Бљак. Почнал да чита заради тебе? Аууу, омладино, ооо, младино! Пак си се „зацапала” у некој полуписмен фраер по кој сите девојчиња коси кубеле? Те молам да не биде така, те молам да не сум во право.
Стрип е закон четиво... со стрип си фраер у маало и знаеш финти, ама овој твојот ни тоа не читал?
Срцка, не го сакаш човекот. Тука љубовта не победила, туку сожалувањето твое кон него и твојата насушна потреба да не бидеш сама. Ова или кратко ќе трае или ќе се омажиш со него и ќе завршиш дома како Пепелашка. А, навистина има потенцијал во тебе.

Не е лошо да се врзеш со некого, ако тој е вистинскиот. Ама, штом вакви сомнежи постојат и ваква несигурност (секоја љубов знае да биде ставена на искушение, но чувството од нејзин недостаток е првиот индикатор дека тој нене принциот на бел коњ, ами само коњот кој во кас дошол и те прибрал), тоа не е искушување на љубовта, туку нејзино отсуство.
П.С. Ги молам сите хормоналки да не ме полнат со црвени поради постов и да зачекаат прво да добијат, потоа да го препрочитаат четивово и да размислат до следната месечница. Ако и понатаму (и по нивното следно крварење) мислат дека јадам бурек, наместо црвени, може да ми испратат разгледница на мојата домашна адреса. Поволно ќе им ја доставам заедно со мојот телефонски број на приватна порака.
Фала, пријатно.