Да, јасно ми е за што се работи во темава. За да паднеш во депресија, треба да постои голема љубов, несекојдневна. Сум била сведок на такво нешто. Мачно е, пошто не може никој да ти помогне. Освен сам на себе.
До сите оние што се во таква ситуација...
Прво, колку и да звучи клише, треба многу ВРЕМЕ. Треба да си дадеш време за да ти помине она најболното, прво да плачеш секој втор ден, па еднаш во неделата, па еднаш месечно, додека не ти заздрави раната скроз и да ти остане лузна што сакал нејќел мора да ја носиш. Амнезија нема да добиеш сигурно.
Второ, треба да научиш да живееш СО чувствата. Не треба да бараш од себе да го заборавиш. Секогаш ќе имаш НЕКАКВИ чувства кон него. Само, со тек на време, ќе престанеш да мислиш на тие чувства. Ќе заборавиш дека постојат. Ќе добиеш квазиамнезија, да речеме.
Трето, што ако никогаш не си го сретнел тој човек, нешто како батерфлај ефект? Сигурно дека нема да живееш живот без љубов. Сигурно ќе се појави друг човек што вреди. Не верувам во приказните за изгубената половина...
И четврто, медицински, тагата трае максимум 6 месеца.
Па пресметајте до каде сте вие.