му значиш, сеедно.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
276
Не ми беше тоа муабетот, муабетот ми е дека луѓево сериозно мислат дека љубомора е знак на вистинска љубов. Демек, ако не е љубоморен не те сака доволно. Или не му значиш, сеедно.
И јас се согласувам со тоа дека многу љубомора треба да значи и многу љубов, а со тоа стабилност на врската.

Напротив, сметам дека многу љубомора ја загушува врската и ја прави нефункционална. А нефункционалните врски немаат долг рок на треање.
 
M

MIL

Гостин
Ja bi prifanal jaka ljubov , mala doza ljubomora i mnogu doverba ,no ako biram od gore navedenovo silna ljubov i mnogu ljubomora def !
 
Член од
27 јуни 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Живеам со љубомората секој ден. Секој ден плачам, се нервирам, си велам ќе ставам крај на сето ова, но пак не го правам тоа. Зошто? Затоа што го сакам секако. Претерува со љубомората, многу. Не памтам кога последен пат сум искочила со другарки, ма ни со роднините:( Секој ден ми вели ќе се сменам нема веќе така, али не се мења, не. Сега дури и факултетот му смета. Со машки зборење? Никако. Еден испит не ми поминал без нервози и плачење. Ни сама не знам како сум ги положила. Сеа си мислите зашто дозволуваш се тоа. А бе луѓе на улица поминувам и ме прашува кој збори таму, у автобус до кого седам, кого гледам. А тоа -си ме варала- му е наместо добро утро. И се започна овој септември, кога се запишав на факултет кога му ја дадов невиноста :place: А три години идеме и никогаш ништо вакво не ни се десило супер ни беше. Немојте со љубоморни луѓе тоа е болест која лесно се добива а се лечи многу тешко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom