Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.053
- Поени од реакции
- 17.739
На повидок е еден од поконтроверзните, а и за волја на вистината еден од помалку убавите натпревари во последните 2 сезони меѓу Јувентус и Милан. Убавиот фудбал едноставно го нема во последно време кога се среќаваат овие два тима, па повеќе место имаше за кроење заговори и дискутирање судиски одлуки, кои често беа клучни. Сепак, да го оставиме тоа зад нас и да фокусот да го поместиме кон фудбалот и играта.
Ова ќе биде вкупно натпревар бр.170 во меѓусебните дуели во сите конкуренции, а натпревар бр. 165 во италјанската лига, каде што Јувентус има 59 победи, Милан 50, а 55 натпревари завршиле нерешено. На претходните 82 натпревари во Торино, Јуветус славел 39 пати, 21 нерешено и 22 победи на Милан.
Јувентус во своите редови има проблеми со повредени играчи, кои се Касерес и Пепе веќе подолго време, додека на таа листа се додадоа Вучинич и Лихштајнер кој сигурно нема да настапат на натпреварот. Тевез и Маркизио не се во најдобра физичка подготвеност и двајцата се враќаат после повреди.
Се разбира кај Милан најголемо отсуство ќе биде Марио Балотели кој сеуште ја отслужува казната од 3 натпревари поради навреда кон главниот судија Лука Банти на натпреварот меѓу Милан и Наполи. На листата на повредени на Милан се наоѓа подолго време веќе Џампаоло Пацини, а ќе отсуствува и Кака кој е повратник во составот на Росонерите. Де Шиљо Бонера се останатите повредени, а неизвесни се Ел Шарави кој има мали шанси да настапи, додека не се знае ситуацијата со Бирса кој заработи мала повреда пред натпреварот со Ајакс.
Главен судија ќе биде Џанлука Роки кој го има на двапати судено овој натпревар, а помошници ќе му бидат Џалатини и Падован, а зад головите Банти и Киампи.