Јувентус - Интер (Derby d' Italia) 18.04.2009 20.30 ч.

Кој ќе победи во дербито помеѓу Јувентус и Интер?

  • Јувентус

    Гласови: 63 48,8%
  • Интер

    Гласови: 45 34,9%
  • Нерешено

    Гласови: 21 16,3%

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Вториот меч оваа сезона помеѓу Јувентус и Интер ќе се одигра на 18.04.2009 година, во сабота вечер на олимпискиот стадион во Торино со капацитет од 27.500 гледачи.



Тоа ќе биде меч на првопласираниот тим во Италија, Интер, и второпласираниот на табелата, Јувентус. Во моментот Интер има 73 бода на првенствената табела, додека Јувентус има 63. И едниот и другиот тим се соочуваат со неколку проблеми во однос на составот. Кај Јувентус дефинитивно ќе ги нема Мохамед Сисоко, Хасан Салихамиџич и Мауро Г. Каморанеси. Неизвесни се Амаури, Кристијано Занети, Алекс Манингер. Додека на другата страна кај Интер дефинитивно нема да ги има Маикон и Адриано, додека Цезар останува неизвесен.
Пред само неколку месеци, доколку само малку погледнеме наназад ќе видиме дека работите изгледаа сосем поинаку. Интер и Јувентус беа со доста помала разлика на табелата, двата тима играа во осминафиналето од лигата на шампионите и исто така со големи шанси да се сретнат во финалето на лига купот на Италија. Но денес работите изгледаат сосема различно. Денес Интер се наоѓа 10 бодови пред Јувентус, на само 7 кола до крајот на сезоната. Денес и двата тима се веќе отпаднати од лигата на шампионите. Исто така и доста се мали шансите да се сретнат во финалето на купот на Италија после поразот на Интер од 0-3 на првата утакмица со Сампдорија. Апетитите на двата клуба се доста големи, очекувањата исто така, но сепак гледајќи ја моменталната ситуација и двата тима можат успешно да ја завршат сезоната, односно да ја завршат со по еден трофеј во своите витрини.
Што е она што им недостига на двата клуба? Сите знаат дека навивачите на Интер веќе долго ја посакуваат титулата во лигата на шампионите и иако оваа сезона тоа им беше примарна цел ќе мора да се задоволат со Скудетото. Но нивниот тренер веќе најави дека му требаат неколку фудбалери за тимот да биде комплетен и далеку поконкурентен на меѓународната сцена.
Што имаме на другата страна? Доста анализи видовме во текот на оваа сезона за тоа што е она што му треба на Јувентус. Секако дека нив ќе им треба еден добар фудбалер од средината после заминувањето на Недвед на крајот од оваа сезона. Исто така и неколку фудбалери во одбраната, па не се исклучува нити подмладување на нападот. Најголемата загатка кај нив е тренерот. Голем дел од јавноста како и фановите на Јуве не се согласуваат дека Раниери треба и понатаму да остане во Јувентус. Упрвата излезе со соопштение во кое потврдува дека тој и следната сезона ќе биде тренер на старата дама. Но едно треба да не заборавиме! Минатата сезона Морати не само што даде изјава дека Манчини ќе остане и оваа сезона во Интер, туку тој и му го продолжи договорот за 4 години, за веднаш на крајот од истата да му даде отказ. Дали управата на Јувентус ќе остане доследна на соопштението или ќе има нов тренер на Јувентус останува да видиме во овој летен трансфер период.
Вкупно овие два тима имаат одиграно 209 натпревари помеѓу себе. Јувентус има 93 победи, Интер победил на 65 натпревари, додека 51 средба завршила нерешено. Најдобар стрелец кај екипата на Интер е Златан Ибрахимович кој воедно е и водечки стрелец во лигата со 20 погодоци, додека кај Јувентус тоа е Амаури кој во лигата има дадено 12 голови. Исто така треба да се издвои и Дел Пиеро кој има постигнато 10 голови и 8 асистенции на своето конто.
Првата утакмица оваа сезона заврши со резултат 1-0 за Интер.
Нека победи подобриот! :smir:

П.С. Анализата на досегашната сезона е мое сопствено видување, не мора да се согласувате со истото.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Јеееееееее! Нека победи подобриот (се надевам интер) :helou:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
После двата кикса на Јувентус, мислам дека ова нема да биде исто така, иаку навивам за Јуве, мислам дека МОРАТ да победат. А од друга страна Интер си е поблиску до скудето, пак они исто така ке бркаат победа со која ке им го обезбеди скудето 100%, и ке можат да си слават. Навистина ке биде многу интересно, се надевам јас победа на Јуве, али ке кажам ферски ''НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ''.

Ајде ке има доста дискусии низ темава.
 
I

InF3cTeD

Гостин
гласав за Јувентус оти некако Интер не ми се свиѓа каков фудбал играат а и Мурињо со неговите постапки ме наведува на тоа...така да на дербиво сум за Јувентус
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Очекувам тежок меч,па нека победи подобриот :)
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Како анти Интер,типувам на Јувентус. :helou:
А и да загуби Интер,Јувентус е далеку од титулата,така да Интер може само услуга на Милан да му направи. :wink:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Jaс типувам на Јуве..Мислам дека ќе успеат да победат!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Се знае после 32-ото коло пингвините од Торино ќе се групираат оти температурата ќе биде -13
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Според мене ова утакмица би ја типувал Х точен резултат 2-2:helou:
 

Krkiroma

NOMEN EST OMEN
Член од
30 декември 2008
Мислења
736
Поени од реакции
22
Ќе биде интересно дерби во секој случај, дерби за престиж, но мислам дека како и да испадне резултатот нема да промени многу работи. Сепак мој тип нерешено.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Слатка би била победата во Торино, а реално гледано не сме далеку од тоа. Јес да Јубе игра добро дома и ривалитетот помеѓу двете екипи е екстремен сепак мислам дека Интер има подобар тим и подобар стратег кои би требало да ја донесат победата и да ја осигураат четвртата титула во низа во Италија.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.277
Поени од реакции
45.681
Мислам дека Јуве ќе тепа, мора да се стопи предност и да се внесе малце возбуда до крај, не дека не е готово одамна ама премонотонија ќе биде ако Интер тепа.
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Или ќе победи Јуве или ќе биде нерешено:):)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom