Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Кармен Лаковиќ, е родена во Пореч. Уште на почетокот на своите студии по медицина во Љубљана, таа ја среќава својата слепа љубов - Питер Босман во тоа време исто студент на медицина. Во тоа време Питер дојде од Гана, како стипендист на Владата на СФРЈ да студира медицина.
Љубовта е слепа и тие наскоро добија две ќерки Алис и Карин
Алис е сега светски познат моден креатор а Карин e студент и DJ
И уште нешто интересно
Питер Босман е актуелен жупан ( градоначалник ) на општината Пиран, а сега го извршува вториот мандат.
http://www.jutarnji.hr/zeli-promijeniti-piran--a-mijenja-sve-nas-balkance/887892/
http://www.piran.si/index.php?page=static&item=95
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

Барбара Бах е родена во Квинс Њујорк на 27 август 1947 под име Барбара Голдбах
Нејзината мајка била со потекло од Ирска, а нејзиниот татко по поекло е Евреин од Австрија.
Со 16 години го напуштила школувањето и започнала каријера на фотомодел
На 18 години се запознала со бизнисменот од Италија Аугусто Грегорини. Таа во 1968 се омажила со него и имала две деца. Со него ќе отпатува во Италија каде што ќе започне каријера на филмска глумица и телевизиска водителка.
Во 1975 го напуштила мажот и се вратила во САД
Во 1980 за време на снимањето на филмот Пештерски човек ја сретнала својата слепа љубов - бившиот Битлс Ринго Стар
за кого се омажила на 27 април 1981
Барбара Бах и Ринго Стар се и денес во брак и живеат во Англија
https://en.wikipedia.org/wiki/Barbara_Bach
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Френсис Марион Ди е родена на 26. ноември 1909 година во Лос Анџелес. Додека била сосема мала нејзините родители се преселиле во Чикаго, каде пораснала. Завршила гимназија во Чикаго и студирала на универзитеот.
За време на летниот распуст, 1929 година, таа зедно со својата мајка и најстара сестра отишла во Калифорнија, во посета на роднините
За да заработи некоја пара почнал да работи во Холивуд, каде што набргу добила главна улога во филмот „ Париски плејбој.“ Успехот бил фатастичен - веднаш станала филмска ѕвезда
Во 1933, во филмските судија на Холивуд, таа ја сретнала љубовта на својот живот, исто филмска ѕвезда, Џоел Маккри.
Се венчале, набргу по средбата, на 20 октомври 1933
Иако почетокот на нивниот брак изгледал како холивудска приказна, бракот им траел.
На 20 октомври 1990, на денот на годишнината на бракот Џоел Маккри починал од пнумонија
Френсис ќе го надживее 14 години и ќе почине на 6 март 2004 на возраст од 94 години

https://en.wikipedia.org/wiki/Frances_Dee
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543



Брит Екланд е родена на 6 октомври 1942 година во Стокхолм, Шведска
Како тинејџерка го напуштила школото и се приклучила на патувачки театар, Во 1960 година доаѓа во Лондон, со желба, да се обиде како филмска глумица.
Добила неколку мали улоги. Учествувала во божиќнито ТВ шоу 1964, кога нејзинитите снимки во весниците ги забележал Питер Селерс, тогаш познат глумец, кој посакал да се сретне со неа
Десет дена по првата средба на Брит и Питер, на 19 фебруари 1964 тие склопија брак. Питер Селерс е роден 1925 година
Во ноќта на 5 април 1964 година, подготвувајќи за сексуален однос со својата млада и атрактивна сопруга тој примил анил нитрат како сексуален стимулатор
Во наредните три часа Питер Селерс доживеал осум масивни срцеви удари.
Тој го преживеал овие срцеви удари и ќе живее до 1980 година. Брит се грижела за него, се грижела и за неговите деца од претходниот брак, подоцна родиле и едно дете, но чести биле неговите љубоморни испади
Во 1968 нивниот брак ќе се разведе
Брит Екланд повторно се омажила 1984 се музичарот Слим Џим Фантом. Овој пат таа одбрала „ младо месо “ Слим е роден 1961 година
И овој брак ќе се разведе 1992 година
https://en.wikipedia.org/wiki/Britt_Ekland
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Eлизабет I е родена на 7 септември 1533. Таа е ќерка на Кралот Хенри VIII и Ана Болен. Ана Болен е убиена кога Елизабет имала три години
Љубовта на нејзиниот живот беше Роберт Дадли. Според некој извори Роберт Дадли е роден на ист ден со Елизабет 7 септември 1533, а според други извори тој е роден на 24 јуни 1532
Тие се дружеле како деца. Ти ќе го поминат заедно целиот живот иако никогаш не биле во брак.
Тој и бил најблизок пријател и соработник
Роберт два пати ќе се женел, а умрел 4 септември 1588
Кога Елизабет умрела на 24 март 1603, во нејзината приватна пошта е најдено неговото последно писмо
https://en.wikipedia.org/wiki/Elizabeth_I_of_England
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

Ромина Франческа Пауер е родена на 12 октомври 1951, од мајка мексиканка и татко американец. Нејзините родители биле познати глумци, но уште како млади се развеле, а татко и млад и умрел
Таа младоста ја поминал со мајка и воглавно во Мексико и Италија
Сосема млада, во 1970 се мажи за Албано, кого го запознала настапувајќи како глумица-дете. Албано е постар од неа.
Од 1975 тие формираа успешен музички дует
Во 1999 нивниот брак се раведе
Но од 2012 година повторно се заедно.

https://en.wikipedia.org/wiki/Romina_Power
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.321
Поени од реакции
3.171


Тајлер Зигел, американски ветеран од војната во Ирак со сериозни изгореници низ целото тело се враќа во родниот Илиноис за да се ожени со љубовта на неговиот живот со која се заедно уште од средно. Медиумите се нафрлија на оваа филгуд сторија а сликата погоре е добитник на пулицерова награда за фотографија.
Година или две потоа, жената тивко се разведе од него.

На оваа свадбена фотографија, невестата не може ни да погледне во фотоапаратот. Таа изгледа мртва одвнатре.

Тајлер почина во 2012 од предозирање со алкохол.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Пеачката Кони Францис е родена 12 декември 1938 под вистинско име Кончета Роза Мариа Фраконеро
Својата слепа љубов ја сретнала како многу млада, во 1955 година
Се работи за Боби Дарин, нејзин врсник и познат музичар. Кога нејзиниот татко разбрал дека двајцата млади се во врска му се заканил на Боби дека ќе го убие со пушка ако уште еднаш се види со неговата ќерка. Боби и понудил брак на Кони и да заедно избегаат но Кони го одбила
Потоа Боби се повлекол од нејзиниот живот и подоцна се сретнале само неколку пати
Боби умрел млад во 1974
Кони подоцна се мажела четири пати но тие баркови траеле многу кратко
Кони е сега жива и сеуште жали по својата голема љубов од младоста - Боби
https://en.wikipedia.org/wiki/Connie_Francis#Relationship_with_Bobby_Darin
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Росана Скијафино беше родена на 25 ноември 1939 во Ѓенова - Италија
На возраст од 14 години победила на локален напревар во убавина
Во 1958, оди во Рим и почнуава филмска каријера
На 27 септември 1963 се омажила за Алфредо Бини филмски продуцент. Алфредо е роден 1926 година, но и покрај големата разлика во години овој брак се одржал се до 1980 година
Во 1980 почнува романса со Џорџо Енрико Фалк богат и млад наследник, припадник на највисоката класа
Врската беше бурна и ќе биде стална тема во жолтиот печат
На 17 октомври 2009 година Роасана почина од рак
https://en.wikipedia.org/wiki/Rosanna_Schiaffino
Џорџо починал пред неа, во 2004 година
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Пети Ан Бојд е роден на во мал град Тонтон во Англија на 17 март 1944
Од1962 се преселил во Лондон и започнала да настапува како фотомодел
1964 година ја сретнала својата слепа љубов - Битлсот Џорџ Харисон. На 21. јануари 1966 тие сколопиле брак. на кој кум бил Пол Мекартни
Баркот е разведен 1977 иако тие претходно се разделија . 1974
Потоа стапува во во врска со Ерик Клептон и 1979 скопила брак
Инаку Џорџ Харисон и Ерик Клептон се блиски пријатели уште од 1960
Но Пети Бојд се разделила и од Ерик, поради користење на дрога и алкохол - 1984,
Дури 30 април 2015 таа склопила трет брак со Род Вестон кој нема врска со музиката
Прочитајте за оваа интересна жена која влијаела силно на двајца врвни музичари и на групата Битлси
https://en.wikipedia.org/wiki/Pattie_Boyd
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Миља Вујановиќ е родена на 21 август 1945 во Белград
Во 1967 година беше избрана за најубава жена на Србија
Имаше завршено академија за глумци и факултет за политички науки каде што стекна и научна титула магистер
Никогаш не се мажеше, но имаше еден син
Кариерата на глумица сама ја прекина по сопствена желба и се посвети на пишување на книги, написи по весници и астрологијата
Во 2000 година таа беше во љубовна врска со Обрад Зајек. На 08. 05. 2000 Обрад Зајек, во домашна кавга, ја застрелал со пиштол. Куршумот и го повредил рбетот и таа до крајот на животот ќе биде неподвижна.
На судењето Миља ќе го брани Обрад
Обрад ќе продолжи да се грижи за неа
http://arhiva.glas-javnosti.rs/arhiva/2001/01/17/srpski/R01011604.shtm
Миља Вујановиќ почина на 04. 06. 2005
https://sh.wikipedia.org/wiki/Milja_Vujanović
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Бранка Петриќ е родена на 27 април 1937 година во Нови Винодолски.
Својата слепа љубов ја сретнала уште додека студирала на академијата за глумци. Во 1960 година еден нејзин колега ја прашал дали сака да му биде девојка. Таа го одбила со зборовите „ Многу си млад за мене “ Но во летото 1963 година, тој ја посетил во Нови Винодолски и тогаш се разгорела љубовта меѓу нив.
Останале до крајот на неговиот живот заедно.
Името на колегата е Беким Фехмију
Беким Фехмију изврши самоубиство на ден 15 јуни 2010 година
https://sr.wikipedia.org/wiki/Бранка_Петрић
http://www.b92.net/zivot/licni_prostor.php?nav_id=466883
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Глорија Хетрик Меклин е родена на 10 март 1918 во Њујорк.
Потекнува од угледно њујоршко семејство
Првпат се омажила во 1943. Во тој брак имала две деца. Но бракот кратко и траел. Се развела во 1948
Во 1949 таа ја сретнала својата слепа љубов - славниот глумец Џими Стјуарт.
Џејмс Стјуарт е роден 1908, значи бил постар од неа десет години. Бил воен херој и важел за заводник и плејбој. Но не бил претходно во брак
На возраст од 41 години, на 9-ти август 1949 година Џејмс Стјуарт се оженил со Глорија.
Џејмс ги усвои нејзините деца од првиот брак. Во 1951 тие ќе добијат и свои деца - две девојчиња близначки.
Сите заедно ќе живеат се до нејзината смрт на 16 февруари 1994
Џејмс ќе ја надживее и ќе умре на 2 јули 1997
На самртната постела, опкружен со своите деца и внуци ќе ги изговори последните зборови - "I'm going to be with Gloria now!"

https://en.wikipedia.org/wiki/Gloria_Hatrick_McLean
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Ивон Вандру беше родена на 22 мај 1900 година.
Потекнува од конзервативно католичко семејство
Во 1920 година нејзини роднини и наместиле средба со еден капетан, постар од неа десет години
Првото излегување им беше на една театарска представа.
Утредента излегле на игранка
Два дена подоцна Ивон им рекла на своите родители - Ќе биде тој или никој ( Ce sera lui, ou personne )
Бракот е склопен на 7 април 1921 година
Младиот капетан во кого слепо се вљубила Ивон се викал Шарл Де Гол. До крајот на животот ќе останат заедно
https://en.wikipedia.org/wiki/Yvonne_de_Gaulle
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

На 15 септември 1961, во Чачак - Србија беше родена глумицата Соња Савиќ
Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград 1982 година.
Нејзината слепа љубов беше Влајко Лалиќ, многу познат џез музичар роден 1959
Соња се вљубила во Влајко кога имала 15 години
За жал, оваа љубов имала тажен крај. Во 1990 година Влајко загинал во несреќа при едрење.
Подоцна Соња ќе рече: „ Додека бев млада често замислував дека ќе имам брак и семејство со човекот кого бескрајно го сакав. Имав голема љубов. Откако тој отиде од мојот живот, кога имав дваесет и девет години, себе си се сметам за вдовица “
Соња Савиќ почина на 23 септември 2008 година од преголема доза дрога
На погребот, режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ рече: „ Ниту Господ, ниту Србија, немаа разбирање за Соња “
https://en.wikipedia.org/wiki/Sonja_Savić
Ако имате време погледајте документарен филм за жовотот на Соња. Трае 40 минути
https://www.youtube.com/watch?v=x2Hw6-yRbx8
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom