Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Abe smrt, zasto samo za zenite kazuvas slepi deka se, daj postiraj nekoj slep maz :)
Затоа што сум маж
Ако си забележала, кога имам можност, раскажувам за жени кои биле во врски со славни мажи
А повели ти, со „ женски очи “ напиши нешто
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Пилар Палет е родена на 3 септември 1928 година во Перу.
Како многу млада, во 1948, година се омажила
Но слепата љубов ќе се случи подоцна
Иако мажена во 1953 го сретнала Џон Вејн роден 1907, кој во тоа време бил исто оженет
И покрај огромната разлика во години, на 1 ноември 1953, на денот кога пресудата за неговиот развод ќе стане правосилна, тие ќе стапат во брак
Вејн во Пилар нашол сопруга каква посакувал. Таа ја напуштила кариерата и му се посветила нему и на децата
По неговата смрт, во 1979 година, Пилар ќе склопи уште два брака
https://en.wikipedia.org/wiki/Pilar_Pallete
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Eлке Зомер е родена на 5 ноември 1940 година, во берлинското предградие Шпандау. Нејзиниот татко бил благородник и нејзиното вистинско име е Елке баронеса фон Шлец.
Татко и починал кога имала 14 години и таа со мајка и се сели во Англија, а подоцна во САД
Се омажила кога имала 24 години. Нејзиниот сопруг бил Џо Хајмс, постар од неа 17 години
Во тој брак годините не биле проблем туку неможноста да роди. Имала три спонтани побачаји и по нив го напуштила сопругот.
Но нема веднаш да се разведе и бракот со Џо ќе трае се до 1993
1993, таа ја сретнала својата слепа љубов
Се работи за Волф Волтер, осум години помлад од неа, директор на њујоркшки хотел
Од тогаш се заедно. Потоа се развела од Џо и склопила брак со Волф. Таа вели дека секој ден љубовта им е се појака
https://en.wikipedia.org/wiki/Elke_Sommer
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
I kade e dada vi u taa cela prikazna....
SAKAM da sw suzbie heterseksualnoto.....heterofashizam....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Силви Вартан е родена на 15 август 1944, во селото Искрец во близина Софија. Нејзиниот татко е роден во Франција од мајка бугарка и татко ерменец. Нејзината мајка е со потекло од унгарски евреи.
Во 1952 година семејството Вартан се сели во Франција
На 12 декември 1961; Силви имала настап, како помошна пеачка во париската „ Олимпија “. Таа вечер го сретнала Џони Холидеј, кој веднаш се вљубил во неа. Но во тој момент таа била во врска со друг, така да Џони морал да чека. По некое време Џони отишол во војска. Па таа чекала
Бракот помеѓу нив е склучен на 12 април 1965
Силви Вартан и Џони Холидеј ги нарекувале „златна двојка “на Франција
Нивниот брак бил преполн со заеднички настапи, меѓусебни караници, разни несреќи и што уште не, така да биле тема на весниците. Наводно десет пати се раведувале
Во ноември 1980 година тие конечно ќе се разведат.
Една година подоцна Силви ќе сретне и започне нова љубов и во 1984 ќе стапи во брак Се работи за продуцентот, Тони Скоти со кого и денес живее. Скоти е постар од неа, Роден е 1939 година и бракот со Силви му е прв брак.
По разводот Џони ќе склопи неколку брака кои ќе траат кратко
https://en.wikipedia.org/wiki/Sylvie_Vartan
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
38
Поени од реакции
26
Јас на пример не ја гледам женска му, а богами ни он. А уште помалку се гледаме ние двајца и ај сега кој е слеп?:toe::anco:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

Ива Михановиќ е родена на 19 април 1978 година во Улм - Германија.
Нејзиниот татко бил главен анестезиолог во болницата во Улм. Студирала соло пеење на најпознати конзерваториуми и сега е позната оперна и концертна пеачка. Инаку е сопран
Во 2008 година започнала љубовна врска со Максимилијан Шел познат глумец роден 1930. Значи на почетокот на врската таа имала 30 години а тој 78 години
Во август 2013 тие ќе стапат во брак
Неколку месеци подоцна, на 1 февруари 2014 година, Максимилијан Шел починал на возраст од 83 години
https://en.wikipedia.org/wiki/Iva_Mihanovic
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Aна Кариќ беше родена на 13 мај 1941 година. Ана беше хрватска глумица
Својата слепа љубов ја сретнала кога имала 16 години, а се омажила на 20 години. Бракот траел 49 години, се до неговата смрт. Во бракот таа имала два сина Љубовта на неујзиниот живот беше адвокатот Иван Тир
За својот љубовен живот Ана еднаш рече: „ За некого можеби изгледа досаден, но за мене беше возбудлив
Ана Кариќ почина на 9 октомври 2014


https://hr.wikipedia.org/wiki/Ana_Karić
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Даринка Дара Чалениќ е родена на 18 јули 1934 година во Нови Сад
Уште како дете се занимавал со глума. Но школувана глумица никогаш не станала, едноставно школото не и одело
Нејзината слепа љубов е Владимир Петриќ, писател, режисер и критичар, роден 1928 година
Дара раскажува: Кога се сретнавме шест месеци бевме постојано заедно и потоа решивме да се земеме
За разлика од Дара, на Владимир школото одлично му одело. Тој има докторат на Универзитетот во Харвард
На почетокот од седумдесетите години тие се селат во САД, каде и денес живеат
https://sr.wikipedia.org/wiki/Дара_Чаленић
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Јосипа Лисац е родена на 14 февруари 1950 година во Загреб
Како дете покажувала голем талент за пеење. На својата десета година станала членка на Детскиот хор на Радио - телевизија Загреб. Подоцна настапувала како членка на вокално-инструментални состави.
Во октомври 1971 година, настапувајќи во околината на Загреб, таа ја среќава љубовта н својот живот. Се работи за Карло Метикош, роден 1940 година. Карло е школован музичар, а пред средбата имал убава интернационална кариера.
По ова средба веднаш се јавува слепа љубов. Не се разделиле се до неговата смрт во 1991 година.
Денес Карло го нема, а таа приредува концери во негова чест

https://en.wikipedia.org/wiki/Josipa_Lisac
 

Apofis

Оператор
Член од
20 септември 2009
Мислења
158
Поени од реакции
21
Љубовта не е слепа, али кога веќе неиде работата, еден е СЛЕПЕЦ ( неспособен да пресече кога неиде)... другиот е итар ;) ( си начекал де)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Голди Хон е родена на 21. ноември 1945 во Вашингтон ( Ди-Си )
Како мала се подготвувала за танчерка и како танчерка ја почнала кариерата
Склопила повеќе бракови и имала повеќе врски и сите завршиле несреќно, се додека не го сретнла вистинскиот
Се работи за глумецот Кен Расел роден 1951 година. Тие се заедно од 1983, Имаат едно зедничко дете родено 1986 година, но не се во брак
https://en.wikipedia.org/wiki/Goldie_Hawn
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543


Американската глумица Кендис Берген е родена на 9 мај 1946 во Беверли Хилс
Како млада работела како фотомодел. Уште како дете почнала да глуми
Цел живот била политички активна
Љубовта на нејзиниот живот беше Луј Мал славниот филмски режисер кој беше роден 1932 година
Во брак стапија 1980, а нивната ќерка се роди 1985
Денес Кендис вели дека сепак нејзината најголема љубов е нејзината ќерка
Во брак ќе останат се до неговата смрт 1995
Подоцна, 2000 година, Кендис ќе стапи во нов брак, во кој нема деца
https://en.wikipedia.org/wiki/Candice_Bergen
 

Kajgana Shop

На врв Bottom