Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Не очекувај ништо за возврат од никого, тоа што ти ќе го направиш за некој, гледај да биде нешто што и тебе би ти одговарало. "Жртвување" во врска не функционира... Дури и да направиш во иднина нешто за некој, не очекувај дека и он ќе направи нешто за тебе. Најубаво е пред да направиш нешто за некој, да размислиш дали тебе тоа стварно ти одговара. Не знам точно што си направила за него, ама ако не си стигнала до зимање кредити и давање пари, се друго што е од емоционална природа, ќе помине со текот на времето, сета таа болка врз достоинството што ти ја нанел ќе помине, без гајле. По неколку години и да го видиш на улица, нема да ти биде гајле за него. Добра поука за во иднина, да не наидуваш на такви како него. Можеби си го одбрала и "несакајќи" зошто те потсетувал потсвесно на твојата релација со родителите, целиот тој однос во кој ти си подредена ти бил веќе познат и близок, но потруди се во иднина, наместо да одбереш нешто што е комфорно и познато, да одбереш нешто ново, некој што ќе се грижи вистински за тебе. И за делот дали му се допаѓаш ти или не, не се грижи за тоа. Ќе има милион луѓе што и на тебе нема да ти се допаѓаат, па ако размислуваш доволно трезвено, велиш дека ни овој не ти се допаѓа како личност. Па нормално и ти нема да им се допаѓаш на куп луѓе. Исто како во пријателствата, некои успеваат, некои не.
А зошто па би се трудела да му се допаднеш на некој што не ти се допаѓа тебе? Нема потреба.
Пробај да му се допаднеш на некој што стварно ти се допаѓа како личност на тебе. Иако во тој случај, најверојатно веќе ќе му се допаѓаш на некој таков. Многу е битно и да е тип со карактер, што знае што сака...

Sent from my SM-J330F using Tapatalk
Ти благодарам за опширниот одговор и на тебе.
Сега би сакала да ти одговорам на некои работи кои ги имаш кажано.

Се жртвував уште од самиот старт бидејќи мислев дека личноста вреди, пред да започнев врска со него сакав да бидам сигурна кој е и што е па се распрашав убаво за него и сите ми рекоа дека е дечкото на место, стабилен и добра личност.
Мислев дека врската оди на добар пат кога тој почна да ме запознава со сите, индиректно покажуваше со некои работи дека сака иднина со мене, јас се препуштив на чувствата и го прифатив таков каков што е.
Но.. сето тоа ми се тресна од глава кога започна да се лути за ситници, секогаш велев ај да не се карам, ај да бараме компромис, ај ова ај она.. имав разбирање за некои работи кои искрено не секоја девојка би имала, почит, љубов и највеќе имаше внимане од мене, дури кога одев кај него на гости на викенд бидејќи беше од друг град го молев да излезе со другарите кога го викаа на фудбал и кафе, не бев од тој тип на девојки - сега сум кај тебе мене ќе ми посветиш внимание, остави ги нив туку сакав да има другари, да не ги запоставува поради мене бидејќи искрено се дружеше со мал број на луѓе и беше затворен па сакав да се вмешува меѓу народ. Животот му се сведеше од куча посо куча.

Настрана проблемот, помина тоа, веке три месеци не сме заедно, тој ми ја префрлуваше вината кај мои пријателки, а што е најлошо му успеа да направи да се чувствувам виновна.
Искрено мислев дека времето ќе го натера да сфати дека мене ме загубил а не да скока од врска во врска без никаков респект кон мене да разговараме.
Не му бранам да има друга девојка бидејќи тој мене ме оставил во минатото но криво ми е понекогаш што добив таков третман од него, што не се потруди околу мене, како што јас се трудев но очигледно е дека си во право бидејки никој денес не ти ја цени жртвата туку гледа да му биде убаво нему а другиот што сака нека прави.
Од него очекував, од 31 годишен маж да се однесува зрело, да не бега од проблеми и да се однесува како што доликува на негови години а не да ги лекува комплексите врз мене кои ги имал од минатото.
Најлошо е што мислам дека се уште имам чувства кон него, не знам дали е љубов или нешто друго. Тој го знае тоа, но залудно е, се што ќе направев за да дојдам до контакт беше залудно, на крајот кренав раце и решив да го пуштам да си го тера животот како наумил.

Ќе оставам на времето, не знам што ќе ми донесе ама се надевам дека ќе биде нешто добро.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
415
Поени од реакции
908
Дојдов пак да побарам мислење и совет, критика или било што.

Откако раскинав со мојот партнер во која врска јас речиси вложив се и сешто се случи она од кое што највеќе се плашев - тој фати друга после три месеци и сфатив дека воопшто му немав значено како што мислев бидејќи ме третираше како ѓубре кога барав да разговараме и да го средиме проблемот веќе еднаш за секогаш па дури и да не се смириме бидејќи ми нанесе психички проблем да не можам да одам напред после него.
Имам мозочна бариера во себе и овертинкингот најчесто ме напаѓа секоја вечер кога се обидувам да се опуштам и да не мислам на глупости кои се случиле во минатото.
Мислев дека времето ќе ми помогне да го преболам и да поработам на себе ама всушност повеќе ми одмогна.
Не е дека не можам да го преболам, мислам дека сум на добар пат, ама некогаш некои негови чекори кои ги прави ме трескаат од земја, ќе ми го расипат расположението и сите планови кои сум сакала да ги реализирам ќе ми се расипат бидејќи немам желба.
Во последно време имам флешбекови, се губам меѓу толпа луѓе и често не можам да воспоставам контакт со луѓе бидејќи имам страв повторно да не ме искористат како порано.
Имам прекинат контакт со него, што веќе на периоди почнува да ми е сеедно но се плашам да започнам во иднина друга врска бидејќи не знам како ќе се одвива.
Не се затварам дома но почесто се дружам со ликови кои ете се себични и не можам да кажам дека поминувам убаво време со нив но исто така и не можам овој период да седам дома затворена и да чекам да ми падне некое решение од небо.
Моментално чувствувам некој бес кој не можам да го извадам од себе бидејќи секогаш кога сакам да запознавам нови ликови ќе се испостави дека се пациенти, несериозни ликови кои имаат детско однесување или се лутаат и блокират доколку ги имам одбиено.
Бесот е тука и поради него бидејќи вложив сите напори да успее некоја врска, ако можам да ја наречам така а за возврат да не добијам ништо што ме тера повеќе да не верувам на машкиот пол иако знам дека не се сите мажи исти.
Ми се појави комплекс на ниска вредност, дека после сите разочарувања и оставања од моите партнери дека воопшто не вредам.
Утрово добив покана за работа во Германија, се уште се двоумам, не знам дали сакам да отидам бидејќи се плашам од промени, не знам што добро можат да ми донесат.
Добив подршка од родителите и брат ми, но не сум среќна, не знам..
Во кој смисол пациенти со детско однесување?
Гледај, мал совет околу болдираното. Нормално е секое машко да се лути ако е одбиено од првпат. Сите ние и мажи и жени мислиме дека сме the shit, особено кога сме млади, егото работи со максимален капацитет. Ако веќе одбиваш некој, мора да му дадеш објаснение зошто е тоа така, во смисла не ме привлекуваш физички, не сум спремна во моментот за врска и сл. Секој сака да се почуствува посебно, да биде посакуван. Ако ти одбиеш некого на агрсивен начин, со хостилност дури, очекувај тој да не те побаРа уште еднаш во иднина. Јас разбирам дека помладите генарации имаат некој '' you are the prize, he has to earn you'' менталитет, ама за танго се потребни двајца. Мора да има реципроцитет. Не доволувај егото да те завладее комплетно, бидејќи запомни, и оној кој го одбиваш има его. Со среќа. (y)
 
Член од
26 јануари 2018
Мислења
21
Поени од реакции
17
Ти благодарам за опширниот одговор и на тебе.
Сега би сакала да ти одговорам на некои работи кои ги имаш кажано.

Се жртвував уште од самиот старт бидејќи мислев дека личноста вреди, пред да започнев врска со него сакав да бидам сигурна кој е и што е па се распрашав убаво за него и сите ми рекоа дека е дечкото на место, стабилен и добра личност.
Мислев дека врската оди на добар пат кога тој почна да ме запознава со сите, индиректно покажуваше со некои работи дека сака иднина со мене, јас се препуштив на чувствата и го прифатив таков каков што е.
Но.. сето тоа ми се тресна од глава кога започна да се лути за ситници, секогаш велев ај да не се карам, ај да бараме компромис, ај ова ај она.. имав разбирање за некои работи кои искрено не секоја девојка би имала, почит, љубов и највеќе имаше внимане од мене, дури кога одев кај него на гости на викенд бидејќи беше од друг град го молев да излезе со другарите кога го викаа на фудбал и кафе, не бев од тој тип на девојки - сега сум кај тебе мене ќе ми посветиш внимание, остави ги нив туку сакав да има другари, да не ги запоставува поради мене бидејќи искрено се дружеше со мал број на луѓе и беше затворен па сакав да се вмешува меѓу народ. Животот му се сведеше од куча посо куча.

Настрана проблемот, помина тоа, веке три месеци не сме заедно, тој ми ја префрлуваше вината кај мои пријателки, а што е најлошо му успеа да направи да се чувствувам виновна.
Искрено мислев дека времето ќе го натера да сфати дека мене ме загубил а не да скока од врска во врска без никаков респект кон мене да разговараме.
Не му бранам да има друга девојка бидејќи тој мене ме оставил во минатото но криво ми е понекогаш што добив таков третман од него, што не се потруди околу мене, како што јас се трудев но очигледно е дека си во право бидејки никој денес не ти ја цени жртвата туку гледа да му биде убаво нему а другиот што сака нека прави.
Од него очекував, од 31 годишен маж да се однесува зрело, да не бега од проблеми и да се однесува како што доликува на негови години а не да ги лекува комплексите врз мене кои ги имал од минатото.
Најлошо е што мислам дека се уште имам чувства кон него, не знам дали е љубов или нешто друго. Тој го знае тоа, но залудно е, се што ќе направев за да дојдам до контакт беше залудно, на крајот кренав раце и решив да го пуштам да си го тера животот како наумил.

Ќе оставам на времето, не знам што ќе ми донесе ама се надевам дека ќе биде нешто добро.
[DOUBLEPOST=1554921137][/DOUBLEPOST]Dali bi zapocnala nova vrska?
 
Член од
19 јули 2014
Мислења
142
Поени од реакции
23
Дечки значи ситуацијата е следна.. Од братучеда ми дечкото (сериозна врска 3 години) има помала сестра.. Веќе неколку време се допишуваме едно друго, почнавме и четворицата да излагаме.. Све беше океј додека почнаа да ваѓаат муабети некои дека јас имам нешто со девојчето при што мајка и дозна и малку бурно изреагира бидејќи неможело тоа така 2 братучеди да бидат со брат и сестра... И сега малку се оддалечивме али сеуште сме во контакт, чекаме да се смири ситуацијата...
Девојчето ми се свиѓа многу, верувам и јас на неа, си одговараме се сложуваме све.. сигурен сум дека ситуацијава не кочи и двајцата, или поточно речено љубов што неможи да се случи..

Што мислење имате за ова, сепак не сме дотолку заостанати штознам ? Пример знам лично 2ца браќа албанци се оженија со 2 сестри.. Комшија мој се ожени со некоја си 4 или 5та братучеда (знаеја сите) па ете никому ништо...
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Со девојчето не сте во крвна врска, така да прај си шо сакаш. Од затуцани родители, општество и „обичаи“ многу фајде во животот нема да видиш.

А за овај комшијата што го имаш и се женил со брачеда.... језиво! Претпоставувам се имаат пукано без да знаат дека се брачеди, дете ова она и ајт чао. АЛИ ЈЕЗИВО.
 
Член од
19 јули 2014
Мислења
142
Поени од реакции
23
Епа тоа е проблемот што сите гледаат прво луѓето што ќе речат па потоа...

Абе тие не знааја одпрво, па потоа дознаа дека се далечна фамилија, па кога прегледаа сватија дека се више некој подалечни братучеди али више касно беше... Али тие ич не му ја думаат..
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Дечки значи ситуацијата е следна.. Од братучеда ми дечкото (сериозна врска 3 години) има помала сестра.. Веќе неколку време се допишуваме едно друго, почнавме и четворицата да излагаме.. Све беше океј додека почнаа да ваѓаат муабети некои дека јас имам нешто со девојчето при што мајка и дозна и малку бурно изреагира бидејќи неможело тоа така 2 братучеди да бидат со брат и сестра... И сега малку се оддалечивме али сеуште сме во контакт, чекаме да се смири ситуацијата...
Девојчето ми се свиѓа многу, верувам и јас на неа, си одговараме се сложуваме све.. сигурен сум дека ситуацијава не кочи и двајцата, или поточно речено љубов што неможи да се случи..

Што мислење имате за ова, сепак не сме дотолку заостанати штознам ? Пример знам лично 2ца браќа албанци се оженија со 2 сестри.. Комшија мој се ожени со некоја си 4 или 5та братучеда (знаеја сите) па ете никому ништо...
Шо е страшното во ова? Па близнаци се земаат со близнаци, а не ти и братучеда со различни сестра и брат....
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Дечки значи ситуацијата е следна.. Од братучеда ми дечкото (сериозна врска 3 години) има помала сестра.. Веќе неколку време се допишуваме едно друго, почнавме и четворицата да излагаме.. Све беше океј додека почнаа да ваѓаат муабети некои дека јас имам нешто со девојчето при што мајка и дозна и малку бурно изреагира бидејќи неможело тоа така 2 братучеди да бидат со брат и сестра... И сега малку се оддалечивме али сеуште сме во контакт, чекаме да се смири ситуацијата...
Девојчето ми се свиѓа многу, верувам и јас на неа, си одговараме се сложуваме све.. сигурен сум дека ситуацијава не кочи и двајцата, или поточно речено љубов што неможи да се случи..

Што мислење имате за ова, сепак не сме дотолку заостанати штознам ? Пример знам лично 2ца браќа албанци се оженија со 2 сестри.. Комшија мој се ожени со некоја си 4 или 5та братучеда (знаеја сите) па ете никому ништо...
Мајка ти нека смири живците, нема што она да одлучува ти што да правиш со љубовниот живот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Епа тоа е проблемот што сите гледаат прво луѓето што ќе речат па потоа...

Абе тие не знааја одпрво, па потоа дознаа дека се далечна фамилија, па кога прегледаа сватија дека се више некој подалечни братучеди али више касно беше... Али тие ич не му ја думаат..
Смее после трети братучеди и законски, нема што тука.

За твоите не се замарај, глеј си го ќејфот. Нема што полнолетна личност да се правда што како, стариве мислат Југославија е ова па мора рапорт да им се дава. Имам јас среќа што моиве не се замараат, досега само еден дечко ми го знаеја ама си знаат и сами дека ако се мешаат може да биде бетер за нив и си ќутат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Зошто језиво комшијата што се оженил со некоја од 4 - 5 колено? До трето не може.

Мој братучед се ожени со втора братучетка. И јас не знаев ни неа ни родителите.
Кога дознаа се разделија, ама добро е нејзиниот дедо беше жив за да каже дали навистина се роднини и на крај испадна дека таа има други корени и нејзиниот дедо е полубрат со неговиот. Ако немаше кој да и го каже потеклото толку ќе беше.

Ептен глупо е ова да си најдеш личност со која планираш да го поминеш животот и ти е поблиска роднина. Така е кога не се познаваме.

Ова братучеди со брат и сестра не е ништо. Остај старите тие ни со комшика нема да ти дадат затоа што ќе те зборува народот.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
19 јули 2014
Мислења
142
Поени од реакции
23
Абе тоа почна да се бунат братучедами и дечко и (по влијание на мајка им). Па девојчево се искара дома (само незнам ради што муабети ваѓаа или што несакаат да има нешто помеѓу нас)... па на крај јас се ставив во многу незгодна ситуација кај што моравме да се откажиме од блискоста...

Иначе заборавив да напоменам дека таа има дечко али не им оди баш, почнаа како само за мување али незнам до кај стасаа, таа воопшто не го рецка, повеќе време проводува со мене него ли со него...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.336

Да, го заборави најбитниот дел, имала дечко уствари:coffee:
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865
Абе тоа почна да се бунат братучедами и дечко и (по влијание на мајка им). Па девојчево се искара дома (само незнам ради што муабети ваѓаа или што несакаат да има нешто помеѓу нас)... па на крај јас се ставив во многу незгодна ситуација кај што моравме да се откажиме од блискоста...

Иначе заборавив да напоменам дека таа има дечко али не им оди баш, почнаа како само за мување али незнам до кај стасаа, таа воопшто не го рецка, повеќе време проводува со мене него ли со него...
Абре мали, дај еднаш порасни.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
@Utopia123 Види вака срце! Ти да си го сакала вистински дечкото нема цело време да јадеш бурек за него и да потенцираш 100 пати дека си ти жртва, дека се си уложила. Какво е тоа уложување бре? Како другио да не уложува! И шо е тоа шо си уложила, а он не уложил? Емоции и надежи се тоа шо се уложуват. А ако не ти се исплате улогот тоа е друга работа и дечкото/женската тука не се криви. Секој си е сам крив коа уложува емоции.
Ти уствари не тражеш совет. Ти тражеш потврда од другите у твоето убедување дека си испаднала жртва, дека дечкото е крив, дека те заебал...Која ми е поентата? Не ги прифаќаш стварите такви какви што се природно.
Шо е битно шо си фанал одма друга после 2-3 месеца? А колку треба да помине? Има ли протокол? 3 години треба да минат па дечкото да си фане друга? Смешно е тоа. Не е битно како се дешавале стварите меѓу вас и кој е крив. Нема кривец. Секој си е сам крив. Секој очекува дека ке доживее рај благодарејки на партнеро/ката и при тоа сам себе се повредува. Него го нарекуваш незрел, ама ај реално согледај кој е незрел, кој кука и окривува друг? Јас сум бил повреден буквално 100 пати поинтензивно од тебе, па никогаш пред друг несум јадел бурек за љубената дека таа била крива, а јас сум испаднал жртва. Дури ни сам не се окривувам дека сум испаднал наивен или будала затоа шо едноставно , ако не се ризикува, ништо нема да се добие у живото. Заљубувањето е ризик. Човек кој не се разочарал, кој не бил повреден емотивно, таков човек нема поим шо е тоа љубов. Значи тоа е природен процес, растење. Емотивно и духовно растење. Така се зрее.
П.С. Овоа не е критика, туку баш совет од малце позрел човек.
 
Не можеш ти да зборуваш за моите чувства кон него кога ниту ме познаваш ниту пак си бил запознаен за проблемите во нашата врска и ниту пак си бил таму да знаеш што точно се случи.
Како се осмелуваш да зборуваш за моите чувства кон човек кој знаеше што имав и што се' ризикував за него за тој да биде среќен? Во мојот мозок и срце си да знаеш што јас чувствувам?
Тој цело време се однесуваше незрело кон мене притоа лутејќи се за ситници зошто немаме отидено на одмор, зошто сум го пропуштила автобусот, зошто сум земала таква храна и ред триста глупости поради кој тој знаеше со денови да ми се лути и да не ми зборува наместо да постапи како секој нормален човек и да седне на маса и да ги каже сите работи кои му пречат кај мене а реално, тоа е глупост, ситниците за кои што се лутеше беа глупост а секој човек има граница до кај што може да се премине, тој ја премина со тоа што и неколку пати ме оставаше сама кај него и се однесуваше како јас да не бев присутна, никогаш не ме пречекуваше кога идев сама во туѓ град, ми префрлуваше за моите родители и да не кажувам уште многу работи поради кои јас молчев за да не начнувам караници. Моите родители ме оставиле кај него на негова одговорност а не да ме третира како задно piece of shit на светот. Сум го вадела последниот денар од џеб за автобуска карта да отидам кај него затоа што сум сакала да бидам со него а тој ќе ме игнорира.
Кој е овде човекот кој што се однесува незрело? Ти ќе третираш лошо некоја партнерка која поминала часови пат за да биде со тебе?
Да не очекуваш да го воспевам во песни и да пишувам поеми за него дека бил најдобриот партнер на светот кога реално не беше тоа?
Бил затворен и тип со комплекси, лично тој ми го кажа тоа и дека се уште ги лекувал.
Ако имал комплекси, и бурно минато што сум јас виновна овде секој негов неуспех и незадоволство да го истура врз мене?
Кој зрел човек бега од разговор? Нели во врската мора да постојат компромиси, разговори, комуникација меѓу двајцата партнери? Не можам јас цело време во врската да му вадам зборови од уста ниту пак јас читам мисли да знам што се врти во неговата глава и да знам како да постапам во дадениот момент.
Кога влегуваш во врска, биди подршка на партнерот за да опстане таа врска и борете се да опстане таа врска а не цело време едниот да се труди а другиот да не се замара воопшто, или ако воопшто не си бил за врска не почнувај воопшто бидејќи си играш со нечии чувства и ги повредуваш со некое детско однесување. Реално, детско однесување е, што сакаш кажи, I really don't care, јас се чувствував запоставено во таа врска, јас бев во врска со него, не ти.

Ме прашуваш што сум вложила јас а што тој? Дали си сериозен со прашањево?
Не може мене некој да ме третира како гомно а јас да имам високо мислење кон него и ќе ми зборуваш тука мене за љубов кога тој не се потруди воопшто околу мене туку цело време му беше секс, изморен од работа сум ќе седиме дома, а сега ниту е изморен, има време за се и сешто.

Те молам, немој да ме смееш.

Нека биде среќен, мило ми е што е среќен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom