Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
14 август 2018
Мислења
5
Поени од реакции
7
Ај и јас патетиките да си ги раскажам. Може ќе се најде некој тука да ми даде ум малку оти мислам дека ми летна. Од другарките веќе слушнав мислење ама сакам уште.
Значи проблемот е со едно момче со кое пред две години се гледав премногу кратко за да успееме да си извадиме очи...супер ни беше ама и двајцата моравме да се преселува е и неколку месеци по неговата преселба не контактиравме.. А потоа почнавме пак одново. Комуникацијата ни е таква што некогаш пишуваме до изгрејсонце...јас продолжувам на работа,тој спие. Понекогаш се случува и подолго да не напишеме ама секогаш се е исполнето со толку многу топлина и љубов што мене ми беше доволно да ме држи овие две години изолирана од нови врски и глупости. Летово имаше шанса да се видиме. Кратко..неколку денови..и пак исто. Една од вечерите додека разговаравме ми рече: Те мразам затоа што сакам да се оженам со тебе. Незнаев дали треба да ми биде мило или не(да беше без "те мразам" најверојатно ќе одговорев: -ајде)...незнаев како да изреагираам. Поради тоа го оставив само со бакнеж. Денот кога си одев ми рече уште нешто:
-Најди некој друг да сакаш. Мене не ме познаваш доволно. Јас не сум добар човек.
Јас одговорив дека тоа што го бара од мене не е лесно, бидејќи моите чувства кон него се константни целиот овој период и дека ако ми дозволи би ми било мило да се запознаам со тоа што го крие.
И сега сум далеку. Седам и мислам само на тоа што ми го кажа. Незнам дали да му предложам да се видиме пак.. можеби понатамошен разговор ќе помогне.Ама се плашам и дека може да биде и полошо. Не сакам да настојувам и да молам некого. Неможам на ништо друго да се сконцентрирам, аработа имам премногу. Не спијам ..пушам повеќе цигари. Немам трпение. Ме јадат зборовите..сакам да си излезам од кожа.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.334
Поени од реакции
3.276

Kazi mu deka e dosaden i odjebi go
 
Член од
14 август 2018
Мислења
5
Поени од реакции
7
Kazi mu deka e dosaden i odjebi go
Тоа е најверојатно најдобро решение оти нели се си има граници..ама јас сакам уште. Мислам дека има потенцијал нештово. Или само се залажувам за на крај да ме смачка уште повеќе???
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Жена ми ми префрла дека сум бил како малолетник. Е сега можеби "префрла" е несреќно избран збор, зашто не сум сигурен дали се работи за укор, или за пофалба. Не сум сигурен што значи, а и не ја ни прашувам што сака да каже, пошо нејќам да расипувам репутација на сезнаен. Што да правам и како да се поставам у ситуацијава? Ве молам за помош.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
5
Поени од реакции
7
Ап дејт. Момакот се оженил во овие две години. И не најде за згодно да ми каже. Вели јас ти кажав ама ти не ме слушаше добро. Па што сум ја, Баба Ванѓа да претпоставувам дека некој кој интензино ми пишува и израува љубов е еднакво на женет човек. Идете у курац мажишта ...

Ете проблемите сами се решаваат ако притисне човек.
Don't hold your farts in. They travel to your brain and that's where all the shitty ideas are coming from.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Здраво женски.Имам еден проблем.Пред некое време излегов од баш долга врска..и сега се чувствувам како изгубена,затоа и барам совет од вас.

Имам 22 год.Ми се допаѓа еден дечко..многу значи уф!Тој е постар.Има 27.И дваицата пред 1 месец завршивме со врски долги од по неколку години.Пријателски почнавме да комуницираме(инаку ми е колега од работа).Секој ден се среќаваме,се слушаме телефонски за некои случаи..секогаш ми се обраќа онака баш убавко.Пишувавме активно 2 недели..секој ден..некогаш знаеше да не фати и разденување.Муабетот беше нешто најзабавно што ми се има случено во последнава година.Ми ги кажа и своите чувства,ме третира буквално како принцеза.Ама..јас изгледа ја зезнав малку работата..си играв топло-ладно со него(водена од принципот дека не треба веднаш се да добие,иако ми се допаѓга и тој на мене уште од самиот старт,ама што повеќе се труди-тоа подобро и поубаво понатаму за нас како врска).Дечкото кога се допишувавме ми ги симнуваше ѕвездите од небото.Ама она баш БУКВАЛНО.Така се допишувавме,се слушавме телефонски,се гледавме секој ден на работа по половина час(тој секогаш ме викаше да пиеме кафе надвор заедно...кога ќе бидеме на пауза надвор ми вели многу си убава..зошто ме гледаш со тие очи..знам што има во нив..само те чекам да ми кажеш и мн.др. муабети од кои уште повеќе ми се засвиѓа.)Притоа како што реков јас се правев малку незаинтересирана односно..тој секогаш кога ќе ми ги кажваше своите чувства јас му велев за моите..не знам,ке видиме..вртејќи го константно.Му покажував на дела дека ми се допаѓа(директно..само од себе кога ќе го видам насмевката ми почнува од едно до друго уво..едноставно се топам-и тој тоа го гледа и знае).Така траеше тоа некои 3 недели.Излеговме и да шетаме..се беше идеално,се гушкавме само.Ме кануваше во рамо..ме гушкаше.Тој инаку премногу работи(мора,инаку ке пропадне фирмата,тој е главен)Ама,наеднаш јас му пишувам-тој вкучен а не враќа,утредента исто..и веќе така цели 5 дена.Се вклучува,и не ги ни отвора моите пораки.На работа ме примети дека сум налутена за тоа и ми се извинуваше едно утро буквално велејќи ми имам премногу работа,те молам дај ми уште само малку време.Само уште некој ден.Се ќе ти надополнам..Јас му велев уживај,немај гајле(иако сакав да го задавам во тој момент) Ние сеуште се видуваме секојдневно и муабетот во живо и на моб.напредува многу убаво.Буквално пуштање на секоја секунда.Ама кога и да му пишам-не ми враќа,значи се вклучува и е активен,а не ја ни отвара порака.Утрово се слушнавме..ме зезаше да дојдам веднаш да јадеме колачиња..ме нарече душо.Ама ете,не ми е јасно? Зошто не ми враќа,да ли сега јас да кренам раце и да оставам се на него? Да ли сум здодевна со моето пишување? Да ли јас претерав со мојата игра топло-ладно? Да ли тој навистина нема време заради работата(иако и еден лајк може да прати тоа се цели 20 секунди од денот) или навистина не знам што е...ПОМАГАЈТЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ЗАЉУБЕНА 8мо ОДДЕЛЕНКА..ВИ БЛАГОДАРАМ
Имаш 22, не си мала за да те лажат со симнување ѕвезди од небото.
Многу ме нервираат слаткоречиви луѓе, бидејќи не се искрени, а пак машки поготово. Може ти си играла топло ладно, сега пак он си игра, играјте си јбг, не мора поинаку.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.068
Поени од реакции
11.045
Не знам како може жениве да паѓате на такви провидни симнувања на ѕвезди?
Кога машко се однесува така додека флертува со некоја,или е многу закочен или е ебач.Повеќе на кај второво е.И воо двата случаи не е за сериозно.
Не си мислите дека истото го кажува уште на Х женски?
Најјакото е што повеќето женски не признаваат дека паѓаат на такви финти,а уствари ренде ги прават на иста финта.Па да бев женско,колку сака нека е убав и паметен ќе бегав ко од чума ако ми се однесува така.
Од машка гледна точка,никогаш нема да бидам сериозен со некоја која што паѓа на такви папучарлуци/педерлуци од однесување.Можам да замислам колку и сечи паметот ако се пукоти со некој што и рекол 5 пати злато,не можев да спијам мислеќи на тебе.
Кога ќе ја согледаш ситуацијава од двете страни,најверојатно ќе се заврши со клецанки и ништо фазла.После тоа ти ќе си ја траскаш главата а тој нема да помислува ни 1 секунда на тебе.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Еве и јас да пишам на темава нешто, дојде време, иако сум ја отворил два пати преку сила, по што моите љубовни проблеми до сега беа непостоечки, она немаш девојка, наводно и немаш љубовни маки. Па љубовни гуруа дајте совет.

Неодамна се вратив од одмор, таму запознав едно девојче, не е од тука од државава. И муабет ова она го поминав цел одмор со неа. Се роди хемија, многу ми се допаѓа, карактерно пред се, ме заинтересира озбилно до степен што само на неа мислам. А јас во глобала сум затворен тип на човек, ладен ѓоа германец и многу многу не се расфрлам со емоции, секад сум гледал да размислувам со главата.
И еве дојде време оној мраз околу срцето да почне да се топи. Некој би рекол: - Па што е твојот проблем бе пријателе? Тоа е супер.
Епа не би пишал тука ако го нема.

После одморот си се вратив назад во Македонија а таа во земјата на потекло. Останавме во контакт, се допишуваме и се гледаме на видео разговор скоро на дневна основа. И таа вика еден ден: -Далтоне јас сакам да дојдам во твојата земја и да останам со тебе извесно време. Каде е најдобро да најдам место каде би престојувала а истовремено и ти би престојувал со мене. Ме интересираш многу, ми се допаѓаш и би сакала подобро да се запознаеме.

Јас тука се пресеков. Не дека не сакам да дојде, тоа би било одлично. Но има една работа која што ме мачи и всушност ме натера на темава да се искажам во обид да си ги олеснам љубовните маки.
Јас моментално сум шворц. Све тоа пари кои што ги збирав за тој одмор низ текот на целата година, работејќи каде не, све тоа летна и сега имам салдо нешто над нулата, колку за цигари и кафе, моите најголеми пороци, јебига. А таа сака да дојде нареден месец.
Пари да барам од дома нема шанси, по што и домашните се на тенка линија, имаме уште еден студент и сега е баш време за трошоци и све тоа.

Видов не видов пред некој ден седнав со девојкава на виртуелен разговор и одлучив да бидам искрен, и ја раскажав целата ситуација. Па она ако ме сака ќе ме сака и ваков, клошар. Јас секако не можам да парирам на нејзините примања со овдешните плати, па макар бил и директор на комерцијална.
И девојкава вели: - Што се секираш трошоците одат на моја сметка, истражував и гледам не е толку скапо во твојата земја.
И јас во тој момент бев зини земјо голтни ме. Се осетив крајно мизерно, низ глава ми дојде и она видеото "ќе се мажам за Белгија" и срце не ми дава да паразитирам врз нечиј грб месец дена. Не можам да се погледам во огледало. Ми дојде да се исплачам врз мојата жална судбина.

Некој би рекол (90% од народот): оди бе глуп! К*р те боли, биди е*ана спонзоруша, е*и, јади, пиј на туѓа сметка...
Не можам бе! Не се правам поштењак, ама јас едноставно не можам. Стварно ми се допаѓа девојкава, не би сакал да ја оплескам.
Едно време си реков да и речам да одложиме за неколку месеци, да пробам да застанам малку на нозе, да приберам некој денар. Посекако не можам да сносам целосен трошок вака барем да не бидам циган до толку, барем мојот трошок да си го покријам...

Ама што ако до тогаш целата работа се излади? Сепак ова е така речи некаква врска на дистанца, колку далеку може да оди? Не можам да знам што би било после неколку месеци.
Таа дури и зборела со нејзините, им кажала се за мене, наводно вака на невидено сум оставил добар впечаток на образован и паметен дечко.
Ја ако бев паметен ваљда немаше да пишувам на оваа тема и да поставувам вакви прашања.
Јебига, стигнав до тука. Ајде давајте мислења.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

.
А ти имаш дома разговарано за ова? Можеш и ти да направиш таков чекор.. верувај дека и на твоите ќе им биде мило дека имаш некој кој што сака да те посети и да помине време со тебе.
Потоа, зошто не и предложиш да се смести во твојот град. Ќе види каде и како живееш, ќе се запознае со луѓе што тебе ти значат. Кој не би го сакал тоа? Па сигурно можете да правите екскурзии во околни места, со кола, велосипед, мотор, пешки. Што има подобро од природа?
Незнам јас не гледам овде некој посебен проблем. Вака изгледа дека стварно ја интресираш и таа тебе и како што си собрал храброст да и кажеш во каква ситуација си, така собери храброст да и понатаму да ја истуркаш работава.
 
Член од
29 јуни 2017
Мислења
1.944
Поени од реакции
9.918

Види, немој да чекаш и да одложуваш, зошто да знаеш дека ќе се оладат чувствата. А ако девојката ти пришла со таква идеја, зошто да не?

Ситуацијата тебе ти е каква што е, но немора да значи дека ти треба да пропуштиш едно убаво искуство во животот.

Нека дојде, запознајте се подобро. Не размислувај многу, оти тоа ќе те заглави. Повикај ја, поминете си убаво, а потоа ако се' испадне добро ќе гледаш да направиш нешто повеќе и така.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
А ти имаш дома разговарано за ова? Можеш и ти да направиш таков чекор.. верувај дека и на твоите ќе им биде мило дека имаш некој кој што сака да те посети и да помине време со тебе.
Потоа, зошто не и предложиш да се смести во твојот град. Ќе види каде и како живееш, ќе се запознае со луѓе што тебе ти значат. Кој не би го сакал тоа? Па сигурно можете да правите екскурзии во околни места, со кола, велосипед, мотор, пешки. Што има подобро од природа?
Незнам јас не гледам овде некој посебен проблем. Вака изгледа дека стварно ја интресираш и таа тебе и како што си собрал храброст да и кажеш во каква ситуација си, така собери храброст да и понатаму да ја истуркаш работава.
Вака, јас не сум типичен тинејџер а имам на прв поглед тинејџерска мака. Ќе направам паралела со нашето македонско секојдневие каде 90% од младите се на мое дереџе. Посебно оние кои што штотуку завршиле факултет и останале в среднина во калта, ни угоре ни удолу што се вели.

Замисли еден паралелен универзум каде што јас би имал релативно пристојна работа со пристојни примања доволни за сопствен дом. Дали во тој случај би пишувал вакви небулози на темава?

Во услови кога во твои рани дваесетти години сеуште живееш со родителите, мигрираш од една до друга слабо платена работа, несигурна...заработуваш колку да не бидеш дома товар за вакви работи, значи: одмор, облека, излегување...што јас би можел да и понудам на девојка од високо развиена земја, со месечни примања колку што нам ни изнесуваат вкупните годишни, во полумртов град цел месец? Кога немам ни автомобил, банкрот сум од раѓање...како би и го направил нејзиниот престој поинтересен кога нема ни кино, има две кафулиња вкрст со истите луѓе секој ден, пола од познаниците ми се надвор од државава, роднини исклучувам од старт, никакво добро од нив...

Јас сум зборел со родители, меѓутоа е смешно и трагично во услови на полнолетство да се потпирам на нив за љубовни проблеми, кога и тие самите се заглавени во секојдневните егзистенцијални лавиринити кои што ни ги приредува државава. Тие можат еднино да дадат совет, кој што не е далеку од твојот.
Сепак, мојата мака сеуште перзистира.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Јас сум зборел со родители, меѓутоа е смешно и трагично во услови на полнолетство да се потпирам на нив за љубовни проблеми, кога и тие самите се заглавени во секојдневните егзистенцијални лавиринити кои што ни ги приредува државава. Тие можат еднино да дадат совет, кој што не е далеку од твојот.
Сепак, мојата мака сеуште перзистира.
Ама зошто би им кажал дека имаш проблем. Јас скроз те разбирам. И јас сум била во ситуација некој со кој што сакам да поминам време и да се запознаам подобро да ме викне на концерт или на одмор или на кино .. и јас сум немала скршен денар.
Ама дали си им кажал дека имаш некој што ти го заголицкал срцето. На тоа мислев. Не да бараш финансиска потпора и било како да пробаат да решаваат некој проблем. Едноставно да ги вклучиш. Верувај дека нема да згрешиш.
И не тргнувај со мислење дека нема што да и понудиш. Па таа доаѓа поради тебе. Понуди и се она што за тебе е важно.

Јас една друга паралела ќе направам. Не е љубовна врска ама е пријателска. Се запознав со колешка исто од развиена европска држава. Исто интензивно контактиравме и еден ден ми пиша дека сака да дојде во Македонија на некое време. И јас истото.. без пари. Не бев вработена.. си велам сега ќе дојди јас ќе немам пари да излезам.. да ја почестам нешто. Па ја викнав кај нас дома. Остана скоро месец. Не праевме ништо фенси. Готвевме тоа што имаше дома. Се шетавме околу. Посетивме некои други колеги. Моите беа пресреќни дека не се затварам во себе ради тоа што не ми успева да се вработам со професијата. Дојде прилика таква да се преселам. Сеа живееме во иста зграда и е една од моите најдобри другарки и колешки. Со брат ми ја сакаме како сестра, а родителите мои ја сакаат како свое дете.
 
Последно уредено:

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Вака, јас не сум типичен тинејџер а имам на прв поглед тинејџерска мака. Ќе направам паралела со нашето македонско секојдневие каде 90% од младите се на мое дереџе. Посебно оние кои што штотуку завршиле факултет и останале в среднина во калта, ни угоре ни удолу што се вели.

Замисли еден паралелен универзум каде што јас би имал релативно пристојна работа со пристојни примања доволни за сопствен дом. Дали во тој случај би пишувал вакви небулози на темава?

Во услови кога во твои рани дваесетти години сеуште живееш со родителите, мигрираш од една до друга слабо платена работа, несигурна...заработуваш колку да не бидеш дома товар за вакви работи, значи: одмор, облека, излегување...што јас би можел да и понудам на девојка од високо развиена земја, со месечни примања колку што нам ни изнесуваат вкупните годишни, во полумртов град цел месец? Кога немам ни автомобил, банкрот сум од раѓање...како би и го направил нејзиниот престој поинтересен кога нема ни кино, има две кафулиња вкрст со истите луѓе секој ден, пола од познаниците ми се надвор од државава, роднини исклучувам од старт, никакво добро од нив...

Јас сум зборел со родители, меѓутоа е смешно и трагично во услови на полнолетство да се потпирам на нив за љубовни проблеми, кога и тие самите се заглавени во секојдневните егзистенцијални лавиринити кои што ни ги приредува државава. Тие можат еднино да дадат совет, кој што не е далеку од твојот.
Сепак, мојата мака сеуште перзистира.

Девојчево доаѓа тебе да те види у државава и покрај тоа што си кажал дека немаш два шилинга во џеб. Не ти требаат пари филмот да и го тераш. Шетај ја натаму наваму, има еден куп места што малце или ништо нема да те кошта за убаво да си поминете а веруј ми неа се ќе и биде интересно со тебе на почетокот. Сигурно девојчето има машки таму што ќе ја носат по ресторани, по пичке матерне и ке трошат кеш на неа... таа одбира тука кај ТЕБЕ да дојде. Тоа не значи дека ти треба 'клен легни, клен стани' да бидеш дури е тука, барај работа и заработи колку што можеш у меѓувреме. Не пропуштај прилика за која 100 % ќе се каеш понатаму.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Preberi go doma devojceto, taa te pretstavila kaj nejzinite, a po kako prasala mislam deka ne bi i bilo problem da dojde kaj tebe na gosti, pa osven za spienje trosoci, pola hrana da vi e od doma, cinija poveke mnogu ne menja, ke se zastedi mnogu. A ti so 100 evra za pivo nekad si top, a i taa ke casti neso, nekad rucok, nekad pivo i prosol mesecot, ostaj tie filmovi deka sekoj den i nokj treba da bide ko da ides so nekoja na dejt od tuka, ostaj turistickite zamki... ke se skinete od muabeti i ebenje, sve drugo ke se kratki pauzi...

Problemot ti e tebe drug, na dolgorocno si isplasen, ne mozes da mislis, da se pozajmuvas, da se nerviras sekad koa ke treba da dojde, pa i ti da ides treba uste tolku pari... ama toa e problem za vo idninata, ne se sabotiraj. Toa sto edniot e od porazviena zemja i ima poveke kes e plus, ne treba da se sramis od toa, probajte vie kompitabililnost karakterno, pari i trosoci e lesno, nema sram ako ima poveke kes ili e pouspesna.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom