Еве уште малку за јајцето и паганизмот..ова го копирав од утрински..Корисно е да се знае.
Низ времето јајцето било вклучувано во најразлични обреди – се ставало во темелот на куќата за да го избрка злото, Римјанките верувале дека со помош на јајцето може да се одреди полот на нероденото бебе, додека, пак, Французинките застанувале на јајце пред да го минат прагот на својот нов дом. Римјаните, Кинезите и Египќаните го сметале како симбол на вселената, а меѓу бројните теории за настанувањето на Земјата се наоѓа и онаа која тврди дека излегла од едно големо јајце.
Христијанството не воведува некои големи промени, јајцето и понатаму е предмет што се почитува, но повеќе не симболизира повторно раѓање на природата, туку на човекот.
Во текот од великденските празници, по телевизиите се вртат објаснувања од православните свештеници за тоа дека јајцето, и тоа САМО црвено обоено, има повеќеслојна симболика. Од објаснувањата досега би трбало да биде јасно која е таа симблоика: гробот Христов, крвта Христова, воскресението Христово од гробот, создавањето нов живот и сл.
Тоа што јајцето е користено и од паганските народи, не треба по автоматизам да значи дека и православните се пагани. Патем кажано, црвено обоено јајце, за прв пат е употребено од мајката Божја, која го подарила на еден од тогашните римски властодржци, после Христовото ВОСКРЕСЕНИЕ (не би можел да се сетам на името). За споредба, за да не испадне дека православните се пагани, би го посочил и следниот пример:
во античкото римско царство, сите тешки багабонти биле распнувани на крст и поставуван на ЈАВНИ/главни патишта, кон и од влезовите во тогашните обградени градови. Така распнат, багабонтот трпи и телесни болки но и исмејување од патнците упатени кон и од градовите. А каде беше распнат Христос? На КРСТ! Така, крстот од симбол на срамот , Христос го претвора во симбол/значка за победа над смррта кај раната Црква!
И уште една работа; во истиот тој Рим, раните христијани биле осудувани од своите сонародници со обвиненитео дека се пагани! А зашто? Затоа што раните христијани го прифатиле денот недела, денот на Христовото воскресение, за свој празник. А денот недела , „сандеј„ за римските идолопоклоници бил денот на Сонцето, значи бил пагански празник, кој иститие тие пагански римјани го поистоветувале со неделата, славена од раните христијани. Да, велат христијаните, и ние го славиме денот на Сонцето, ама Христос е нашето Сонце!
Така, она кое некогаш били паганско, не значи дека е нехристијанско...