Види сум потросил толку време со таа личност и јас неколку пати сум размислувал да кренам раце од неа ама тешко е плус на се ова ќе имам мака да најдам друга и се да започне од почеток ..
Мора да ја изгубиш таа умствена стега. МОРА да знаеш, да ти е како факт дека МОЖЕШ да најдеш друга, и МОЖЕ да се почне од почеток. Дури тогаш сам ќе видиш дали навистина сакаш да раскинеш или не. До тогаш ќе си условен. Како од неа, така и од самиот себе. И никој не вика дека нема да е тешко, но сепак е голем дел навика, рутина, не смееш да ѝм придаваш важност на годините, врската е да го спознаеш другиот, да видиш дали си одговарате т.е дали после подолго време може да се поднесете. Двајца луѓе колку и да е океј како луѓе, подолго заедно можно е да не можат да функционираат. И не можеш да форсираш таква врска кога е самата по себе токсична. Тешко дека ќе ти биде - ќе ти биде, сте делеле моменти. Немој да мислиш следниот месец ќе се заљубиш и ќе продолжиш, прво ќе мора да ја преболиш неколку месеци, во кои е тешко и one night stands да имаш не па друга девојка. После тие месеци ќе почнеш дури да се ебаваш и да се осеќаш слободен, па кога ќе се научиш да бидеш сам и така да функционираш ЌЕ си способен да најдеш друга. Што треба да ти е најмал проблем во моментот, ама кажува доволно - дека си суштество од навика и мислиш е тешко да си сам, без девојка. Тешко е - точно, кога цел ден ти е ориентиран околу неа, но такво препуштање треба само со луѓе кои нема да го искористат тоа.
Од друга страна, не можам да ја осудувам девојката, бидејќи не ве познавам, и секако дека не е 13 годишна, бидејќи луѓе во брак прават поголеми драми. Во таквите моменти не се суди, во таква токсична атмосфера во врската доаѓа до уценување, до ретардирани љубомори, до кавги за курац, од ништо нешто, а тоа е дека веќе не функционирате. Во такви моменти луѓето не се самите себе. Можеби девојчето е сосема ок. Меѓутоа, можеби дома навистина има проблеми, ти во тие моменти не треба да се расрпаваш дали ќе се женувате, треба да ја извадиш од дома бидејќи ти бара помош, се ослонува на тебе. Да излезете надвор, да издиши девојчето, да бидеш покрај неа. Поддршка. Не можеш у такви тензични моменти да и викаш: нема пари не те женам. Има време и место за планирање иднина.
Не се бара рационалност у емоции ама ти си воден од многу различни и небитни ствари.
Смени си приоритети и види на што си.
Никој не може да ти го даде вистинскиот совет, бидејќи:
- Многу лесно продолжува животот после раскинување.
- И со 400 евра месечно се почнуе живот за двајца млади, дур се средуе животот натаму.
Се е до тоа колку сте спремни да компромисирате, и колку сте спремни да се смените.
Ја не би живеел со некоја што ми забранува да гледам во цицки.
Ама не би ми мењало каде живеам и со колку ако ја сакам и ми е убаво.
Многу фактори играат улога.
Со среќа.