Јонуз Муслиу: „Прешевската Долина ќе ја присоединиме кон Kосово“

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Интересно, нова криза на повидок.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------
Јонуз Муслиу, лидер на албанското Движење за демократски прогрес
Прешевската Долина ќе ја присоединиме кон Kосово

Формирањето на асоцијацијата на албанските општини Прешево, Бујановац и Медвеѓе на југот на Србија не значи ништо, но ние за тоа нема да зборуваме преку нишан, порача вчера претседателот на српското координативно тело за овие општини, Зоран Станковиќ. Тој реагира на завчерашната одлука на група одборници-Албанци од овие три општини, кои на собирот во Прешево во саботата донеле одлука со која прокламирале дека целта на асоцијацијата е да се добијат истите права како што ги има Заедница на српските општини на Kосово.

- Ова засега не значи ништо. Тоа само го предизвика она што и беше целта - одредена возбуденост кај луѓето во тие општини и меѓу другите жители на Србија. Тие општини може да сметат на права гарантирани со Уставот и законите на Србија, како и со Меѓународната конвенција за националните малцинства. Тоа е рамката во која може да се движат. Во Брисел не се разговараше за прашањето на Албанците од југот на Србија. Има некои законски одредби за кои може да се разговара, но не преку нишан – нагласи во реакцијата Станковиќ додавајќи дека не можат да се прават паралели со положбата на Србите во Kосово.

Овие три општини се наоѓаат во непосреден граничен појас со Република Македонија, а последниве години во нив има постојани политички тензии поради декларираните политички намери од албанскиот политички блок за нивното обединување со Kосово.

Одлуката за здружувањето ја донеле одборници - претставници од пет политички партии на Албанците, кои дејствуваат во овој пограничен регион. На средбата не присуствува одборници од општина Медвеѓе, ниту претставници од две политички партии кои дејствуваат тука. Одлуката е донесена со мнозинство гласови на 68 одборници.

Јонуз Муслиу, лидер на албанското Движење за демократски прогрес, не криеше дека главната цел на ова здружување е нивното присоединување кон Kосово.

- Ова е продолжение на барањата на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе од референдумот во 1992 година за подобрување на нивната положба и за присоединување на Kосово. Европа не треба да има двојни стандарди – поинакви за Србите во Kосово, поинакви за Албанците во Прешевската Долина. Ова е продолжение на нашите поранешни барања од спогодбата од Kончуљ во 2001 година и од декларацијата од 2006 година. Зошто ова да не е во согласност со правниот систем на Србија - нагласи Муслиу додавајќи дека сега ги сакаат правата во областа на судството, полицијата, здравството.

Сличен став изрече и Рагми Мустафа, претседател на општина Прешево:

- Ова е нормално, пропорционално и реципрочно. Ако, од една страна, се применуваат стандардите за повисок степен на косовските Срби, зошто тоа да не важи и за Албанците од Прешевската Долина.

Градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи, запрашан за поддршката што може да ја имаат од функционери од Kосово, Македонија и од Албанија, изјави дека имале разговори со политичките субјекти во трите земји.

Одлуката е донесена без претходно изјаснување на секоја од општините одделно. Собирот го бојкотира Партијата за демократско дејствување, која во српскиот парламент има двајца пратеници. Лидерот на ова партијата Риза Халими ја осуди несериозноста на оваа организација, велејќи дека овој потег е преземен само за добивање политички поени.

- Оваа активност е легитимна, но не е добро изготвена - рече Риза Халими, претседател на ПДД. Прешево има над 80 отсто невработеност. Затоа е толкавото незадоволство. Градоначалникот го направи ваквиот гест за овој проблем да го стави во сенка за да го покрие предупредувачкиот протест на 18 септември - рече Халими.

Српскиот Закон за локалната самоуправа дозволува формирање асоцијација на општините во Србија заради задоволување на заедничките интереси.

Злоупотреба на Националниот совет

Претседателот на собранискиот Одбор за човекови и малцински права, Мехо Омеровиќ, изјави дека некои од политичките партии бараат положба каква нема ниту едно друго национално малцинство во Србија.

- Тоа го прават преку Националниот совет на Албанците и ја злоупотребуваат оваа институција. Никаде во надлежностите на Советот на пишува дека се занимава со прашањата што навлегуваат во територијална организација на државата и поврзување по национална основа - нагласи Омеровиќ.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Толкав степен на невработеност, за разумен ум секогаш криза е на повидок.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Ахх, тема во која му го :pusigo: на тато ви, во други вести небото е сеуште плаво.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Луѓе, знаете дека имаме тема за Поландбол стрипчиња, нели? :D
Охооо па тек сеа гледам.А година и пол сум админ на поландбол страница.Гледам има и една од моите цртежи :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom