Јужна Америка 2018/19

Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Болни се јужноамериканциве, каква атмосфера упм... :D
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697
Гомната им смрзнаа последните 5 минути,посебно ова со слободниот како не влезе,а и потоа таа шансата. На крајот богами каква атмосфера,се тресеше стадионот. Секоја чест.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
Слободниот требаше да шутира во небранетиот дел,можеби поспора топка но прецизна.Постои голема можност за гол или одбиена топка.Пратам Јужноамерикански фудбал и голем број на голови паѓаат од такви ситуациии.
Не ја гледав првата на Фламенго, ама на реваншов ќе падне чотек не виден.Колумбијците ги гледав вчера прпотив Кали во првенството, не се лош тим а и играат доста цврсто со многу стартови.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697
За 5 минути почнува втората утакмица од финалето на Копа Либертародес помеѓу Ланус и Гремио. Гремио победиле во првата 1-0. Знајќи ги Аргентинциве,мислам дека ќе пука на реваншов. Иначе во Ланус игра Лаутаро Акоста,поранешниот играч на Севиља,а на клупата седи ГЕРМАН ДЕНИС,ЛЕГЕНДАТА НА СЕРИЈА А. Во Гремио напред игра Лукас Бариос,поранешниот напаѓач на Дортмунд,а мене посебно ме интересира како ќе игра Луан,за кого постоеше интерес летово од многу клубови од Европа,а зимово конкретно Валенсија се заинтересирани за него. Бтњ,ако утакмицава заврши со БИЛО КОЈ резултат,а да е 1 гол разлика за Ланус се играат продолженија. На пример 5-4,пукаат продолженија :pos:. Ако се случи оваа ситуација,ќе има и 4-та измена во продолженијата

Едит,почнаа веќе Аргентинциве со огномети :pos:
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
Гремио се 2 класи подобри сезонава.А за утакмицава па да не правиме муабет.Ептен се парализирале Ланус.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Како ли само сум го погодил потенцијалниот шампион, па сум направил цела статија за него :cool:.
ГРЕМИО !!!!
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Осминафинале Копа Либертадорес.

Гремио со Естудиантес првата утакмица ја губи 2:1, вчера на домашен терен даваат гол во 92 за 2:1 и спасуваат пораз. На пенали победуваат 5:3, лудница на трибини.

Сантос против Индипедиенте губи 3:0 првата утакмица, втората 0:0 ама ја прекинаа бидејќи бразилските лудаци почнаа бомби да фрлаат на терен, се тепаа со полиција итн... Некое чудно размислување имаат овие, ако утакмицата е прекината демек избегнале пораз и затоа секогаш има нереди кога бразилска екипа губи.

Ривер против Расинг беше лудница исто, 60+ илјади на Монументал, Ривер победува 3:0. Енцо Перез почна да провоцира додека излегуваше и тука му се пуштија сите од Расинг, па дојдоа и тренери од двете екипи, се симнаа и специјалци да ги делат.

Јужна Америка.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.857
Сантос против Индипедиенте губи 3:0 првата утакмица, втората 0:0 ама ја прекинаа
Најинтересното, што ја отпосле го дознав. Знам јас првата y Бразил заврши 0:0, кога оно читам на Flashscore дека им ја доделиле службена 3:0 во корист на Индепендиенте поради тоа што за Сантош играл некој играч кој немал право на настап ("fielded an ineligible player"). Стварно штета за Сантош, башка сеа Ривер ќе има многу потежок противник во четвртфиналето според мене.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
Ја гледав.70мин беше незамисливо Ривер да постигне гол за 1-1.Умрени до максимум.
Се случи чудо.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Каква луда утакмица беше тоа во Бразил, па како останува жив човек после такви утакмици. Мене би ме изнеле на носилки после онаква утакмица, ама вреди еј. Пенал во последна минута за Ривер кој им донесе победа, можете да замислите што ли ќе се случеше ако утакмицава се играше на Монументал? Ќе се рушеа трибините.
Финале со Бока, лудило невидено ќе е.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Прв пат во историјата Бока - Ривер финале на Копа Либертадорес.
7-ми ноември Бока игра дома, 28-ми ноември е реваншот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom