Јуда...Предавник или не?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да, пат си е пат, а учење си е учење. Овие две мора да ги дистанцираш за да ја прифатиш грешката во твојот превод, во спротивно и понатака ќе си веруваш дека таму зборот пат може да се замени со учење, па како последица на тоа ќе продолжиш да носиш претендиозни погрешни заклучоци. Еве на што мислам:

„Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци“ (Дела 24:14)

Од овој стих јасно се гледа дека во таа средина христијаните ги нарекувале „Патот“, „следбеници на Патот“, едноставно нивното движење така го нарекувале - Пат.
Но, доколку во овој стих зборот „патот“ го замениш со зборот „учење“ (бидејќи според тебе тоа нема разлика), тогаш ќе го добиеш овој погрешен стих:

„Но тебе ти признавам: дека според учењето, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци“ (Дела 24:14)

Во овој погрешно преведен стих е избришано името со кое што ги нареквуале христијани и таквите како тебе лесно можат да си направат приказна дека кога Павле рекол „учењето“ тој всушност сакал да каже „назарејската секта“ - што тебе ти оди во прилог бидејќи ти фураш теза дека првите христијани така се нарекувале назарени.
Но јас сум тука, колку што ми дозволува времето, да ги разоличам тие шпекулации и да објаснам што точно пишува во Библијата за да не се збунат неупатените.

Значи, пак ќе повторам, зборот пат буквално значи пат, а не учење. Во контекст на стиховите погоре, под Пат се подразбира називот со кој што ги нарекувале христијаните во таа средина и називот со кој што се поистоветил апостол Павле (а не се поистоветил со назаренин ;)). Зошто така ги нарекувале, не е тема на муабет, ниту може да се знае со сигурност.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Да, пат си е пат, а учење си е учење. Овие две мора да ги дистанцираш за да ја прифатиш грешката во твојот превод, во спротивно и понатака ќе си веруваш дека таму зборот пат може да се замени со учење, па како последица на тоа ќе продолжиш да носиш претендиозни погрешни заклучоци. Еве на што мислам:
Мислам дека си во право

Марко 4:34
И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи кои застанаа подалеку и го поткренаа гласот, велејќи: “Исусе, Учителе, смилувај ни се!“
Лука 17:12-13

А Исус кога им се сврти и виде дека одат по Него, им рече “Што барате?“ тие Му одговорија “Раби (што значи Учителе“ каде живееш
Јован 1:38

И ете еден човек кога пристапи до Него, Му рече: Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?
Матеј 19:16

10. Во Дамаск пак имаше еден ученик по име Ананиј кому во видение Господ му рече “Ананиј!“ а тој одговори “Еве ме Господи“
Делата 9:10

Павле повеќе љуби да каже пат и патник затоа што тој не е ученик на Исуса. Тој се двои од нив како што се двои од апостолите и учениците Исусови. Тие него го отфрлија како апостол и тој не може верно да го преставува учењето Исусово. Тоа е траумата на Павл кој вели “Не сум ли јас апостол? Не сум ли слободен? ..... Ако на другите не сум им апостол, но на вас сум, бидејќи печатот на моето апостолство сте вие во господа. Прво Коринтјани 9 1-2

затоа тој и одбива да биде наречен ученик, затоа што додека Исус проповедаше, имаше свои апостоли и ученици а Павле пошто проповеда поинаков Исус тој не е ученик ниту го има учењето Исусово, тој е патник. Не сум сретнал Исус да ги нарекувал оние со себе “патници“ или некој да го нарече “водачу на патот или патоказу наш“ но називи Учителе, учење, ученици.... има насекаде по евангелијата.
Затоа Павле и одбива секаква врска со “учењето“ и “ученици“ се двои од Христовите следбеници кои го следеле и слушале.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Оф мори мајко... биди ми поздравен Let 3. Се најдобро!
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Се сеќавам оваа тема ја начнавме во средно кога ја обработувавме "Пеколот" на Данте.

Таму Јуда е прикажан во последниот деветти круг на пеколот, каде заедно со Брут и Касиј лично се измачувани од Луцифер како тројца најголеми грешници.

Е сега ова е секако литературно дело па според тоа е лична замисла на авторот. Ама еден школски другар отвори дискусија со професорката дека ова можеби се коси со христијанските верувања.

Знаеме дека Јуда подоцна се покајал за предавството на Исус па дури на крај се обесил. Значи се покајал за својот грев пред смртта. Според тоа, нели е пологично наместо во пеколот да биде во чистилиштето? Професорката тогаш се согласи дека прашањето навистина поттикнува на размислување.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Јуда е типичен пример за практикувањето на карма јога, која може да ја видите во Багавад Гита кога Кришна зборува со Арџуна дали да дејствува или не во братоубиствената војна, дали да убива или не...
А и ако добро се анализира, ќе се најде врска и со бхакти јога... но за тоа ќе оставам да пробате сами да најдете паралели помеѓу христијанството и источните учења... :coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom