Јужна Америка 2018/19

Член од
1 август 2015
Мислења
411
Поени од реакции
701
Аргeнтина, Бразил, Копа Либертадорес, Судамерикана и сите останати лиги.

Незнам колку од вас следат, оваа сезона барем во Аргентина сезоната почна во приближно исто време со овие нашиве, на 26 месецов, ќе заврши 29 мај 2017. Утакмиците исто ќе се играат малце порано за разлика од минативе сезони па ќе биде полесно да се гледаат. Играат во нов формат 30 клуба, сите од нив ќе се сретнат по еднаш меѓусебно а ќе играат по два наптревари против нивните главни ривали(Бока - Ривер, Сан Лоренцо - Хуракан итн.)

 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Нема повеќе Торнео Верано и Торнео Апертура ?

Комплицирано првенство
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.976
Поени од реакции
6.866
Аргентина рајот на земјата, фанатичност на терен и трибини.Ривер и Расинг се клубовите кои најмногу ми се драги.Кога се игра дерби пекол на терен и на трибини, прав фудбал не овој модерниот.
И во секој случај 101 % Анти Скопје (читај Сан Лоренцо :P).
 
Член од
1 август 2015
Мислења
411
Поени од реакции
701
Во овој формат имаат играно од 1891 до 1966 и мислам дека е нај едноставниот што може да биде со волкав број на екипи. Минатата сезона беше катастрофа иако сум за овие струмичкиов ултрас што ги спомена горе :kuracc: , не заслужено играа финале и они и Ланус. Нема да биде толку натрупано да играат утакмици секој втор ден со тоа играчиве би требало да бидат по спремни за дуелите во Либертадорес па да гледаме едно убаво финале и таму :)
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Овие на Арена Спорт одеа така?
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Аргентина рајот на земјата, фанатичност на терен и трибини.Ривер и Расинг се клубовите кои најмногу ми се драги.Кога се игра дерби пекол на терен и на трибини, прав фудбал не овој модерниот.
И во секој случај 101 % Анти Скопје (читај Сан Лоренцо :P).
И анти Бока !! ВАМОС РИВЕР !!
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.976
Поени од реакции
6.866
Темата може да биде доста интересна и од едукативен карактер, ако уште некои со мене ги засукат ракавите, па ги претставиме клубовите од Јужна Америка, не само Аргентина туку и останатите лиги.Интересни стории имат тамошните клубови, од социјални класи, политички опции, па до клубови за кои се навива на расна основа.Прво давам шанса на скопјани да го претстават својот клуб, па јас ќе скоцкам нешто повеќе за Гремио.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.976
Поени од реакции
6.866

ГРЕМИО

Историја :
Гремио е фудбалски клуб кој е лоциран во градот Порто Алегре и е основан во илинденската 1903 година.Првиот натпревар го изиграле против Фусс Балл Порто Алегре во 1904 година.Најголемата победа е 23-0 против Спортски Клуб Национал од Порто Алегре.Најзначајната победа на Гремио е против нивниот најлут ривал Интернационал во 1912 година со резултат 10-0.Прекарот на Гремио е бесмртни.

(првиот тим на Гремио од 1903, играчи исклучиво од белата раса со европско потекло)

Успеси на клубот :
Гремиот е еден од најтрофејните фудбалски клубови во Бразил.На листата на освоени трофеи се

Светски фудбалски шампион - 1983
Копа Либертадорес - 1983, 1995
Копа Судамерикана - 1996
Серија А - 1981, 1996
Куп на Бразил - 1989,1994,1997, 2001
Супер куп на Бразил - 1990
Сојузната лига - 36 титули
Порто Алегре - 26

Стадион :
Стадионот на Гремио е Арена Гремио кој е пуштен во употреба 8 Декември 2012 година, и има капацитет од 55 662 места.За негова изградба се потрошени 205 милиони евра.

Навивачи :
Тоа што го прави Гремио многу поинаков и различен од останатите клубови во Бразил се неговите навивачи.За Гремио навиваат лица кои се исклучиво од белата раса (најчесто со германско потекло) кои не ја прифаќаат бразилската култура, а дел од нив и се залагаат за независност на нивната област која е населена со доминантно бели луѓе, кои културно се многу поинакви од Бразилците.
Друго е и самиот стил на навивање, кој не е класична бразилска карневалска атмосфера, туку претставува своевиден микс од Аргентинската и Европската навивачка култура.
Интересен факт е што и покрај големиот дел од нив се борат за независност од Бразил, сепак најпознатиот навивач на бразилската фудбалска репрезентација, е навивач на Гремио.Тоа е Кловис Акоста Фернандес, кој претствуваше вистинска икона на СП, поради неговото постојано присуство на сите натпревари на Бразил.За жал тој почина 2015 година.
Гремио важи како 5 најпопуларен клуб во Бразил, има регистрирано официално 85 000 фанови, а има многу фанклубови ширум Јужна Америка, поради својот бел бекграунд.

Расистички тенденции :
Со самото тоа што за овој клуб навиваат исклучиво бели, клубот со тоа носи своја расистича тежина.Иако денес со модернизацијата на фудбалот и мал број на останати раси го прифаќат Гремио за свој клуб, сепак тие се одбивани од навивачите на Гремио, и ги нема на нивниот стадион.
Навивачите на Гремио се познати како најрасистички настроени на тло на Јужна Америка, и речиси на секој натпревар имат расистички испади кон играчите кои се со црна боја на кожата.Последен најголем испад беше во 2014 на финален наптревар против Сантос, кога постојано беше навредуван голманот на Сантос кој е црнец, со постојани мајмунски извици, и фрлање банани и пиротехника кон него.Многу често може да се забележат и паролите како White Pride, White Power, и.т.н.

Ривалство :
Најголемото ривалство им е со локалниот Интернационал, клуб од Порто Алегре за кој навиват останатите раси (вклучувајќи и бели).Нивното ривалство е едно од најголемите во Бразил.Исто така Гремио има големо ривалство и со клубовите од Сао Паоло и Рио де Жанерио.

Легенда :
Најголема легенда на Гремио и после 81 година е поранешниот голман на Гремио Еурико Лара.Tој бранел за Гремио од 1920-1935 година.Иако тешко болен, и препорачано било тој да не брани бидејќи тоа е опасно по неговиот живот, тој не ги послужал советите на докторите и бил дел од големото дерби на Порто Алегре.За врме на досуден пенал на Интернационал, неговиот брат побарал смена на неговиот брат да оди во болница.Гремио го добил натпреварот со 2-0, а поради уморот од натпреварот Лара бил задржан во болница каде што по 2 месеци борба со болеста, тој починува.Во негова чест е и посветена химната на Гремио.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Браво :bravobe: одличен текст, ајде и другите, супер е ова за тие што не пратат а сакаат да се запознаат со клубовите преку океанот.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Јас ќе пишам збор два за екипата од Аргентина со заразните мелодии на трибини од кои човек почнува да пее низ град и да мафта со рацете (јас) :pos:


Станува збор за Сан Лоренцо,учесник во првата лига на Аргентина и клуб со долга историја и многу титули.







Основан е на 1 Април во 1908 година и е во петорката на најдобри фудбалски клубови од Аргентина во друштво на Индепендиенте,Ривер,Бока и Расинг.
Најголем ривали на овој клуб кој е во формиран во едно маало во Буенос Аирес е Хуракан и нивното дерби е трето во Аргентин по јачина,после суперкласикото Ривер-Бока и дербито на Авеланеда помеѓу Индепендиенте и Расинг.

Едно од интересните факти за Сан Лоренцо е тоа што нивниот најпознач навивач е папата Франсис,кој е роден во Аргентина и уште од младите години во следел Сан Лоренцо и на домашни и на гостински натпревари.
Исто така и познатиот холивудски глумец Виго Мортенсен е поддржувач на Сан Лоренцо и тој лично учествува во собирање пари за изградба на нов стадион за Сон Лоренцо.


Исто така и интересно е тоа што името Сан Лоренцо е добиено по името на Лоренцо,кој бил католички поп во тоа маало.Ги гледал децата секој ден како играат неуморно фудбал на една од главните улици кои биле преполни со сообраќај и имало чести сообраќајни незгоди.
Не можејќи повеќе да гледа како гинат деца на улиците,се решава да им овозможи да играат во дворот на црквата,но под услов во неделите да присуствуваат на миса

На самиот почеток,кога граѓаните се собрале да го формираат клубот и да му дадат име,сите се едногласни клубот да се вика Сан Лоренцо,по католичкиот поп на што тој од почеток не прифаќа,но подоцна го прифаќа тоа име поради познатата битка за Сан Лоренцо,една од најголемите битки за независна Аргентина.
Еден од основачите предложува да се додаде и Алмагро на крајот од името поради населбата од која потекнувале сите играчи.

Поради овие факти уште и се нарекувани како “светци“

Во минатото бил најдобар аргентински клуб,ова е во 60-тите,кога без пораз го завршувале аргентинското првенство и играле против репрезентации како Шпанија и Португалија,каде што ги победиле,Барселона била фрлена на колена.
Но тек после следува голготата на фудбалскиот џин од Аргентина.За време на диктатурата во Аргентина во 1979 година тогашниот градоначалник се решава да донесе одлука да се продаде стадионот на Сан Лоренцо наводно поради преголемите долгови кои ги имал овој клуб,за подоцна да излезат на виделина задкулисни игри бидејќи се дознава дека тогашниот градоначалник на Буенос му вади пиштол на претседалот на Сан Лоренцо,заканувајќи му се по животот на неговите деца ако не го продаде стадионот.
Наводно на местото на стадионот требало да се градат куќи,што немало врска,туку се изградил супермаркетот “Керфур“ кој и ден денеска постои на тоа место.
Дури после 14 години играње по туѓи стадиони ширум Буенос Аирес и трпење на провокации од противничките навивачи,каде што и еднаш испаѓа од прва лига,Сан Лоренцо во 1993 година се преселува на новоизграден стадион кој го носи името „Nuevo Gasometro“ кое е всушност старото име,но со додаден збор...тешки времиња за паднатиот џин.


За крај неколку интересни фотографии од најпознатите навивачи на Сан Лоренцо,ќе се изненадите



 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ех сакав јас за Сан Лоренцо, вака ко долгогодишен навивач ама ме претрка. :)

Иначе едно прашање. Моментално во Гремио играат црнци, како навивачите реагираат на тоа?
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.976
Поени од реакции
6.866
Скопје обединето за Сан Лоренцо.Не знам како уште не падна некое фанклубче во Скопје кога речиси сите сте за тој клуб во Аргентина(само едно пријатлче мие за NOB).
Токму поради тоа папата и ќе дојде во Скопје, да го види градот кој е обединет за Сан Лоренцо :D:P.
Ех сакав јас за Сан Лоренцо, вака ко долгогодишен навивач ама ме претрка. :)

Иначе едно прашање. Моментално во Гремио играат црнци, како навивачите реагираат на тоа?
На почетокот имало големо негодување, но потоа голем дел од навивачите прифатиле за црни да играт во Гремио, но нивниот број да не е голем.За радикалните навивачи на Гремио тоа сеуште е неприфатливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom