Љубовен Хороскоп

Půtîñöt

Претседател
Член од
2 април 2020
Мислења
733
Поени од реакции
496
Љубовен Хорскоп за месец Јули 2020
1. Овен
Ако сте во врска:
Во овој период, вашето внимание ќе бие насочено кон домот, партнерот и семејството. Па со партнерот, децата и родителите ќе градите емоционално потопли односи.
Овој период е добар за решавање на станбеното прашање, па купувањето на недвижнини или уредувањето на домот ќе ви биде важна тема за разрешување овој месец. Ако го имате решено станбеното прашање, тогаш ќе се концентрирате на реновирање и разубавување на домот. Ќе си создадете совршен дом за заедничко уживање и ќе бидете пресреќни.
Ако сте слободни:
Делува како да сте се измориле од гужвата и бучавата, излегувањата и забавите, па ќе почнете да се дружите само со мал број на пријатели. Ќе ги разгледувате причините поради кои сте престанале да се интересирате за личноста во која минатиот месец бевте силно заљубени.
Меланхоличното расположение на почетокот на месецот, постепено ќе попушти и пред крајот на месецот ќе почувствувате емотивно ослободување, па одново ќе бидете подготвени за излегувања и дружење. Баш тогаш кога најмалку се надевате, ќе имате голема можност да сретнете една згодна Терезија, забавен Стрелец или отмен Лав.
2. Бик
Ако сте во врска:
Ако сте во брак или долга врска, овој месец ќе успеете да постигнете рамнотежа помеѓу ангажманите на работа и обврските кои ги имате кон партнерот и семејството. Напнатоста во односите постепено ќе се смири, а комуникацијата ќе стане подобра.
Брзината на разрешувањето на емотивните проблеми ќе зависи од тоа колку сте подготвени на компромис, колку сте подготвени да попуштите и да толерирате одредено однесување. Само така ќе можете до полно срце да се насочите кон партнерот и семејството.
Ако сте слободни:
Слободните Бикови ги очекува возбудлив месец. Ќе се насочите кон нови предизвици, ќе се посветите на откривање на претходно неистражени места за забава и запознавање на интересни луѓе. Бидете внимателни на почетокот на месецот, кога можат да ви се случат многу разочарувања.
Додека вие трагате на далечина по нова љубов, некој кој ви е во близина, најверојатно во вашето соседство, се обидува да ви се доближи. Еден тивок Рак, нежна Риба или деликатна Девица ја посакува вашата наклонетост.
3. Близнаци
Ако сте во врска:
Близнаците кои се во брак или долга врска, во овој период ќе бидат прилично емотивни и ќе бидат насочени кон семејството и партнерот. Вашиот однос со партнерот и понатаму е тежок и бара големи промени. Морате да потонете длабоко во срцето за да најдете решение.
На почетокот на месецот, размислувајте со студена глава и обидете се да ја контролирате вашата нервоза за да не го иритирате партнерот и да предизвикате сериозна расправија. За подобрување на односот потребно е време, па бидете само трпеливи.
Ако сте слободни:
Близнаците по природа се великодушни кога имаат доволно средства и секогаш сакаат да ги делат задоволствата со пријателите, а ако овој период добро сте заработувале, ќе се посветите токму на тоа – дружење, излегувања и забава.
До крајот на месецот може да ви се допадне еден суптилен Рак, ваша копија Близнак или сексапилна Скорпија. До крајот на месецот можете да се препуштите на некоја кратка летна романса, па во ниту еден случај нема да ви биде здодевно овој месец.
4. Рак
Ако сте во врска:
Вашата брачна или партнерска врска полека како да паѓа во монотонија. Секој е зафатен на своја страна со свои обврски и така ќе се родат денови без многу ведрина и заедничка блискост. Обидете се да го вратите назад вниманието на партнерот.
Не се откажувајте и на крајот од месецот, ситуацијата полека ќе започне да се менува, а односите со партнерот и семејството ќе станат потопли. Тогаш ќе можете малку да се посветите и на себе – направете било каква промена, промена на фризура, на гардероберот…
Ако сте слободни:
Сосема поинаква приказна е со слободните Ракови. Вие сте се дотерале, самодовербата ви е на високо ниво и сте полни со енергија – расположени сте за дружење, забава и нови работи. Ќе заблескате, а тоа нема да остане незабележано кај спротивниот пол.
Со вашето расположение ќе го привлечете вниманието на еден зборлест Овен, мистична Скорпија или авантуристички настроена Водолија. Не очекувајте премногу од ова, туку само препуштете се на убавите моменти. На крајот ќе бидете среќни и исполнети.
5. Лав
Ако сте во врска:
Изминатиот месец постигнавте успех и ѝ делувате моќно на околината. Вашиот партнер може да покаже љубомора, а тоа ќе ве нервира и ќе ве натера да избегнувате расправии и разговори со саканата личност. Вашиот однос малку ќе олади.
Но, по средината на месецот, полека ќе почнат да попуштаат и двете страни. Вие ќе престанете да го избегнувате партнерот, а саканата личност ќе попушти и ќе се обиде да ве направи среќни. Повторно ќе пронајдете заеднички јазик и ќе ја обновите љубовта.
Ако сте слободни:
Изгледате моќно и занесно, па со тоа ќе мамите погледи од вашата околина. Досега се концентриравте исклучиво на себе, вложувавте во себе, а во меѓувреме, љубовниот живот како да исчезна. Потребно ви е некој емотивно да ве размрда и да го задоволи вашето гладно срце.
Ќе најдете предизвик на една забава во последните 10 дена од јули, кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак. Вам ќе ви се восхитува еден Рак, ќе ви се наметнува еден Овен, а вие силно ќе се вљубите во ваш истомисленик, Лав или Вага.
6. Девица
Ако сте во врска:
Претставниците на овој знак кои се во долга врска или во брак, во јули ги очекува комплициран однос со партнерот. Ваквата ситуација ќе биде создадена заради ретроградното движење на Нептун, па ве очекуваат непријатни ситуации и односи.
Во овој период вие ќе сакате да се дружите и партнерот да ги следи вашите чекори, но ќе наидете на одбивање и негодување, кое ќе предизвика расправии. Бесмисленото убедување само ќе ве исцрпува и оддалечува. Напорно, но ќе помине.
Ако сте слободни:
Слободните Девици во овој период ќе најдат мир и среќа во дружењето со старите пријатели, а помалку ќе ве интересира потрагата по партнер и љубов. Посреќни ќе бидете со забавата и излегувањата со пријателите.
Една вечер, сосема случајно, ќе наидете на поранешната љубов. Тоа ќе биде пријатно изненадување и многу брзо, низ разговор ќе се вратат старите емоции. Доволни ќе бидат само неколку дена и ќе се повлечете од дружбата со пријателите, а ќе се посветите на овие емоции.
7.Терезија
Ако сте во врска:
Терезиите кои се во брак или долгогодишна врска ќе уживаат во хармоничен период со партнерот. Планетата Марс, владетелот на вашите партнерски односи во изминатиот месец, полека си заминува, а зад вас останаа сите недоразбирања и кавги.
Партнерот ќе се труди повеќе околу вас и ќе има постојано интересни места за излегување, каде ќе можете да се ослободите, да најдете забава и релаксација. Ваквите прекрасни моменти може кратко да исчезнат, поради семејни проблеми, но брзо ќе се разрешат.
Ако сте слободни:
И понатаму изгледате неодоливо, но во овој период ќе бидете поемотивни и несигурни во себе. Нема да бидете подготвени за авантура, туку ќе се концентрирате на тоа да најдете добра прилика за стабилна врска. Адреналинските забави ќе ги замените со излегувања на мирни места.
Пред крајот на месецот ќе имате повеќе шанси да ги задоволите вашите желби и да остварите врска со еден Овен, Лав, Стрелец или Близнаци. Тогаш ќе исчезнат сите несигурност и повторно ќе заблескате во својот полн сјај, а којзнае, можеби и ве очекува долгогодишна врска.
8. Шкорпија
Ако сте во врска:
Шкорпиите кои се во брак или долга врска, заради бројни обврски и недостатокот на време, ќе се оддалечуваат од партнерот. Ова игнорирање ќе му пречи на партнерот, па и да го натера физички да се оддалечи од вас. Ќе сфатите дека постојат сериозни разлики меѓу вас и дека проблемот е далеку поголем околу што изгледа на прв поглед.
Непријатната ситуација постепено ќе се смирува и ќе се обидете да си ги вратите довербата и љубовта која претходно сте ги имале. Ќе вложите голема енергија, повторно сè да биде како што треба, но ова и нема да остане незапаметено.
Ако сте слободни:
Почетокот на јули, за слободните Шкорпии ќе донесе крај на една површна летна романса и повеќе нема да бидете расположени за повторно трагање, излегувања и љубов. Од втората половина на јули, ситуацијата полека ќе започне да се менува.
Ќе ви се допадне некој од работа, некој кој има авторитет. На една прослава или деловна вечера ќе имате можност за романса со еден Овен, Лав, Рак, Риба или Стрелец. Уживајте во пријатните страсни моменти.
9. Стрелец
Ако сте во врска:
Сè уште сте во напнати односи со партнерот и претставниците на овој знак, кои се во брак, во првата декада од јули, ги очекуваат расправии, непријатности и љубоморни сцени. Посебно се неповолни 1-ви, 2-ри, 9-ти и 10-ти јули. Обидете се да останете смирени.
Ако успеете да ги контролирате негативните емоции, ќе го натераат партнерот многу брзо да се смири, да започне да ви се извинува и да се обидува да ги задоволи вашите потреби. Изливот на страсти не само што ќе биде знак на љубовта на партнерот, туку и ќе ја врати страста во врската.
Ако сте слободни:
Во овој период слободните Стрелци ќе бидат расположени за дружење и излегувања. Вашата слободна и весела природа ќе биде во полн израз овој месец. Нема да останете незабележани и ќе бидете магнетно привлечни каде и да се појавите.
Ќе флертувате и ќе уживате во новите емотивни и сексуални искуства. Вашето внимание и искрената заинтересираност може да ги придобие еден симпатичен Овен, интелигентен Близнак или преубава Вага. Во втората половина на јули ве очекува страсна врска.
10. Јарец
Ако сте во врска:
На зафатените Јарци, планетите Сонце, Венера и Меркур ќе им донесат складен и среќен период со партнерот кој повеќе од вообичаено ќе биде расположен да ја изразува својата љубов и приврзаност, а вие ќе возвратите со иста мера.
Ќе имате доволно време да се посветите на семејството и ќе уживате во миговите кои ќе ги поминувате заедно. Многу Јарци кои се во долгогодишна врска, во овој период ќе се одлучат да запливаат во брачните води и ќе почнат да планираат датум за венчавка со партнерот.
Ако сте слободни:
Пред вас е возбудлив период кој ќе го поделите за пријателите, но и за љубовната романса. Сè до 21-ви јули ќе бидете активни, забавни и расположени за ноќни излегувања, носени од сексуалните желби и потреби. Голема е можноста и да се заљубите.
Ќе ве занесе насмевката на еден Бик, сексапилна Скорпија или убавината на една Вага. Толку ќе се заљубите, што ќе бидете подготвени веднаш да станете сериозни. Занесот ќе биде силен, но бидејќи по природа сте рационални, сигурно ќе почекате да не избрзате.
11. Водолија
Ако сте во врска:
Во овој период планетарната сила постепено пронаоѓа рамнотежа помеѓу источната и западната хемисфера, а тоа на зафатените Водолии ќе им донесе стабилност и хармонични односи со партнерот. Вашето заедничко секојдневие ќе стане динамично и забавно.
Ќе бидете подготвени да се дружите, да бидете слободни, да се релаксирате и да бидете среќни. Малку може и да паднете во сенка на партнерот кој ќе постигнува далеку поголем успех од вас, но вие веќе одамна сте научиле дека секој треба да ја изрази својата индивидуалност.
Ако сте слободни:
Слободните Водолии, покрај неколку неуспешни обиди да пронајдат љубов преку интернет, во втората половина на јули ќе се насочат кон реалниот свет и ќе се вратат на старите пријатели, на добрата забава, излегувањата и незаборавните моменти.
Токму во овој период, со една необична средба, ќе наидете на возбуда и љубов кои ќе доаѓаат од еден Овен, Стрелец или Близнак. Ве очекува возбудлива авантура и сосема неочекувана динамика, а ова лето ќе ви биде незаборавно.
12. Риби
Ако сте во врска:
Зафатените Риби кои претходно биле соочени со помали семејни расправии заради лошата комуникација со партнерот, сега ќе можат да земат издишка и да уживаат во пријатни моменти поминати во нежности, љубов и хармонија.
Покажете колку многу се грижите за саканата личност и љубовта нема да ви остане невозвратена. Искористете ги топлите летни денови за да ја вратите страста и да уживате во бројни романтични моменти и хармонично чувство на блискост.
Ако сте слободни:
Слободните Риби кои изминатиот месец влегле во кратка љубовна врска, можат да доживеат непријатности и тоа да ги натера да ја прекинат врската. Посебно неповолни денови се 1-ви и 2-ри јули. А, до крајот на првата декада од јули, да дојде до прекин на врската.
После ова, ќе се почувствувате ослободени и многу брзо ќе се вратите на нормалниот животен тек. Во овој период посебно ќе зрачите и ќе воодушевувате со вашите префинетост и убавина. Тогаш ве очекуваат нови познанства и потенцијални искри со Вага, Девица, Јарец или Рак.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
и што е поентава на темава? :toe:
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Неточен. Way way off....
 

Půtîñöt

Претседател
Член од
2 април 2020
Мислења
733
Поени од реакции
496
и што е поентава на темава? :toe:
E сум ја утнал годината sorry, нареден месец ќе биде август 2020 часна партиска реч


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
E сум ја утнал годината sorry, нареден месец ќе биде август 2020 часна партиска реч
... снајди се, ама мора да објасниш со текст, на пример дали сето ова објаснето во љубовниот хороскоп од 2016 година се случи или има промена во 2020...или нешто измисли и формулирај ја темата да може да се дебатира... вака само постирано, џабе! ;)
...ете мене ми пишува некој флерт на повидок, па ми реди овен, близнак и вага, симпатичен Овен - си беше ептен самобендисан, интелигентен Близнак преокупиран си беше со својот неинтелгентен близнак, а преубава Вага сакаше јас да ја клецам, така да сите три опции завршија со корпи! :P
 
Последно уредено:

Půtîñöt

Претседател
Член од
2 април 2020
Мислења
733
Поени од реакции
496
... снајди се, ама мора да објасниш со текст, на пример дали сето ова објаснето во љубовниот хороскоп од 2016 година се случи или има промена во 2020...или нешто измисли и формулирај ја темата да може да се дебатира... вака само постирано, џабе! ;)
...ете мене ми пишува некој флерт на повидок, па ми реди овен, близнак и вага, симпатичен Овен - си беше ептен самобендисан, интелигентен Близнак преокупиран си беше со својот неинтелгентен близнак, а преубава Вага сакаше јас да ја клецам, така да сите три опции завршија со корпи! :P
Хаха важи ќе средам


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.047
Поени од реакции
13.539
Поентава е хороскоп љубовен, точен е неточен искуства


Sent from my iPhone using Tapatalk
ништо не ми погоди


читам за партнерот, он ќе се кара со мене, а мене ќе ми е супер со него хахахахахаха
 

Půtîñöt

Претседател
Член од
2 април 2020
Мислења
733
Поени од реакции
496
ништо не ми погоди


читам за партнерот, он ќе се кара со мене, а мене ќе ми е супер со него хахахахахаха
Хахахаах ок, овој е од 2016 ќе едитирам после


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom