Јутро ће променити све

Дискусија во форумот 'Серии' започната од MARCELLO, 6 ноември 2018.

  1. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.022
    Допаѓања:
    3.844
    [​IMG]

    Ова е приказна за младите луѓе кои ги поминале триесеттите, го завршиле школувањето, не формирале семејство, немаат постојани работни места и сè уште го бараат "своето место" во светот ...


    Во чекор помеѓу раната младост која им поминува и зрелата возраст ликовите во серијата се обидуваат да ги редефинираат нивните пријателски и емоционални односи и да сфатат "каде понатака".


    Преку борбата со предизвиците на животот на една генерација, серијата се обидува да го прикаже духот на Белград денес: зборува за оние кои живеат во него, оние кои одат надвор од државата, како и оние кои повторно и се враќаат ...


    Серијата го следи животот на четириeсет годишници во Белград во период од година дена. Филип,човек кој ветува, стипендист на престижниот американски универзитет Беркли по неколку години престој во Америка се враќа во Белград на кратка посета но таа негова кратка посета, трае подолго од планираното. Враќањето на Филип ќе ги повлекува и неговите долгогодишни пријатели, Љуба, Анѓела и Александар.


    Главни улоги :

    Никола Ракочевиќ - Филип

    Јована Стојиљковиќ - Анѓела

    Андрија Кузмановиќ - Љуба

    Исидора Симијоновиќ - Саша/Aлександар


    Автори на серијата :

    Горан Станковиќ

    Владимир Тагиќ


    Трејлер

     
  2. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Кутрите 30 годишни деца без работа до мама и тате :D Ќе промени утрото се секако, само ќе се промени така без акција само секој ден нека се опиват и мават без веза...

    Ја погледнав првата епизода, добра серија со добра глума и сценарио. Се надевам ќе им дојде паметот на нашиве па да прекинат со турските серии и да емитуват нешто интересно.

    Инаку знае некој каде можам ги гледам сите епизоди од почеток ?
     
  3. ckembarbtt

    ckembarbtt

    Член од:
    8 октомври 2015
    Мислења:
    373
    Допаѓања:
    436
    borivoe.png
    Борис Трајковски во улога на грижлив татко:D
    Мајтапот на страна,ја изгледав првата епизода и според неа мислам дека се работи за добра серија,Flatter си праша то шо сакав јас да прашам.
     
  4. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.022
    Допаѓања:
    3.844
    На Pregledaj.net Jaс загледав мал дел на РТС и се мислам да и дадам шанса на оваа серија.
    Првата епизода ја има на Јутјуб другите како што пишав погоре одете на Pregledaj.net

    Србиве почнаа да создаваат добри серии квалитет Netflix, HBO.. имаат и млада генерација актери кој одлично се вклопуваат во серииве нови.

    Доста веќе репризи на РТС Бољи Живот, Среќни људи..
     
    Последно уредено: 7 ноември 2018
  5. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Ја изгледав првата епизода, исто и вечера ја гледав некаде околу 21-22 часот на ПТЦ ја имаше ама незнам до која серија се ја сакам од почеток да ја гледам ;)
     
  6. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.022
    Допаѓања:
    3.844
    Оди на сајтот Pregledaj.net и таму во пребарувачот пиши Jutro ce promeniti sve па ќе ти се појават сите епизоди досега емитувани и ставени на сајтот.
     
  7. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    Отидов веќе... втората епизода избришана другите епизоди многу сецкат не се гледа убаво.
     
  8. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.022
    Допаѓања:
    3.844
    Инсталирај Kodi и на него Balkan Green Build
    Eве ти туторијал како се инсталира
    https://www.youtube.com/watch?v=C56Zl8_eYMY
    За повеќе информации приклучи се во Фејсбук групата Balkan Green.
     
    На Flatter му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: