rossoner stefan
Модератор
- Член од
- 5 декември 2007
- Мислења
- 1.770
- Поени од реакции
- 192
Во сабота, 21.11.о9, со почеток од 20.15ч, ке се одржи шестиот по ред Јуниорски Евросонг, оваа година во Киев , Украина.Центар на случувањата ќе биде арената ‘‘Палата на Спортовите‘‘, истата во која се одржа и Евровизијата во 2005тата година, по победата на Руслана.
Полека но сигурно јуниорскиот евросонг со право го зазема епитетот најголем музички фестивал за деца на возраст од 10 и 15 години, бидејќи секоја година станува се поактуелен.Од друга страна пак, челниците на ЕБУ од година во година се соочуваат со еден вид бојкот на западно-европските земји кои одбиваат да учествуваат на оваа манифестација, жалејки се на принципот на гласање и тотална доминација на земјите од Источно Европскиот блок.
До последен момент кружеа шпекулации дека оваа година Јуниорскиот Евросонг е ставен под знак прашање, поради критичната ситуација со свинскиот грип во оваа земја.Меѓутоа сите делегации се веќе пристигнати, и работат со полна пареа, надевајќи се на што поголем пласман.
На официјалното отварање, поздравен говор одржи и Украинскиот премиер Јулија Тимошенко, која воедно и ја озчани за започната неделата на Јуниорскиот евросонг.
Во Сабота, на не толку импресивната сцена во Палатата на Спортовите ке настапат 13 земји учеснички:Шведска,Русија, Ерменија,Романија, Србија, Грузија,Холандија, Кипар, Малта,Украина,Белгијаа, Белорусија, а честа да го затвори шоуто ке го има Македонската претставничка Сара Маркоска.
Македонија традиционално, по шести пат учевствува на оваа манифестација.Слободно може да се каже дека Македонија бележи навистина одлични пласмани на Јуниорскиот Евросонг, со исклучок на 2006тата година кога завршивме последни.
Што се однесува до обложувалниците за тоа кој ке победи оваа година, се погласни и погласни се шпекулациите дека оваа година тоа ке биде Белгија.По преслушувањето на песната, апсолутно се согласувам со тоа, и се надевам дека тоа и ке се случи.
Што се однесува до Македонија, еве видео од нашата прва проба на која морам да признаам звучиме прекрасно
А еве едно потестување и на сите досегашни претставници на Македонија на Јуниорскиот евросонг
2003(Копенхаген, Данска) Марија и Викторија-12то место
2004(Лилехамер, Норвешка) Мартина Силјаноска-7 место
2005(Хаселт, Белгија) Денис и Стефан-8 место
2006(Букурешт, Романија) Зана-15 место
2007(Ротердам, Холандија) Росица и Димитар-5 место
2008(Лимасол,Кипар) Боби-5 место
И за крај, како некој што бил на една ваква манифестација, и го осетил притисокот кој задолжително настанува, и посакувам на Сара се најубаво.Одличен настап, да е сигурна во себе, дека ние сме со неа.А резултатот сам по себе ќе си дојде.Напред Македонијо.