Па, ако тој му е најдобар другар, ќе сфати дека вие се сакате, и дека тој е вишок, и нема што да се меша повеќе. Не знам зошто се секираш како ќе реагира неговиот другар. Мислам дека треба да си гледаш за себе и за срцката твоја. Ако дозволиш таква ствар да ти ја уништи врската која има добри изгледи да опстани, ќе страдате сите тројца.
Ти - бидејќи ќе останеш без саканиот поради таква ствар.
Саканиот твој - бидејќи ќе остане без тебе и најверојатно ќе се чувствува издадено од неговиот најдобар другар.
Неговиот другар - бидејќи немаше шанси да те има тебе, не мораше да си го растура другарството. Однапред знаеше дека не може да биде со тебе, а сега ќе го нема ни другарот...( ако му значи, се разбира )
Ситуацијата во која се наоѓаш е доста непријатна. Но може да се реши. Како што реков веќе, терај си со тој што го сакаш и не обраќај внимание на тоа што го мислат другите.
А во врска со тоа што дечко ти не знае дека неговиот најдобар другар те сака...Подобро не му кажувај ти, така може да помисли дека сакаш да ги скараш. ( не го земај ова здраво за готово, не мора да значи. Го напишав само поради тоа што од искуствата на другарките знам дека нивните дечковци помислиле така ) Остави неговиот другар да признае и да се повлече од игра, ако веќе сметаш дека е во игра, или пак воопшто да не признае, а да отстапи без да прави проблеми.