Југословенските тајни служби

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Овој серијал од 10 епизоди се занимава со повеќе од 60 индивидуални случаи на ликвидација, неуспешни атентати, киднапирање, убиство во затвори, војната против герилски групи (четници, крстоносците, Феникс '72.).
Во серија учествуваат повеќе од 70 испитаници - историчари и публицисти, директни учесници на настаните.

Епизода 1
Епизода 2
Епизода 3
Епизода 4
Епизода 5
Епизода 6
Епизода 7
Епизода 8
Епизода 9
Епизода 10
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Овој серијал од 10 епизоди се занимава со повеќе од 60 индивидуални случаи на ликвидација, неуспешни атентати, киднапирање, убиство во затвори, војната против герилски групи (четници, крстоносците, Феникс '72.).
Во серија учествуваат повеќе од 70 испитаници - историчари и публицисти, директни учесници на настаните.

Епизода 1
Епизода 2
Епизода 3
Епизода 4
Епизода 5
Епизода 6
Епизода 7
Епизода 8
Епизода 9
Епизода 10
Ги фаќав на ХТВ чат пат,интересна емисија.....
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Со какви „играчки“ си играле југословенските шпиони?

Текст: Кајгана




Тајната служба на поранешна Југославија низ историјата го менуваше своето име, од ОЗНА, УДБА до ДБ и БИА, но нејзината намена секогаш остана иста. Судејќи според експонатите изложени во музејот на БИА, можеме да заклучиме дека во тоа време нејзините шпиончиња користеле прилично софистицирана опрема.
Минијатурни фотоапарати, наочари со вграден микрофон, бубици поставени во шноли, уреди за прислушкување скриени во пенкало... погледнете ги фотографиите кои прв ги објави Blic.rs:
Лабораториска опрема со вага за анализа на дрога и откривање на тајни

Прислушен уред

Опрема за откривање на прислушни уреди

Наочари со вграден микрофон

Бубица поставена во шнола

Прислушен уред скриен во пенкало

Апарат за откривање на прислушни уреди

Прислушни уреди скриени во кибрит (лево) и часовник (десно)

Магнетофон за снимање на разговори

Фотоапарати за тајно снимање скриени во торба

Минијатурен фотоапарат

Уред за далечинско прислушување

Троглед - двоглед со вграден фотоапарат

Куфер за преснимување документи
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ццццццццццццццццццццццццццццц
Од постоењето на светот постоела само југословенската тајна служба во која во ДФЈ,ФНРЈ,СФРЈ била и Македонија и сите останати ЈУ републики кои подеднакво имаат учество во неа.

Н постојат КГБ ни ЦИА ни онаа бугарската ни албанската СУГУРИМИ ни англиската ни Германската, кај кои опремата со која располагале за вршење на дејноста
за која се формирани е 90% по софистицирана отколку она во постираното со сликите.

Пример
Тајните служби „слепи на десното око“?

Цели 13 години банда десни екстремисти систематски убивала германски граѓани со странско потекло, а тајните служби и полицијата не ја откриле ни поврзаноста на деликтите, а камоли нивните сторители.

Полицијата контролира учесници на неонацистичка демонстрација од 13 ноември 2011

Германските тајни служби располагаат со доволно сознанија за десноекстремната или неонацистичка сцена во земјата. Така тие знаеле на пример уште од 1995 година дека постојат идеи за создавање терористичка мрежа. Службата за заштита на уставниот поредок од покраината Тирингија, од каде потекнува откриеното терористичко јадро, ги следела активностите на неонацистичката сцена веќе 15 години. Таа располага со 20 дебели папки доверливи податоци само за тројцата од разоткриената ќелија, на која сега и’ се товари цела серија убиства на граѓани со странско потекло и една припадничка на полицијата.

„Нашите дедовци не биле злосторници“: транспарент на неонацистичка демонстрација во Ерфурт во 1996, на која учествувал и Уве М.

Држава без тајна служба не постои.

El BohemioОвој серијал од 10 епизоди се занимава со повеќе од 60 индивидуални случаи на ликвидација, неуспешни атентати, киднапирање, убиство во затвори, војната против герилски групи (четници, крстоносците, Феникс '72.). Во серија учествуваат повеќе од 70 испитаници - историчари и публицисти, директни учесници на настаните.
Во продолжение на овој нарачан серијал

Хрватска го одбележа денот на антифашистичката борба. Од 1990. - 2000. се урнати преку илјада антифашистички споменици. „Власта го толерираше, но и поттикнуваше вандализмиот“, велат од Центарот за соочување со минатото.
Пред седумдесет и еднa година, на 22 јуни 1941. година, во шумата Брезовица кај Сисак, под заповед на Владо Јаниќ Цапо, беше формирана првата антифашистичка единици во окупираната Југославија. Хрватска денес овој настан го одбележува како Ден на антифашистичката борба. Меѓутоа, во деведесеттите години на минатиот век беше извршен обид за рехабилитација на поранешните злосторнички сили од Втората светска војна, што резултираше со уште една срамна епизода во историјата на Хрватска: од 1990. до 2000. година, oд шест илјади споменици на жртвите од антифашизмот и НОБ, беа уништени повеќе од половината.

Во тој антицивилизациски и варварски погром беа минирани и срамнети со земја споменици од антифашизмот, а нивните остатоци неретко беа продавани како „старо железо“. Многу од нив освен меморијално-комеморативна вредност имаа и големо уметничко значење, како што се делата на еден од најголемите хрватски вајари на минатиот век Војин Бакиќ. Според пишувањето на весникот, кој во меѓувреме не излегува од печат, „Ферал Трибјун“ уништени биле низа дела на Бакиќ, меѓу нив и неколкумина во неговиот роден Бјеловар и околината, како што е споменикот на Војновиќ. Овде, во 1941. година усташите убиле 195 Срби. Споменикот исчезна одеднаш, па бронзата веројатно е продадена за рециклажа. Во Опузен во 1991. година беше разнесен споменикот на овој автор за Стјепан Филиповиќ, народен херој од тој крај, кој во 1942 година бил обесен во Ваљево. „Споменикот на победата“ во западнославонска Каменска, која уметниците ја сметаа за ремек дело е уште еден споменик на листата на оние кои се минирани, и делови од него најверојатно завршија на рециклажа.
Монументалниот 37 метри висок споменик на Бакиќ за цивилните жртви и партизаните во Петрова Гора, всушност цел меморијален комплекс ,веќе две децении е препуштен на уништување и бавно пропаѓање.

Проблематичен спој на усташтвото и хрватството

„На почетокот на деведесеттите, од страна на властите молчејќи се толерираше, но и се поттикнуваше вандализам. Во контекст на подготовките за војна дојде до национална хомогенизација на тоа отфрлање на вредностите на антифашизмот. Прво се создаде простор за одбрана на татковината, а потоа усташтвото стана легитимен избор. НОБ, која е длабоко патриотска борба за татковината, се изедначи со југословенството, а како се отфрлуваше Југославија, што во моментите на разорување на Вуковар е разбирливо, дојде до многу проблематичен спој на усташтвото со хрватството. Потсетувам тогаш јавно се дискутираше дека некои злосторства се прифатливи, а идејата за ’размена на население’, другиот термин за етничко чистење, беше поздравена и од Слободан Милошевиќ и од Фрањо Туѓман“, истакнува Весна Тершелиќ, шефица на Центарот за соочување со минатото - Документа.

По 2000. година започна бавниот процес на обнова на некои споменици, но Тершелиќ нагласува дека за секој споменик потребна е упорна борба од неколку ангажирани лица. Вели дека нема точни податоци, но според информациите со кои располага, не се обновени ни стотина споменици, односно околу три отсто. Меѓу нив е и споменикот за востанието во Срб, уништен во 1995. година за време на операцијата „Бура“.
Историчарот Вјеран Павлаковиќ во интервју во неделникот „Новости“ предупредува дека иако поголемиот број споменици ги уништи хрватската страна, споменици уривале и властите на т.н. Република Српска Краина, бидејќи не им одговараше приказната за заедничка борба на Хрватите и Србите. Така страдаше споменикот на народниот херој Марко Орешковиќ во Кореница.
„Не сакам да кажам дека треба да се обноват сите споменици и разбирам дека постои потреба за критичка евалуација. Но не се прави ни приближно толку колку би требало и потребни се многу поголеми напори. Хрватска треба да се соочи и да изработи топографија на злосторството во три клучни периоди: од 1941. до 1945., потоа во повоените години и конечно од 1991. дo 1995., што ја вклучува и расправата за насилството над тие споменици, а не само козметичка корекција“, заклучува Тершелиќ.
Јурај Хржењак, активен учесник во НОБ и еден од авторите на монографијата „Уривање на антифашистичките споменици во Хрватска 1990. – 2000.“ вели дека се попишани вкупно 2.964 уништени или оскрнавени споменици, бисти и масовни гробници. „Треба да се додадат уште околу петстотини спомен обележја кои не можевме да ги попишеме, оти во тие општини на власт беше крајната десница, на нашите борци кои сакаат да ги забележат им се закануваа дури и со смрт. Вкупниот број така би бил околу триипол илјади настрадани споменици, а околу 2.600 кои не се урнати. Повеќето од нив се наоѓаат на Истра, Приморје, Загорје и Меѓуморје“ истакнува стариот борец.

И што сака да каже ХРТ со тој серијал во кој и самата Хрватска е учесник. Зошто не направи таков за злочините на усташтвото, фашизмот, степинизмот, Јасеновац пречекот на германците во хрватска на почетокот на втората светска војна.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
ццццццццццццццццццццццццццццц
Од постоењето на светот постоела само југословенската тајна служба во која во ДФЈ,ФНРЈ,СФРЈ била и Македонија и сите останати ЈУ републики кои подеднакво имаат учество во неа.

Н постојат КГБ ни ЦИА ни онаа бугарската ни албанската СУГУРИМИ ни англиската ни Германската, кај кои опремата со која располагале за вршење на дејноста
за која се формирани е 90% по софистицирана отколку она во постираното со сликите.
УДБ-а и КОС биле помоќни од било која друга служба на Балканов и имаат вршено политички хајки. ХРТ само ги покажува историските факти кои беа прикривани. Злосторствата на усташите ни се добро познати на сите. УДБ-а беше мистерија до скоро.
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
ЈНА била ѕверска армија а со тоа и нејзините тајни служби. Цел свет може да учи од ЈНА и нејзиното функционирање.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
УДБ-а и КОС биле помоќни од било која друга служба на Балканов и имаат вршено политички хајки. ХРТ само ги покажува историските факти кои беа прикривани. Злосторствата на усташите ни се добро познати на сите. УДБ-а беше мистерија до скоро.
Албанската тајна служба во акција да го забрани македонскиот јазик

Официјални државни органи на Албанија добија препорака да го спречат изведувањето курсеви по македонски јазик организирани од невладина организација во Голо Брдо


Министерството за образование на Албанија, користејќи информации на албанската тајна служба (ШИШ), тргна во акција да го забрани изучувањето на македонскиот јазик во Голо Брдо поради „прекршување на законите“. Ова го пишува во писмото на еден функционер во Министерството за образование на Албанија во кое се бара прекинување на курсевите по македонски јазик што редовно се изведуваат во неколку училишта во општините Требиште и Острени во областа Голо Брдо.

На јавноста во Албанија се‘ уште и‘ се непознати безбројни злосторства на диктаторскиот режим, зашто и натаму се скриени во документациите на тајните служби. Во Албанија се‘ уште не донесен закон за лустрација каков што имаат речиси сите други посткомунистички држави. Тој закон, меѓу другото, овозможува и пристап до документите на тајните служби. Така може да се докаже дали и на кој начин актуелен функционер учествувал во злоделата.


„Македонски глас“ запленет од бугарските тајни служби

2 Февруари 2011
Припадниците на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) упаднале во печатницата „Иранк-М“ во Благоевград, го привеле сопственикот Стојан Николов Михајлов и го зеле целиот тираж на тукушто испечатениот весник „Македонски глас“, а за своите активности не оставиле никаков пишан документ, ниту до денес дале образложение која е причината за акцијата.



* Тошо Тошев, главниот и одговорен уредник на популарниот весник „Труд“ во сопственост на германскиот издавач „ВАЦ“ со години за комунистичката тајна служба држел стан во кој биле изведувани конспиративни активности. И Валери Најденов, поранешен главен и одговорен уредник на вториот весник во сопственост на „ВАЦ“ -„24 часа“ патувал во странство како „информатор“ на тајната служба. Тоа се само две имиња од долгата листа новинари од печатените медиуми, кои пред падот на комунизот во Бугарија во 1989 година соработувале со злогласната тајна служба. Во неа се спомнуваат и многу високи функционери во Бугарското здружение на новинари, познати коментатори и колумнисти.

General CentarЈНА била ѕверска армија а со тоа и нејзините тајни служби. Цел свет може да учи од ЈНА и нејзиното функционирање.
Во оваа армија ... џенерале дете...треба да бидеш џенерал за да ја преусмериш во хуманитарна армија.
Само кога пораснеш и прдне хитлер цар борис и мрсолини

Тајни служби има во секој систем на управување на држава. Имало, има и ќе има. Таа служба никогаш нема да се искорени а се претпоставува дека се поинтензивирани од порано.

И не плескај детски глупости.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Gevara, што е поентава сега?

Дека тајните служби на сите соседи тераат националистичка политика кон Македонија и Македонците ли?
Е "добро утро"...

Тоа како го поништува или намалува она што го правеа југословенските тајни служби, особено во првите 20 години после крајот на ВСВ..?!?
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Gevara, што е поентава сега?

Дека тајните служби на сите соседи тераат националистичка политика кон Македонија и Македонците ли?
Е "добро утро"...
E... добар ден ЧЕНТО.
Националистичката политика во другите околу нас земји е присутна во одредени нивни служби за македонското малцинство кое живее во тие земји тоа може да се прочита о во весници и електронски медии, што е чудно тука.

Поентата е, појдувајќи од самиот наслов на темата за тајните служби кои се присутни не само во како што стално се потенцира дека постоела тајна служба во ЈУ и сензационалистички се постираат фотографии за демек прислушни технички средства. Таква служба постоела и во СХС и после 1945 година и тоа никој не го негира па ниту јас го негирам.

Но интересно е како се забораваат тајните служби ај да се фокусираме само на балканот во Албанија, Маџарска, Грција и Бугарија.

Може да се најде на интернет со какви технички средства и остручен човечки потенцијал имале и имаат тие земји со далеку по совршена опрема, располагале и располагаат со пософистицирана техничка опрема.

Такви служби постојат во скоро секоја држава на светот само што ете интересна е Југословенската во која биле учесници сите републички служби на ЈУ.

Може да се се најде, а во смисол на твоето ("Дека тајните служби на сите соседи тераат националистичка политика кон Македонија и Македонците ли?") колку тие нивни служби биле активни во онеспособувањето на македонците кои живееле и живеат таму во однос на шпијунирањето за нивното однесување и негирањето на нивното битие и колку од нив го искусиле нивниот престој во тамошните затвори од кои некои не излегле а можеби и сеуште се таму.

Тоа како го поништува или намалува она што го правеа југословенските тајни служби, особено во првите 20 години после крајот на ВСВ..?!?
Не е работата да го поништува и намалува но проценката и заклучокот за се што се случувало после ВСВ е тешко да се дефинира заради тоа што се до конечното внатрешно смирување и стабилизирање на тогашната ЈУ федерација во која имало остатоци на разно разни кео какви и странски и домашни непријатели било тешко, вклучувајќи ги тука остатоците на усташкиот покрет, четничкиот, сталинизмот, белокошуљашите бугарски, врховистите, итн.


Албанската тајна служба со нова техника за прислушување.

И на крајот со заклучок дека секоја агенција за обезбедување и следење во сегашно време располага со опрема за прислушкување, а правиме муабет за државна тајна служба :pos:

Еве една таква:

БУБИЦА ШПИОН ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ Едноставна,практична,сигурна и ефтина бубица со која ке прислушувате простории (подруми,дворови,тераси,гаражи) или разговори (бебиња,деца,стари,болни,инвалиди,важни разговори) а ке слушате на фрекфенција на радио,мобилен,магнетофон,компјутер со можност да...


АПАРАТИ ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ СЕ ПРОДАВААТ ПРЕКУ ОГЛАСИ
Сопружници од љубомора стануваат шпиони
Таканаречените шпион-буби, кои се продаваат по цена од 150 до 250 денари, често ги купуваат граѓани што се сомневаат дека брачниот партнер ги изневерува :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom